Забава
Обновена романсата по 67 години
Френк Вокер (88) и Мајми Мекин (86), чија врска ја прекинала Втората светска војна, ја обновиле романсата по 67 години и планираат да се венчаат
Френк Вокер (88) и Мајми Мекин (86), чија врска ја прекинала Втората светска војна, ја обновиле романсата по 67 години и планираат да се венчаат.
“Се уште постои оној жар меѓу нас“, вели Френк.
Двојката се запознале во 1942 година во Глазгов, по што Френк отишол во војна, а венчавката тогаш ја спречила мајката на Мајми, плашејќи се дека ќерката би можела да остане млада вдовица.
Френк успеал да преживее 36 опасни мисии, а разочаран од раскинувањето на врската не се вратил во Глазгов, туку отишол во Стокпорт, каде се оженил и добил две деца.
Мајми, пак, се омажила во Волсол, но од својот маж не криела дека не може да ја заборави својата прва љубов. Кога пред седум години останала вдовица, одлучила да го пронајде Френк и дала оглас во весници.
“Се плашев само да не му направам проблем доколку е во брак“, вели Мајми. Огласот го виделе пријателите на Френк и по три дена тие се нашле, прв пат по 67 години.
“Сега ми се чини дека овие 67 години ги преспав. Конечно можеме да го реализираме сонот и да станеме маж и жена“, вели Мајми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos
Забава
Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ со провокативни фотографии
Актерката Меган Фокс се врати на „Инстаграм“ по пауза и објави серија фотографии во провокативно готик издание.
Таа позираше во црн краток топ што го открива стомакот и минијатурната танга, во комбинација со чорапи до бутовите со подвезици и високи платформи. Во описот напиша: „Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“.
View this post on Instagram
Нејзиниот поранешен свршеник, музичарот Машин Ган Кели, остави коментар под објавата: „Воодушевен сум што го имам твојот телефонски број“.
Ова е нејзина прва објава по паузата што ја направи по раѓањето на четвртото дете, ќерката Сејџ Блејд Фокс-Бејкер.
Според извори за списанието „Пипл“, Фокс и Машин Ган Кели, кои наводно раскинале во 2024 година, сега се фокусирани на заедничкото родителство и грижата за ќерката.

