Контакт

Забава

“Час на Земјата“ – 28 март – угаснете ги светлата еден час

Објавено пред

Акцијата “Час на Земјата“ во тек на која во градовите ќе се угасат светлата на еден час со цел борба против климатските промени

Акцијата “Час на Земјата“ во тек на која во градовите ќе се угасат светлата на еден час со цел борба против климатските промени, годинава е предвидена да се одржи на 28 март од 20.30 до 21.30 часот по локално време во сите земји, објави Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).

Според WWF, во 2008 година, околу 50 милиони луѓе во повеќе од 370 градови во 35 земји учествуваа во таа акција.

Во 2009 година пресудна за климата, задачата е да се привлечат околу милијарда луѓе, додава WWF во соопштението објавено во среда.

Идејата за “час на планетата“ е родена во Сиднеј во 2007 година, по иницијативата која во Франција ја покренаа еколошки здруженија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Таа е најдобра“, Адам Сендлер за Џенифер Анистон

Објавено пред

Џенифер Анистон го искористи еден од најголемите моменти во својата кареира да му оддаде почит на добриот пријател и колега Адам Сендлер.

А 53-годишниот актер на слаткиот повик на пријателката одговори на еднакво симпатичен начин, пишува британски Дејли меил.

Џенифер Анистон, која што беше прогласена за најдобра актерка во категоријата Драма на доделувањето на филмски награди „САГ“ во неделата вечерта, својот говор го заврши со пофални зборови за Сендлер.

Ѕвездата на Били Медисон, Адам Сендлер, не заработи номинација на овој настан, ниту пак од Академијата….која минатата недела ги објави номинациите за престижната награда Оскар иако неговиот настап во Uncut Gems доби одлични оценки од критичарите.

Џенифер својот говор го заврши велејќи: „Твојата изведба е извонредна, а твојата  магија е реална. Те сакам, пријателе.“

Адам брзо реагираше на зборовите на својата пријателка, и на Твитер напиша: „Честитки за големата Џен Анистон за нејзината награда САГ, таа едноставно е најдобра.“

Анистон доби признание за нејзината работа во The Morning Show, а таа се чинеше многу изненадена додека се обраќаше пред публиката на 26-та годишна манифестација што се одржа во Лос Анџелес во неделата вечер.

Поранешната ѕвезда на „Пријатели“ се соочи со тешка конкуренција во категоријата, бидејќи таа триумфираше над Хелена Бонам Картер („Круната“), Оливија Колман („Круната“), Xоди Комер („Убивајќи ја Ева“) и Елизабет Мос („Приказна за слугинката“).

Партнерството Анистон-Сандлер е успешно имајќи предвид дека нивниот филм Murder Mystery заработи најмногу стримови на Нетфликс минатата година.

Комедијата во која главните улоги ги толкуваат Анистон и Сендлер, со 73 милиони прегледи се најде на врвот на листата на Нетфликс за најгледани наслови во 2019 година. Филмот го урна рекордот на гледаност на стриминг-сервисот во првите три дена од прикажувањето.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Анистон, Јохансон, Лопез и Терон најдобро облечени на SAG Awards

Објавено пред

Годинешната 26-та по ред церемонија на доделување филмски награди SAG (Screen Actors Guild) ги собра најголемите ѕвезди на Холивуд за да ги прослават најдобрите филмови и ТВ-емисии на годината.

А Џенифер Анистон се погрижи сите погледи да бидат вперни во неа додека чекореше по црвениот тепих во бел, свилен тесно прилепен фустан на настанот што се одржа во Шрајн аудиториум, Лос Анџелес, во неделата попладне.

Светските таблоиди пишуваат дека Анистон заедно со Скарлет Јохансон, Џенифер Лопез и Шарлиз Терон беа најдобро облечени ѕвезди на свеченото доделување филмски награди.

Анистон жешко бела во винтиџ фустан, креација на Џон Галиајно за Диор (Dior by John Galliano) со асимтерично деколте.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

Анџелина сè послаба, има 45 килограми

Објавено пред

Поранешнaта брачна двојка Анџелина Џоли (44) и Бред Пит (56) со години се борат за старателство над децата, што влијаеше врз нивното здравје, особено на актерката.

Иако Џоли со години е прогласувана за најзгодна жена во светот, од ден на ден холивудската ѕвезда станува сè послаба.

„Анџелина одвај има 45 килограми. Ова се должи на кавгата за старателството над децата. Таа има проблем со апетитот поради стрес и затоа ја губи тежината“, изјавил близок пријател на актерката за „Мирор“. Наводно, Енџи живее само од овошје, малку протеини и големи количини кафе за да ја одржи својата енергија.

Актерката, според британските медиуми, сака да го напушти Холивуд со своите деца, но Бред тоа не го дозволува. Актерката наводно се обидела да се пресели со своите деца во Европа, но Бред ја спречил затоа што тогаш не би можел да поминува доволно време со нив.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија1 час

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет2 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија3 часа

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија5 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија5 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ5 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет6 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет7 часа

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија7 часа

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет7 часа

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет18 часа

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет18 часа

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Забава20 часа

Кина: Новиот вирус може да се контролира, но изворот не е познат

Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека епидемијата на нов вид на коронавирус може да се контролира, објави Ројтерс.Комисијата се...

Регион22 часа

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди денеска Албанија.Епицентарот на земјотресот е на 64 километри северо-источно од Тирана.         ...

Свет23 часа

Иранците ги враќаат телата на жртвите од паднатиот авион, но не и црните кутии

Телата на 11 украински државјани коишто загинаа при падот на авионот кај Техеран  се  пренесени од Иран во Киев, но...

Македонија1 ден

(Видео) Скопјанецот Кристијан Ниневски исто како лани прв дојде до крстот во водите на Вардар

Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите...

Европа1 ден

Осум мртви во Чешка, се запалил дом за лица со попреченост

Најмалку осум лица загинаа во пожар во Чешка, кој денеска избувнал во дом за лица со инвалидитет. Повредени се околу...

Македонија1 ден

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески, 30-годишник од Варош, беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро...

Македонија1 ден

Пендаровски: Богојавление е потсетник материјалните предизвици да не нè оттргнат од духовните вредности

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква –...

Досие