Забава
Британските музички ѕвезди погодени од рецесијата
Големите имиња на британската музичка сцена, како што се Елтон Џон, Пол Маккартни, Мик Џегер и Роби Вилијамс, се тешко погодени од рецесијата
Големите имиња на британската музичка сцена, како што се Елтон Џон, Пол Маккартни, Мик Џегер и Роби Вилијамс, се тешко погодени од рецесијата, покажува листата на илјада најголеми богаташи во Велика Британија, објавена во петокот.
Елтон Џон во минатата година изгубил 26 проценти од богатството односно од 238 спаднал на “само“ 175 милиони фунти во 2009 година. Тоа намалување се припишува на дарежливите донации на многубројни организации, што изнесуваат вкупно 42 милиони фунти.
Пол Маккартни изгубил 60 милиони фунти за една година и неговиот имот запрел на 440 милиони фунти. Бившиот член на Битлсите исплатил приближно 24,3 милиони фунти на бившата сопруга Хедер Милс по разводот минатата година, а некои делови од неговиот имот изгубиле во вредноста.
Пеачот на Ролинг Стоунсите Мик Џегер изгубил 19 проценти од богатството што сега изнесува 190 милиони фунти, Стинг 10 отсто (180 милиони фунти).
Поп ѕвездата Роби Вилијамс изгубил 25 милиони фунти, Том Џонс изгубил 24 проценти до своето богатство, а Клиф Ричардс 20 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Како беше создаден голиот фустан на прекрасната Германка што го шокираше светот?
Доделувањето на Греми наградите во 2026 година беше прослава на кич и гламур. Познати личности од различни области на уметноста ги покажаа своите најдобри комбинации, иако за некои црвениот тепих беше повеќе од само модна ревија.
На пример, моделот Хајди Клум одлучи да го покаже својот автентичен моден израз за музичките награди и избра необичен кожен фустан.
Фустанот на познатата манекенка е направен според нејзините мерки и е дело на австриската дизајнерка Марина Херманседер.
Марина сега објави видео на Инстаграм на кое покажува како е направен фустанот со кој ги шокираше сите на музичките награди.
Дизајнерката создаде 3Д дизајн на фустанот, а потоа и самиот калап, според мерките на Хајди. Материјалот (кожата), од кој е направен фустанот, беше прецизно и деликатно растегнат преку калапот, а потоа користеа и алатки за обработка на кожа.
И деколтето беше интересно – дизајнерката користеше нож за да ги создаде рабовите сама.
Конечно, тестираа бои што одговараа на тенот на кожата на Хајди, потоа сè изшмирглаа и го премачкаа со рефлективен лак сличен на латекс.
Забава
(Фото) Поранешната девојка на Бонд и денес изгледа нереално: наскоро ќе го прослави својот 75-ти роденден
Актерката Џејн Сејмур во интервју за „Fox News Digital“ изјави дека конечно е среќна и дека е благодарна на луѓето што ги има во својот живот.
„Пред се, сама си ја правам косата и шминката. Сама си ја бирам облеката, разумно се хранам, никогаш не сум на луди диети и многу сум среќна. Благодарна сум што сум жива“, рече таа. „Благодарна сум што имам одлична работа, работа со луѓе што ги сакам“, додаде Џејн, позната како девојка на Бонд.
Таа истакна дека ова се нејзините најдобри години и дека ужива во животот и новите проекти.
„О Боже, дури и немам време за сè што правам во моментов, лудо е. За среќа, имам енергија за тоа. Но, едноставно сум толку благодарна, навистина сум. Никогаш не помислив дека ќе го правам тоа што го правам на оваа возраст, никогаш.“
Џејн откри и како ќе го прослави својот 75-ти роденден на 15 февруари.
„Сè уште не сум најавила роденденска забава, но дефинитивно ќе имаме голема гала вечера за Фондацијата „Отворени срца“, дводневна гала вечера, што е одлично. Што се однесува до самиот ден на мојот роденден, немам поим. Обично е дождливо, па можеби ќе направам она што го направи кралицата на Англија и едноставно ќе го прославам мојот официјален роденден на друг ден – кога сонцето сјае и сите можеме да бидеме надвор“, откри таа.
Забава
(Видео) „Имам момче во секоја земја, тие плаќаат за сè“
Инфлуенсерката Орсолија Лоринц од Романија патува низ светот и ужива во секоја дестинација, а откри и што дополнително ѝ „помага“ во тоа. Како што изјави, на секое патување наоѓа привремено момче со кое поминува време додека е на пат.
Според Индекс.хр, оваа девојка ја напуштила својата корпоративна работа за да патува низ светот и да запознае нови луѓе кои ѝ ги покажуваат знаменитостите и ѝ ги плаќаат излетите.
Таа ги покажува сите свои авантури на социјалните мрежи, а нејзините врски обично траат околу седум дена и наоѓа мажи на апликации за запознавање.
@itsorsolya pov. you quit your corporate job to travel through Central Asia #travel #unemployed #unemployment #centralasia #gapyear ♬ lost stars – ArT.Kongkoks
„Обично трае една недела, во зависност од тоа колку долго останувам во земјата. Запознавам луѓе преку апликации и обично брзо наоѓам некој што е погоден да ми биде привремено момче. Тој ми го покажува градот, ми прави појадок, плаќа за пијалоци и храна, а понекогаш дури и преспивам кај него ако се договориме“, вели Орсолија Лоринц.
Идејата за овие привремени врски ја добила пред неколку години, кога видела таков концепт со друг инфлуенсер, но како што вели, тоа не е експлоатација на мажи.
@itsorsolya check on your unemployed friends today #unemployed #unemployment #sabbatical #gapyear #travel ♬ EoO – Bad Bunny
„Тоа е само привремено момче за дружење и заеднички активности. Не ги користам за бесплатни патувања, повеќе за бесплатни оброци и како туристички водичи. Кога познавате локален жител, тој може да ви покаже нешто што агенциите не можат, скриени места и обичаи. Така ја запознавам земјата на уникатен начин“, истакна инфлуенсерката.
@itsorsolya travel tip number 1: get yourself a boyfriend in every country. follow me for more travel trips 😉 #travel #gapyear #unemployed #childfree #solo ♬ original sound – 🦉
Сепак, Орсолија би сакала да најде постојан партнер, но само под услов тој да сака да патува низ светот колку што сака и таа. Кога објави вирално видео во кое објасни какво било нејзиното патување, доби многу понуди за врска.

