Забава
Првата клонирана камила во светот родена во лабораторија во Дубаи

Првата клонирана едногрба камила во светот била родена на 8 април в лабораторија во Дубаи и во моментот се чувствува добро, соопштија денеска
Првата клонирана едногрба камила во светот била родена на 8 април в лабораторија во Дубаи и во моментот се чувствува добро, соопштија денеска претставници на Центарот за репродуктивни истражувања во емиратот
„Тоа е првата клонирана едногрба камила во светот”, истакна еден од научниците Нисар Уани. „Камилите се многу корисни тука за добивање млеко и за трки”, изјави истражувачот
„Овој значаен пробив во нашата истражувачка програма ни дава средства да зачуваме гените на камилите, кои дават најмногу млеко и се добри при трките”, истакна научниот директор на центарот Лулу Скидморе. Малата камила била наречена Инјаз (Реализација). За да се дојде до клонирањето биле неопходни пет години научна работа. Во 1998 г. во истиот центар за први пат беа вкрстени камила со лама. Новото Животно беше наречено кама./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Розова секс бомба од бајките: Кајли Џенер ја промовираше својата нова линија

Риjалити ѕвездата Кајли Џенер организираше забава за да ја промовира својата нова линија од нејзиниот бренд Kylie Cosmetics. За пригодата, таа ја избра розовата како омилена боја, а нејзината ќерка Сторми беше таму за да ѝ прави друштво.
Иако неодамна ги поздрави своите фанови со посебна серија фотографии, сега ги помести границите.
Кајли прошета на својата забава со својата ќерка Сторми и ги изненади сите со (привремена) промена на имиџот. За таа пригода, таа избра розов фустан од латекс кој ја следи линијата на нејзиното тело и совршено ги истакнува нејзините гради, па дури и ја обои косата розова.
Својата модна комбинација ја комплетираше со малку посветли чевли, а нејзините екстремно долги нокти исто така розови.
Како и обично, кога станува збор за некои настани, нејзиниот партнер, Тимоти Шаламе, беше отсутен. Веќе никому не му е јасно дали овој пар е сè уште во врска или сето тоа е само маркетиншки трик, но Кајли се забавуваше одлично без него.
фото: принтскрин
Забава
Луѓето родени во овие три месеци доживуваат големи животни промени до крајот на октомври

Астролозите истакнуваат дека космичките енергии во средината и крајот на октомври 2025 година носат моќни пресврти за луѓето родени во три специфични месеци.
Луѓето родени во овие 3 месеци доживуваат најинтензивни промени до крајот на октомври 2025 година. Овие трансформации, иако тешки, отвораат простор за нов почеток и посилна, постабилна иднина.
Астролозите истакнуваат дека космичките енергии во средината и крајот на октомври 2025 година носат моќни пресврти за хороскопските знаци во овие месеци. Тие ќе се соочат со предизвици, но и можности за раст, трансформација и нови почетоци.
Март – соочување со реалноста
Луѓето родени во март, без разлика дали се Риби или Овен, минуваат низ период на интроспекција и самоиспитување. Под влијание на Нептун, кој се враќа во знакот Риби, тие ќе бидат принудени да се соочат со илузии и ограничувачки верувања. Овој месец им носи можност да ги отфрлат заблудите и да најдат појасна насока во животот.
Октомври – време за подлабоки врски
Родените во октомври, под влијание на Венера во Вага и почетокот на сезоната на Шкорпија, влегуваат во фаза во која врските се ставаат во преден план. Тие ќе бидат охрабрени јасно да ги изразат своите потреби и да бараат повеќе од животот и љубовта. Ова е време кога можат да ги зајакнат своите врски или да се ослободат од оние што ги спречуваат.
Ноември – лекции и нова сила
За родените во ноември, Марс во Шкорпија носи дополнителна енергија и решителност. Нивната амбиција и самодоверба ќе бидат нагласени, но крајот на месецот носи и интроспективни моменти бидејќи Меркур влегува во Стрелец. Тоа е период на учење од минатите грешки и можност за исправување на старите начини на живот.
Забава
(Видео) Дејвид Бекам го покажа своето „ново“ лице, луѓето останаа без зборови: „Што е ова, непрепознатлив е“

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам сè уште се смета за еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена. Тој често објавува провокативни фотографии од теретана на социјалните мрежи, а неговата сопруга Викторија обично ги прави неговите фотографии.
Сепак, овој пат ситуацијата беше малку поинаква.
Дејвид беше вклучен во реклама каде што зборуваше за најлесниот начин да се добијат билети за Светското првенство, но сите го гледаа во лицето многу повеќе од очекуваното.
Овој пат, не го пофалија.
@verizon The first drop is here. Get your free @FIFA ♬ original sound – Verizon
Очигледно, поранешниот фудбалер воопшто не личи на себе, а луѓето најмногу коментираа за неговите јаболчници и коса.
„Непрепознатлив“, „Што му е косата, дали е ова вештачка интелигенција?“, „Не разбрав кој е ова кога првпат го видов видеото“, „Филери не се за секого“, „И мажите очигледно се плашат од стареење“, беа некои од коментарите.
Останува непознато дали Дејвид навистина поправил нешто на себе, а познато е дека порано велеше дека никогаш нема да оди кај пластичен хирург и дека користи само креми за лице и маски, но обожавателите сè уште мислат дека Бекам ставил ботокс, направил блефаропластика и вбризгал филери во јаболчниците.