Контакт

Забава

Научниците откриле ген задолжен за затајувањето на срцето кај младите

Објавено пред

Холандските научници од Медицинскиот центар во Амстердам откриле ген одговорен за ненадејното затајување на срцето кај младите луѓе

Холандските научници од Медицинскиот центар во Амстердам откриле ген одговорен за ненадејното затајување на срцето кај младите луѓе.

Резултатите од истражувањето се објавени на интернет страните на американското стручно списание Американ Џурнал. Научниците појаснуваат дека во текот на истражувањата се фокусирале на идиопатската фибрилација на вентрикулите, досега необјасниво пореметување на срцевиот ритам.

Лицата што патат од ова пореметување чувствуваат ненадејни брзи контракции на срцевиот мускул, што го блокира редовното функционирање на срцето, односно полнењето на клетките што резултира со срцев удар за кусо време.

Ако пореметувањето остане незабележано и не се лечи, мозокот пати од недостаток на кислород и настапува ненадејна смрт.

Четвртина од лицата што боледуваат од овој облик на наследно генетско пореметување често умираат пред навршените 50 години. Научниците утврдиле дека за пореметувањето е одговорен фрагментот ДНК на хромозомот 7q36.

Кај носителите на овој ген можноста за пренос на потомството е дури 60%. Но со оглед дека научниците го идентификувале генот, на лицата што го имаат ќе може да им се имплантира мал електронски дефибрилатор. Значи, ако дојде до застој на срцето, автоматски ќе реагира електронскиот што ќе ги запре вентрукуларните контракции. /макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шарлота ja наследи љубовта кон коњите од својата прабаба, за Божик сака пони

Објавено пред

Принцезата Шарлота (4), ќерка на принцот Вилијам (37) и Кетрин (37), војвотката од Кембриџ, е голем љубител на коњи, страст што ја наследи од својата прабаба, кралицата Елизабета (93). Според близок пријател на славната кралска двојка, четиригодишната принцеза сака пони како божикен подарок.

Нејзината прабаба кога имала четири години добила шетландско пони наречено Пеги, но не ѝ било дозволено да го јава сè додека не наполнила шест години.

Принцот Вилијам не е сигурен дека ќе ѝ ја исполни божикната желба на својата ќерка бидејќи смета дека таа е премала за да има сопствено пони.

Нејзиниот постар брат, принцот Џорџ (6), е голем љубител на спортови, па наводно на родителите им побарал пинг-понг и нов тениски рекет.

„И Шарлота и Кетрин ќе добијат сетови за готвење затоа што сакаат да прават хаос во кујната“, вели пријателот.

Прикажи повеќе...

Забава

Шарлиз Терон: Годинава ниту една жена режисер не е номинирана за „Златен глобус“

Објавено пред

Само неколку часа по номинацијата за „Златен глобус“ за новиот филм Bombshell, актерката Шарлиз Терон говореше за тоа дека годинава не биле номинирани жени режисери.

Холивудското здружение на странски медиуми, кое всушност ги доделува „Златните глобуси“, досега има номинирано само пет филмски режисерки – Барбра Стрејсенд (Yentl), Џејн Кампион (The Piano), Софија Копола (Lost in Translation), Кетрин Бигелоу (Hurt Locker, Zero Dark Thirty) и Ава Дувернај (Selma), а Стрејсенд е единствената жена што освоила „Златен глобус“ за најдобра режија.

Иако многумина годинава ја сметаа за добра за жените режисери, Терон во интервју за „Лос Анџелес тајмс“ открива дека навистина е тешко да не се види ниту една жена режисер номинирана оваа година.

„Мислам дека навистина е фрустрирачки имајќи предвид дека жените режисери само се обидуваат да го зголемат својот број“, додаде таа. Тие претставуваат 10 отсто од режисерите во индустријата и кога имате добра година, како што беше оваа со толку многу работа, тоа е неверојатно фрустрирачки“, додаде таа.

„Навистина е тешко и неправедно и токму поради тоа, не треба да ја прекинеме битката. Ние мора да правиме врева сè додека не нè чујат и не ги препознаат овие приказни“, рече Терон.

Таа зборува и за новиот филм Bombshell, кој се фокусира на жените во „Фокс њуз“ – Мегин Кели (Терон) и Гретчен Карлсон (Никол Кидман) – кои јавно проговорија против вознемирувањето на претседателот на „Фокс њуз’, Роџер Ејлс. Во филмот жртвите на омразениот медиумски могул го возвраќаат ударот.

Филмот во кој глуми Терон ја открива внатрешноста на најмоќната и контроверзна медиумска империја на сите времиња и истовремено е експлозивна приказна за жените што го срушија озлогласениот маж, кој, всушност, ја создал оваа империја.

И покрај тоа што приказната се фокусира на три силни жени, филмот е во режија на Џеј Роуч, а го напиша Чарлс Рандолф. Терон беше запрашана зошто го поддржала него, а во исто време се залага за повеќе можности за жените, на што таа одговори: „Фактот дека треба да има повеќе можности за жените не мора нужно да ја негира умешноста на мажите“.

Иако смета дека жените заслужуваат повеќе можности, таа не чувствува дека жените се единствените што може да пишуваат женски приказни, а мажите може да пишуваат само машки приказни.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Мари Фредриксон, пејачката од групата „Роксет“

Објавено пред

Пејчката на групата „Роксет“, Мари Фредриксон, почина на 61 година, потврди нејзиниот менаџер. Шведската музичка ѕвезда постигна глобален успех во 90-тите години со своите хитови, како што се The look и It must have been love.

Таа починала вчера по 17-годишната битка со ракот, се наведува во соопштението.

„Беше прекрасна пријателка изминативе 40 години. Работите никогаш нема да бидат исти“, порача нејзиниот пријател од бендот, Пер Гесл.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија8 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет10 часа

Писателот Хандке ја прими Нобеловата награда, додека пред зградата во Стокхолм се одржуваа протести

Австрискиот писател Питер Хандке вечерва ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот...

Свет10 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион11 час

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија14 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија15 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија17 часа

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија17 часа

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија17 часа

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија17 часа

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија17 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет18 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет18 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет18 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет20 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион1 ден

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ1 ден

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија1 ден

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Досие