Контакт

Забава

Турнал самоубиец од мост

Објавено пред

Маж во кинескиот град Гуангџу, кој се заканувал дека ќе изврши самоубиство, го турнал од мост минувач бесен поради петчасовната блокада на сообраќајо

Маж во кинескиот град Гуангџу, кој се заканувал дека ќе изврши самоубиство, го турнал од мост минувач бесен поради петчасовната блокада на сообраќајот.

Пензионираниот офицер Лај Џијаншенг (65) се пробил низ полицискиот кордон, и го бутнал од мостот потенцијалниот самоубиец.

“Го турнав затоа што луѓето како него се големи егоисти. Нивното однесување им штети на јавните интереси. Тие не се осудуваат навистина да си го одземат животот. Напротив, само сакаат да го свртат вниманието на одговорните на своите проблеми“, изјавил Лај, кој веднаш бил уапсен.

Чен Фучао, кој пропаѓањето на бизнисот со недвижнини, остана должен 200 илјади евра, паднал од висина од осум метри.

Тој се здобил со тешки повреди на грбот и раката, ама ќе преживее.

Фучао, во последните два месеца, е најмалку 20-то лице кое се заканува дека ќе изврши самоубиство од истиот мост во Гуангџу./макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Тамара Тодевска – најдобар интернационален артист на Кенга Маџик во Албанија

Објавено пред

Тамара Тодевска со песната „Monsters” вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал Кенга Маџик во Тирана, Албанија.

„Monsters” е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.

„Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија”, изјави Тамара при земањето на наградата која и беше врачена од овогодинешната претставничка на Евровизија за Албанија.

Во моментов Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум а до крајот на годината ќе биде промовиран и видео записот за „Monsters”.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кинеската полиција објави видео за „совршениот сопруг“- досега го гледале над седум милиони луѓе

Објавено пред

Кинеската полиција објави видео за „совршениот сопруг“ кое за кратко време го гледале над седум милиони луѓе. Огромен интерес предизвика видеото со коешто полицијата го пофали сопругот кој беше и дозволи на бремената сопруга да седне на неговиот грб, како замена за столче во преполните ходници на болницата, додека чекаат на ред за преглед.

Во исто време, тие ги осудија останатите граѓани кои чекаа во болничкиот ходник, а не и отстапија место за да седне жената во одмината бременост.

Некои од нив седат и си играат на мобилен телефон, додека таа едвај стои покрај нив. Видеото е снимено во Хеганг во провинцијата Хеилонгџианг, во северо-источна Кина.

Прикажи повеќе...

Здравје

Во САД се во пораст повредите поврзани со користење на мобилен телефон

Објавено пред

Повредите поврзани со користење на мобилни телефони се во пораст, особено кај младите луѓе, покажува анализата на повреди поради кои луѓето најчесто бараат лекарска помош во САД.

Бројот на повреди на вратот, лицето, очите, носот, ушите и главата се во драматичен пораст во текот на изминатите неколку години, а голем удел во тоа има користењето на мобилните телефони, особено пишувањето на пораки при возење или одење, највеќе кај младите луѓе на возраст меѓу 13 и 29 години, јавува Си-ен-ен.

Најчести повреди се рани на лицето и главата, потоа следат контузии на мозокот, површни повреди на кожата и повреди на внатрешните органи, се вели во истражувањето спроведено од научници од медицинскиот факултет Ратџерс во Њу Џерси.

Повеќето луѓе, 94 проценти, не биле хоспитализирани откако биле санирани повредите. Иако се чини дека овие повреди не би требало да бидат причина за загриженост, авторите на истражувањето предупредуваат дека истите може да имаат долготрајни последици, како на пример лузни.

Трошоците за санирање на повреди на лицето го чинат здравствениот систем на САД околу 3 милијарди долари годишно. Оваа студија, чии резултати беа објавени во стручно списание, е прва која ги проучува повредите на главата и вратот, наместо целото тело. Ваквите повреди биле драстично поретки до 2007 година, кога „Епл“ го претстави првиот паметен телефон „ајфон“.

„Иако популарноста на мобилните телефони и пред тоа беше во пораст, нивните карактеристики беа ограничени и затоа немаше голема веројатност да го одвлечат вниманието на корисниците во споредба со денешните смартфони“, велат авторите на студијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион23 минути

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ2 часа

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион3 часа

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ6 часа

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ7 часа

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија7 часа

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Македонија9 часа

Османи: Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството, туку да се создадат услови

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од...

Култура10 часа

Две престижни признанија за документарецот „Медена земја“ во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди (ИДА), што се одржаа вчеравечер (7. декември) во...

Свет10 часа

Оружје пронајдено кај демонстранти во Хонгконг, еден од нив имал и пиштол

Во полициска акција спроведена пред почетокот на денешните протести во Хонгконг, уапсени се 11 лица кај кои е пронајдено оружје....

Топ10 часа

Кривична против дилер од Арачиново во чиј автомобил бил пронајден хероин

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишник од скопското село Арачиново, откако во автомобил кој го управувал бил пронајден хероин....

Македонија12 часа

Пендаровски: Делото на Свети Климент Охридски е од значење за севкупната европска култура

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска...

Регион1 ден

(Видео) Разбојници барале 250.000 евра за Македонец киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин. Според информациите...

Македонија1 ден

Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте...

Македонија1 ден

Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога

Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот...

Македонија1 ден

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно забелешките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија. „Законот за јазици ќе...

Економија1 ден

Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на...

Македонија1 ден

Сараево, Белград и Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран...

Топ1 ден

Момче избодено со нож во Бутел, го нападнале група малолетници

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат...

Свет1 ден

Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира медиумите дека користи личен мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од безбедносите служби....

Свет2 дена

Голем пожар му се заканува на Сиднеј, се евакуира населението

Голем пожар што беснее околу 60 километри северно од Сиднеј, зафати 300.000 хектари и е невозможно да се контролира во...

Досие