Контакт

Забава

Комерцијална битка за мечето Кнут

Објавено пред

Најпознатото бело мече Кнут предизвика судир во кој што првичниот сопственик на медиумскиот миленик бара 700 илјади евра од Зоолошката градина

Најпознатото бело мече Кнут предизвика судир во кој што првичниот сопственик на медиумскиот миленик бара 700 илјади евра од Зоолошката градина во Берлин каде се наоѓа мечката.

„Судот на двете спротивставени страни им даде период до средината на јуни да се договорат за иднината на Кнут“, соопшти покраинскиот суд во Берлин.

Судирот се појавил откако Зоолошката градина од Нојминстер побарала дел од приходите од маркетиншкиот успех на светски познатото поларно мече.

Управата на Зоолошката градина во Нојминстер се повикува на договор според кој што Кнут всушност и припаѓа нејзе, затоа што таткото на Кнут, Ларс, и бил позајмен на берлинската Зоолошка градина за оплодување, а според договорот, првото животно од оплодувањето припаѓа на сопственикот на таткото.

Во предлогот за вонсудски договор, берлинската Зоолошка градина им понудила на колегите од Нојминстер 350 илјади евра за Кнут, но од другата страна бараат 700 илјади евра. Таквото барање од Зоолошката градина во Берлин одлучно го одбиваат повикувајќи се на тоа дека тие се јавна установа која што работи без добивка.

Според набљудувачите на спорот, кавгата околу мечето Кнут е всушност судир за пари, затоа што се случува во годината кога мечето стекна светска слава според бројот на посети во Зоолошката градина во Берлин, која што порасна за 27 отсто.

Адвокатот на Зоолошката градина во Нојминстер тврди дека берлинците во 2007 година, само од употребата на името Кнут, заработиле над милион евра.

Кнут се стекна со светска слава откако неговата мајка го одби, а неговото одгледување го презедоа негувателите од Зоолошката градина во Берлин./крај/хи/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Подарете можност за СРЕЌА ПЛУС и вратете се со екоскутер од 10. Саем за венчавки

Објавено пред

Трендот за дарување – СРЕЌА ПЛУС, не води на 10. јубилеен Саем за венчавки, каде веќе традиционално, Државна лотарија нуди можности за купување подарок инстант лозови во специјално дизајнирани коверти. Овој пат Државна лотарија за посетителите на саемот подготви и посебно изненадување. Секој којшто ќе купи подарок СРЕЌА ПЛУС, со во него пет инстант лозови Еко скутер, од Државна лотарија ќе добие по еден инстант лоз подарок за себе, со можност за освојување на еден од 365те електрични тротинети.

Оваа специјална понуда е само за посетителите на Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 21-23.февруари во хотелот Александар Палас во Скопје.

Бидете и Вие дел од убавата атмосфера и не пропуштајте да купите за подарок СРЕЌА ПЛУС, можеби од саемот ќе се вратите со вашиот нов еко скутер.

Пролетта што доаѓа ќе ја отвори сезоната за венчавки, ќе не потсети на дарување СРЕЌА ПЛУС, а ќе не потсети и дека во природата најдобро се ужива со еко скутер. На идеата за дарување инстант лозови Еко скутер не поттикнаа млади брачни парови кои на својата свадба добија еко скутери во СРЕЌА ПЛУС коверти. Им благодариме!

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Забава

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Објавено пред

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.

 

View this post on Instagram

 

@iceman_hof how did we do? ❄️🥶🤟🏼 Constantine and I survived this mountain stream for 1 minute 45 seconds.. mindset is everything. The practice of ice baths looks crazy I know 😂 but it’s really beneficial for training the mind and body. Through various techniques (like breathing) we can calm ourselves enough to take on extreme conditions like this and more efficiently battle daily stress in our lives. I use Wim’s methods and find them beneficial for my life overall. “Mind over matter. Brain over body.” I suggest everyone to explore it and hopefully rise to this challenge! For those who dare, I challenge you to find an ICE COLD body of water outside and get in for at least 1 minute: – Must be winter and icy water outside – Must be only in underwear – Must have half the body submerged – Must be in for at least 1 minute Make sure to do your research and prepare as this can be pretty dangerous if you don’t follow Wim’s guidelines. Tag friends to do it with you and use #NoleChallenge when you share so I can see you guys. I’m so hyped for this, let’s goo!!!!!!! Idemooo!! 💪🏼 (I can share the full version of this on FB for #NoleFam if you guys want to see 😂) #iceman #wimhof #life #nature #breathing #meditation #reflect #mindset #justbreathe #wimhofmethod #innerfire #tbt

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Тој заминал на планина со еден пријател и објави „Ноле предизвик“, каде што се капе во ладна река, а видеоснимката сигурно ќе привлече големо внимание и ќе охрабри многу негови фанови да го пробаат овој предизвик.

„Ја преживеавме планинската вода за една минута и 45 секунди. Се чини лудо, но преку разни техники можеме да се смириме доволно за да преживееме во екстремни услови како овој и поефикасно да се справиме со стресот во нашите животи, а добро е и за умот“, напиша Ноле.

Прикажи повеќе...

Забава

Хоакин Феникс спасува мајка крава и теле од кланица по веганскиот плач на оскаровската вечер

Објавено пред

Хоакин Феникс помогна да се спасат мајка крава и нејзиното теле од кланица еден ден по критикувањето на практиките на млечната индустрија во текот на говорот на „Оскарите“, на кои освои награди за најдобар актер за Џокер.

Феникс, кој целиот живот е веган, ги критикуваше месната и млечната индустрија во својот говор на оскаровска вечер.

Во клипот објавен во средата од страна на Farm Sanctuary, познатиот актер и вегански заговорник, заедно со претставници на група за спас на животните во Лос Анџелес (Los Angeles Animal Save), ја посети кланицата „Пико Ривера“ во Калифорнија, каде што разговараше со нејзиниот основач и извршен директор, Ентони дМарија.

45-годишниот оскаровец имал срдечна дискусија со Ди Марија за индустриските практики иако двајцата не се согласувале за тоа дали зборот за судбината на животните треба да биде „собран“ или „убиен“.

Тој подоцна беше виден како носи бебе теле во транспортна приколка кон еден животински резерват управуван од страна на непрофитната организација Farm Sanctuary.

Актерот мајката ја крсти Либерти, а нејзиното теле Индиго.

„Моја надеж е, додека гледаме како бебето Индиго расте со својата мајка Либерти во резерватот, секогаш да се сеќаваме дека пријателствата може да се појават на најнеочекуваните места. И, без оглед на нашите разлики, љубезноста и сочувството треба да владеат секаде околу нас“, рече Феникс.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија2 часа

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија2 часа

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија3 часа

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ4 часа

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија5 часа

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија6 часа

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија7 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија7 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава8 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет8 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион9 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет9 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет10 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет10 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија20 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ1 ден

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ1 ден

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија1 ден

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Досие