Забава
Почнa бојадисувањето на Ајфеловата кула

Ајфеловата кула во Париз, еден од најпосетените споменици на културата на светот, ќе биде премачкан со нов слој боја, а работите почнаа на 31 март
Ајфеловата кула во Париз, еден од најпосетените споменици на културата на светот, ќе биде премачкан со нов слој боја, а работите почнаа на 31 март, кога се одбележа 120 години од постоењето на оваа градба, соопшти градското собрание.
Ајфеловата кула минатата година ја посетиле рекорден број луѓе – шест милиони и 930 илјади.
Досега овој објект бил бојадисуван 19 пати, и тоа во просек на секои седум години. Неколку слоеви боја ја штити железната кула од корозија.
Објектот, кој денес има боја на бронза, во текот на историјата ја менувал бојата повеќе пати од црвено -кафена нијанса до окер жолта.
“За бојадисувањето на кулата е потребно 60 тони боја, 50 километри кабли, два хектари заштитна мрежа, 1.500 четки, пет илјади шмиргли и 1.500 работни одела“ се наведува на сајтот на кулата, висока 324 метри, вклучувајќи ја и антената.
Работата ќе трае повеќе од една година и ќе ја извршуваат 25 мајстори кои ќе почнат од врвот на кулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Неверојатно е дека има 44 години“ – Златан Ибрахимовиќ со видео од сауна ги воодушеви обожавателите

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ повторно привлече внимание со видео објавено на социјалните мрежи. Тој се сними во сауна сместена во природа, носејќи само долна облека и гледајќи кон пејзажот, а снимката за помалку од едно деноноќие собра над 140 илјади лајкови.
Во коментарите се редеа пофалби: „Златан е жив оган“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг“, „Неверојатно дека има 44“. Дел од фановите забележаа и дека ја скратил косата.
View this post on Instagram
Ибрахимовиќ неодамна го прослави 44. роденден и, според традицијата, си подари нов автомобил – Ferrari F80, со што ја продолжи својата „роденденска колекција“ од луксузни модели на Ferrari.
View this post on Instagram
Забава
Водител на „Фокс њуз“ со несоодветни коментари за изгледот на Џенифер Анистон

Во емисијата The Five на американската телевизија „Фокс њуз“ се разви необична и непријатна расправа меѓу водителите, откако Џеси Вотерс почна да ја коментира физичката привлечност на актерката Џенифер Анистон, пренесе HuffPost.
Сѐ започна кога неговиот колега, комичарот Грег Гатфелд, го пофали изгледот на политичарката Кејти Портер, нарекувајќи ја „хероина“ затоа што не подлегнува на современи стандарди за убавина и „не се менува за камерите“. Тој додаде шеговито дека „пред YouTube туторијалите сите изгледале како Кејти Портер“ и дека дури „луѓето не станале привлечни сѐ до интернетот“.
На тоа Вотерс се надоврза со коментар дека „Џенифер Анистон денес изгледа подобро, иако е дваесет години постара“. Разговорот потоа се претвори во расправа за тоа кога актерката била попривлечна — за време на снимањето на „Пријатели“ или денес.
Откако Вотерс се премисли и рече дека „всушност била поубава во ‘Пријатели’, но сега е погламурозна“, неговиот колега Херолд Форд Џуниор остро ја прекина дискусијата со зборовите: „Зошто не преминеме на следниот сегмент?“ Водителката Кејти Павлич додаде дека „елеганцијата на Анистон денес е резултат на богатството“, велејќи дека „парите купуваат многу трансформации“.
Анистон, која често јавно ги критикува политиките на Доналд Трамп и Републиканската партија, досега не реагираше на оваа расправа.
Забава
Блејк Лавли заработувала по 50.000 евра дневно за снимањето на филмот „Ова завршува со нас“

Откриена е платата на актерката Блејк Лајвли за нејзината улога во „Ова завршува со нас“ како дел од правната битка што ја води со својот колега Џастин Балдони. Правните документи покажуваат дека 38-годишната актерка заработила речиси 1,5 милион евра за шестнеделното снимање на романтичната драма или нешто повеќе од 50.000 евра дневно, според „Дејли мејл“.
Дополнителни бонуси и успех на киноблагајните
Покрај основната плата, договорот вклучувал и бонус од 171.000 евра ако Лајвли освои „Оскар“ за улогата на цвеќарката Лили Блум и 85.000 евра за номинација. Блејк и нејзината компанија требало да добијат и дополнителни 214.000 евра ако филмот, кој се појави во кината во август минатата година, заработи повеќе од трипати повеќе од својот буџет.
Филмот, кој ја следи турбулентната врска помеѓу Лили Блум (Лајвли) и Рајли Кинкејд (Балдони), има значаен комерцијален успех. Со буџет од 20,7 милиони евра филмот заработи 300 милиони евра во целиот свет и покрај мешаните критики.
Правната битка се интензивира
Овие финансиски детали се појавија само неколку дена откако поранешниот агент на Џастин Балдони ја обвини Блејк за изнуда за време на продукцијата. Според транскриптот од сведочењето добиен од „Дејли мејл“, агентот Дени Гринберг тврдел дека однесувањето на актерката на снимањето и во постпродукцијата станувало сè понепредвидливо. Во разговор со Балдони во јули 2024 година тој ги опишал нејзините постапки како „континуирана изнуда и обид за преземање контрола врз филмот“.
Гринберг подоцна појасни дека под изнуда не се осврнувал на буквално кривично дело, туку на кумулативното однесување и зголемениот притисок врз продукциските компании „Вејфарер“ и „Сони студиос“. „Дејли мејл“ контактирал со претставниците на актерката за коментар, но сè уште нема одговор, а претставниците на Балдони одбиле да коментираат.
Тужби за меѓусебно вознемирување и клевета
Правната битка почна во декември 2024 година кога Лајвли го тужеше Балдони за наводно сексуално вознемирување на снимање, што тој жестоко го негира.
Балдони и неговото студио „Вејфарер“ одговорија со контратужба за клевета против Лајвли, нејзината публицистка Лесли Слоун и сопругот Рајан Рејнолдс. Балдони исто така поднесе тужба од 400 милиони долари против „Њујорк тајмс“ за она што тој го тврди дека било сензационалистичко известување за обвинувањата, но таа тужба беше отфрлена во јуни оваа година.