Забава
Дава бубрег за стабилно работно место
Еден Француз од Тулуз, кој останал без работа, не сака да прима социјална помош од државата, поради што дал оглас дека го дава бубрегот за стабилно
Еден Француз од Тулуз, кој останал без работа, не сака да прима социјална помош од државата, поради што дал оглас дека го дава бубрегот за стабилно работно место.
Мажот стар 43 години, чиј идентитет не е соопштен, работел 15 години како болничар, а потоа десетина години возел автобус, пред да биде отпуштен во 2002 година.
Потоа отишол во странство, прво во Тајланд, па во Мароко, каде се занимавал со дресура на коњи, и на крајот во Сенегал.
Минатата година поради економската криза, се вратил во Франција. Тој се пријавил во бирото за вработување и станал корисник на социјална помош.
Човекот, меѓутоа, вели дека не сака да живее така, а бидејќи не успева да пронајде работа, се одлучил за екстремно решение.
“Никогаш не зависев од никого. Сакам се да направам сам“, изјавил тој додавајќи дека одлучил да го понуди бубрегот во замена за стабилно работно место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Нова фризура и променет изглед: Можеби е „очајна домаќинка“, но во проѕирна облека е секс бомба ФОТО
Актерката Ева Лонгорија, ѕвездата од „Очајни домаќинки“, долго време гордо ја носи титулата една од најубавите жени во светот, а денес оваа 50-годишна жена привлекува внимание каде и да се појави – со својот беспрекорен изглед, но и со своите модни избори.

Минатиот викенд, таа беше домаќин на гала вечера во Мадрид, каде што се појави во провокативна облека и уште еднаш нè убеди дека скратувањето на косата е целосен успех.

Таа носеше црно боди и црно преголемо сако, а овие две парчиња ги комбинираше со интересно проѕирно здолниште што ѝ овозможи на публиката да ги види нејзините витки и обликувани нозе во целост.

Таа ги следеше најновите модни трендови со своите чевли – ја заокружи комбинацијата со елегантни црни зашилени потпетици што ги гледаме кај повеќето познати личности, па нејзината веќе витка фигура дојде уште повеќе во фокусот.
фото: принтскрин
Забава
Домашната маска од тиква прави чуда за кожата на лицето: Ги спречува првите знаци на стареење
Вкусните тикви не се погодни само за деликатни десерти, туку се идеални и за нега на кожата.
Кога ќе дојде есента и сезоната на тикви, топлите супи од тиква и вкусните пити често се на нашите трпези. Но, ви предлагаме да ја користите тиквата на поинаков начин оваа есен. Поради својот состав, тиквата има исклучително корисен ефект врз убавината.
Содржи многу витамини – А, Ц и Е, кои се добри за кожата и ги спречуваат првите знаци на стареење. Исто така, тука се и цинкот, калиумот и антиоксидансите кои ја смируваат и ја хранат кожата.
Како да ја вклучите тиквата во вашата рутина за убавина?
Подгответе освежителна и хранлива маска од мекиот дел од тиквата, која ќе ви даде убава, здрава и сјајна кожа. Што е најдобро: лесно се прави, а состојките веќе ги имате дома.
Што ви е потребно?
– две лажици од внатрешноста од тиквата
– половина лажичка мед,
– половина лажичка млеко или јогурт.
Подготовка и употреба:
Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса и нанесете ја со прстите на исчистено лице. Можете да ја нанесете маската и на деколтето и вратот – во овој случај, дуплирајте ја количината на состојки. Оставете ја маската да делува околу 20 минути. Нежно отстранете ја со влажна крпа, потоа измијте го лицето и нанесете хранлива крема.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Сакате вашите растенија да го преживеат студот? Никогаш не го користете овој метод
Со доаѓањето на постудените месеци, многу љубители на растенија се соочуваат со истото прашање: како да ги заштитат своите зелени миленици од мраз, магла и студен ветер?
Балконите и дворовите полека се подготвуваат за зимска хибернација, а советите за заштита на растенијата ги преплавуваат социјалните медиуми. Сепак, една практика се повторува одново и одново, а воопшто не е добра за растенијата.
Никогаш не завиткувајте растение во фолија бидејќи не може да дише, предупредува Дејан Драгичевиќ, познат тиктокер, експерт кој редовно споделува корисни совети за грижа за растенија во затворен и отворен простор.
Во своето видео, тој покажа црешово дрво целосно завиткано во проѕирна фолија и објасни дека таквата заштита не само што не помага, туку може и да му наштети на растението.
@plantagenije Ne koristite plastičnu foliju kao zimsku zaštitu biljaka. #lovorvisnja #zastita #folija #plastika #plantagenije ♬ original sound – Dejan Dragićević
Наместо тоа, тој советува растението да биде лабаво врзано со јаже направено од природен материјал. Растенијата во саксии на балконот треба да бидат заштитени со дишечка крпа, како што се јута или ткаенина од кокосови влакна. Кога ќе ставиме растение во најлон, тоа буквално испарува, додава тој.
Пластиката никогаш не е добра идеја за растенијата
Таа го блокира воздухот и ја задржува влагата, што го зголемува ризикот од гниење и габични заболувања. Наместо фолија, тие препорачуваат дишечки материјали кои овозможуваат размена на воздух, но сепак обезбедуваат заштита од студот.
Како да ги заштитите растенијата на балконот и во дворот?
Доколку имате растенија во саксии на отворено, првиот чекор е да ги преместите поблиску до ѕидот или до агол каде што се заштитени од ветерот и да ги заштитите корените со слој прекривка, суви лисја или слама. Дополнително можете да ја покриете саксијата со јута или ткаенина од кокосови влакна, но никогаш не го затворајте растението во пластичен балон.
Што е подобро од фолија?
Најважно е да се заштитат корените на растението. Затоа експертите од Американскиот универзитет во Минесота советуваат заштитната ткаенина секогаш да биде поставена како шатор – за да може растението да дише, а не херметички затворена.
фото: принтскрин

