Забава
Шпанскиот грип “напаѓал“ во три бранови
Пандемијата на шпанскиот грип, која во 1918 – 19 година покоси најмалку 40 милиони луѓе во светот, се ширела во три брана, од кои првиот се појавил
Пандемијата на шпанскиот грип, која во 1918 – 19 година покоси најмалку 40 милиони луѓе во светот, се ширела во три брана, од кои првиот се појавил напролет, како и кај новиот грип, а двата подоцнежни, исклучително смртоносни, се појавиле наесен и во зима.
“Пандемиите што ги знаеме се шират во бранови. Првиот бран на пандемијата од 1918 година се појавил во март-април, точно во исто време како и денес, но не усмрти голем број луѓе, а бранот во октомври – ноември, кој се “вратил“ преку јужната хемисфера бил многу пострашен“, истакнува Патрик Берше, шеф на микробиолошката служба во болницата Некер Енфантс Маладес (Necker Enfants Malades ) во Париз.
Пандемијата од 1918 се проширила скоро истовремено, во три различни бранови во период од 12 месеци, во Европа, Азија и Северна Америка“, истакнуваат стручњаците во статијата објавена под називот “Грипот од 1918: мајка на сите пандемии“, објавена во 2006 година.
Иако првиот бран “бил најдобро опишан во САД во март 1918 година, земјата на потекло на вирусот не е утврдена, велат Џефри Таутенберг (Институт за патологија при американската војска) и Дејвид Моренс ( Национален институт за здравје – НИХ).
Големата смртност на шпанскиот грип може да се протолкува со пресилната реакција на имунитетот, што предизвикувала уништување на голем број клетки кај болниот, пишува Таутенбергер во друг труд, објавен во британското научно списание Нејчр.
Стапката на смртност меѓу заболените од шпанскиот грип надминала 2,5 проценти, а кај другите пандемии на грип се задржала под еден промил, потсетуваат овие двајца стручњаци.
Шпанскиот грип го предизвикал вирусот H1N1, но поинаков од оној што неодамна се појави во Мексико.
Бидејќи вирусите на грипот постојано мутираат, нивното цело име говори за земјата а потекло и времето на појавување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

