Забава
Десет погрешни чекори на првиот состанок

Непристојното однесување на маса, повикување на келнерот со прст, конзумирање алкохол во поголеми количини доведуваат до сигурен пропаст на првиот со
Непристојното однесување на маса, повикување на келнерот со прст, конзумирање алкохол во поголеми количини доведуваат до сигурен пропаст на првиот состанок
Ова го покажува студијата спроведена од интернет компанија за маркетинг истражување www.onepoll.com, објавија британските медиуми.
Во истражувањето, во кое што учествувале над 3.000 луѓе, било констатирано дека најголемиот број луѓе на првиот состанок очекуваат лицето со кое излегуваат да има добри манири и да се однесува културно на маса.
„Постојат основни правила на однесување на маса и тие мора да се почитуваат, но тоа не е тешко“, рече портпаролот на компанијата што го спроведе истражувањето.
Студијата покажала дека 63 отсто од испитаниците не го поднесуваат лошото однесување на келнерот, додека повеќе од половината испитаници го оценуваат како грозно чистењето на храната меѓу забите со прсти, наместо со чепкалка.
Исто така, 46 отсто од испитаниците се изјасниле дека не можат да поднесат кога некој го лиже ножот, наместо правилно да го користи приборот за јадење, а 36 отсто од нив не можат да ги поднесат луѓето кои гласно ја сркаат супата.
Британските медиуми ги објавија топ десетте погрешни чекори при излегување на прв состанок:
1.Повикување на келнерот со прст
2.Посолување на храната пред да се проба
3.Опивање
4.Лижење на чинијата
5.Дување
6.Чистење на забите со прст
7.Лижење на ножот од приборот за јадење
8.Сркање на супата
9.Разговор за секс
10.Избегнување да се остави напојница на келнерот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тие секогаш се на добар глас, луѓето ги сакаат: три знаци со најдобра репутација

Тешко е да се создаде добар впечаток, но има луѓе кои речиси секогаш оставаат силен и позитивен белег каде и да одат.
Без разлика дали поради нивното однесување, нивниот однос со другите или начинот на кој се изразуваат, за таквите луѓе ретко се зборува лошо. Според астрологијата, некои хороскопски знаци се познати по тоа што создаваат впечаток на сигурност, смиреност или шарм околу себе што се памети долго време.
Нивната добра репутација честопати го надминува нивното присуство – луѓето ги сакаат, ги почитуваат и со задоволство се сеќаваат на моментите поминати со нив.
Подолу се наведени три знаци кои, речиси без исклучок, имаат најдобра репутација.
Вага
Вагите се познати по нивното чувство за правда, рамнотежа и шармантно однесување. Луѓето ги доживуваат како топли и пријатни соговорници кои знаат да слушаат, но исто така внимателно ги бираат своите зборови. Оние родени под овој знак имаат тенденција да избегнуваат конфликти, а нивната способност да бидат дипломатски настроени честопати им носи почит во општествените и професионалните кругови.
Нивната репутација се темели на фактот дека ретко ги осудуваат другите и секогаш се стремат да бидат фер. Вагите оставаат впечаток на личност на која може да ѝ се верува и која знае како да се однесува во секоја ситуација.
Девица
Девиците се тивки, вредни луѓе кои не се наметнуваат, но секогаш оставаат трага преку својата одговорност и доследност. Луѓето често ги паметат по нивната прецизност, педантност и внимание кон деталите – особини што се вреднуваат во секоја средина.
Луѓето родени под овој знак се познати по тоа што не бараат внимание, но тоа секогаш им се враќа преку искреното почитување од оние што ги познаваат. Нивната репутација произлегува од фактот дека се држат до својот збор и не се откажуваат лесно. Во очите на другите, Девиците се синоним за сигурност.
Јарец
Јарците се сериозни, доследни и речиси секогаш оставаат впечаток на некој што знае што прави. Луѓето ги перцепираат како сигурни, способни и спремни да преземат одговорност – што честопати им носи почит, дури и кога се резервирани.
Тие често не бараат надворешна потврда, но нивниот углед расте токму затоа што не прават ништо за да импресионираат. Нивниот углед се гради со години и се темели на конкретни дела, а не на зборови. Јарците се паметат по тоа што ги одржуваат ветувањата и зрачат со стабилност.
Забава
Џеј Ло го носи најубавиот и наједноставен фустан за сезоната: ако го сакате, има мал проблем

Џенифер Лопез испрати посебна честитка за Денот на мајките и сподели фотографија од себе, меѓутоа, она што веднаш стана главна тема беше нејзиниот фустан.
Латино дивата Џенифер Лопез позираше во кариран розов фустан со средна должина, во комбинација со сламен шешир.
На масата до неа има цвеќиња, како и фотографија од нејзините деца, се претпоставува дека цвеќињата биле подарок од нив.
„Најубав Ден на мајките на сите мајки. Им посакувам на сите мир, љубов, смеа, радост и среќа“, напиша Џеј Ло во описот, а сите набрзо почнаа да коментираат за нејзиниот стајлинг.
Пејачката е позната и по провокативниот и по елегантниот изглед, а иако на оваа објава носеше скапа чанта од Диор, сите коментираа само за нејзиниот фустан.
Како што објави „Мари Клер“, карираниот фустан е од брендот Reformation и неговата цена е 345 евра. Интересно е и тоа што овој конкретен модел е веќе распродаден, па дури и ако сакате да го купите, мора да бидете на листата на чекање.
Овој бренд е особено сакан од познати дами, вклучувајќи ја и Тејлор Свифт, а кога е во прашање Џенифер Лопез, ова е едно од нејзините најненаметливи изданија.
Забава
(Видео) Познатиот актер пристигна во Кан и ги воодушеви фановите: „Легенда, без разлика што велат сите“

Том Круз пристигна во Кан за да го промовира новото продолжение на „Невозможна мисија“ на 78-то издание на филмскиот фестивал.
Неговото пристигнување во Кан предизвика доста возбуда на улиците, а актерот пристигна со стил, мавтајќи им на фановите низ прозорецот на црн автомобил.
Кога излезе, 62-годишниот актер ги поздрави фановите, ракувајќи се со нив и додавајќи дека е среќен што се запознал со нив.
@france3paca Voir Tom Cruise : mission possible ! ⸻ #TomCruise #MissionImpossible #FestivalDeCannes #Cannes2025 #CannesPremiere #TomCruiseCannes #MissionImpossibleCannes #CinemaDeGenre #PalmeDHonneur #RedCarpetLegend #HollywoodÀCannes #CannesMoments #CascadeTomCruise #ImpossibleEstRien #ActionStar #CannesFilmFestival #Croisette #TapisRouge #TomCruiseForever #MI7 #MI8 #CruiseControl ♬ Action, Mission Impossible Wind? – Isao Kaneko
Снимката привлече внимание на социјалните мрежи, а многумина коментираа дека неговото пристигнување е во стилот на „Невозможна мисија“.
„Шефот пристигна“, „Мојот омилен глумец“, „Најдобриот“, „Легенда, без разлика што ќе каже некој“, „Каква елеганција“ и „Секогаш толку згоден“, се некои од коментарите.
За потсетување, веќе некое време се шпекулира дека Круз е во врска со актерката Ана де Армас. Актерот беше еден од гостите на роденденската забава на Дејвид Бекам, која се одржа во Лондон. Иако очигледно дошол сам на забавата, наводно бил придружуван од 37-годишната актерка, а наводната двојка била видена и како шета низ Лондон за 37-миот роденден на Ана.