Контакт

Забава

Велосипедски вратоломии

Објавено пред

Дени Макаскил не може да поверува дека неговото видео со невозможните вратоломии на велосипед на ЈуТјуб било “кликнато“ неверојатни 2,5 милиони пати

Дени Макаскил не може да поверува дека неговото видео со невозможните вратоломии на велосипед на ЈуТјуб било “кликнато“ неверојатни 2,5 милиони пати.

Младиот Макаскил од Данвеџан, на островот Скај (Шкотска) изјавил дека не може да верува колку многу луѓе заинтересирал неговиот аматерски видео клип.

“Тоа е неверојатно. Не можам да поверувам колку луѓе го погледнале. Мене велосипедот ми е исклучиво забава и се надевав дека видеото ќе им се допадне на другите велосипедисти, но ова е навистина лудо“.

Иако поминува многу време во вежбање, Дени најмногу ужива во презентациите по училиштата ширум Шкотска со својата екипа “Кланот“.

“Најдобар дел од мојата работа е што можам да им покажам на децата што се можат да направат на велосипед и да ги вклучам во тој свет“, додава Дени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шварценегер не пропушта ден без омиленото хоби

Објавено пред

Арнолд Шварценегер (73) ужива во вообичаеното утринско возење велосипед со неговиот син Џозеф Баена (22) во близина на плажата во Санта Моника.

Поранешниот гувернер на Калифорнија одбира совршен начин да го раздвижи телото и умот и да помине квалитетно време со семејството.

Ѕвездата на „Терминатор“ очигледно се забавува во текот на  утринската рута околу областа Санта Моника во Лос Анџелес, овој пат придружуван од синот.

Прикажи повеќе...

Забава

Принцот Џорџ може да го задржи подарокот на Дејвид Атенборо

Објавено пред

Британскиот телевизиски водител и природонаучник Дејвид Атенборо неодамна го посети кралското семејство. Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и нивните три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот го пречекале во дворот на Кенсингтонската палата, каде што заедно со Вилијам го гледале неговиот нов документарец „Животот на нашата планета“.

Принцот Џорџ  (7) е голем обожавател на водителот, кој во таа пригода му подарил посебен сувенир – огромен заб на ретка ајкула што го нашол во шеесеттите години за време на семеен одмор на Малта.

Принцот бил воодушевен, но се појавилe проблеми. Малта побарала да и се врати сувенирот, со образложение дека фосилот треба да биде изложен на островот каде што е пронајден. Се верува дека е стар околу 23 милиони години.

Министер за култура на Малта, Хозе Ерера, смета дека забот треба да биде изложен во локалниот музеј и ветил дека ќе се ангажира лично за неговото враќање.

Малта беше британска колонија до 1964 година.

Сепак, властите на Малта одлучија дека британскиот принц Џорџ може да го задржи фосилизираниот остаток од заб од ајкула што му го подари познатиот природонаучник.

Портпаролот на министерството објави дека Малта се предомислила.

„Министерот Ерера рече дека нема намера да продолжи да го решава ова прашање“, изјави портпаролот за „Тајмс од Малта“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Вил Смит престојува во замокот од поранешната хит серија

Објавено пред

Свежиот принц се врати во Бел Ер.

Актерот Вил Смит повторно се дружи со диџеј Џези Џеф и актерите од „Свежиот принц од Бел Ер“ на тура низ иконскиот замок што служеше како семејна куќа во хит-серијата од 90-тите.

Престојот во замокот може да се резервира на Airbnb (Ербнб) по цена од 30 долари за една ноќ.

На Вил му се придружија и неколку други протагонисти во „Свежиот принц од Бел Ер“ (The Fresh Prince of Bel Air).

Во видеото објавено на Јутјуб во понеделникот, 52-годишниот актер се потсетува на хит серијата, која на почетокот на септември одбележа 30 години од своето деби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Потпишан етичкиот Кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 час

(Видео) Војската на Нагорно Карабах соборила два азербејџански хеликоптери

Војската на Нагорно Карабах собори два азербејџански хеликоптери користејќи ракети земја-воздух „Игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија2 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија3 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија3 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија3 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија4 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет4 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија4 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ5 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија6 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет6 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет7 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија7 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет7 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа7 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт16 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион18 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет20 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет21 час

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Досие