Контакт

Забава

Протестирал со кабриолет полн со лимони

Објавено пред

Незадоволен од својот нов автомобил, еден Австралиец го наполнил со лимони и го паркирал пред продавницата каде го купил возилото за да ги премисли

Незадоволен од својот нов автомобил, еден Австралиец го наполнил со лимони и го паркирал пред продавницата каде го купил возилото за да ги премисли потенцијалните купувачи да ја повторат неговата грешка.

Брајан Вајцман од Сиднеј, купил автомобил пред две години, но постојано имал технички проблеми, поради кои дури и предизвикал неколку помали сообраќајни незгоди.

Еден од бројните проблеми бил и со подниот тапацир што се замотал околу педалите, поради што се судрил.

Кога Вајцман го донел автомобилот кај продавачот за рекламација, се што овој направил било да ја замени лепливата трака на тапацирот.

Автомобилот еднаш му се расипал ноќе, друг пат се заглавил прозорецот, а еден ден не можел да ја затвори хаубата.

Менаџерот во продавницата ја отфрлал секоја одговорност и не сакал ниту да разговара со незадоволниот клиент.

Купувачот поради тоа одлучил да започне анти реклама, убеден дека таа ќе го има саканиот ефект.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Аланис Морисет и Џими Фалон пееле божикни песни во метро, никој не ги препознал

Објавено пред

Пејачката Аланис Морисет (45) и ТВ-комичарот Џими Фалон (45) ги изненадиле минувачите и патниците во  метрото во Њујорк, каде што заедно пееле божикни песни. Тоа всушност било  дел од „The Tonight Show“ на Фалон, но во тие моменти малку луѓе знаеле за што станува збор.

Морисет се појавила со сина перика, очила за сонце и ретро шапка, а Фалон со долга брада и неизбежни очила за сонце, сè со цел маскирањето да биде што поуспешно.

Славното дуо го започнало својот неофицијален концерт со познатата божикна песна „The Little Drummer Boy“ од Бинг Крозби, дополнително зачинета од Дејвид Боуви во можеби најпознатата верзија. Публиката се собрала во поголем број, Морисет главно пеела, а Фалон се обидувал да го задржи ритамот. Тие ја завршиле свирката со „You Oughta Know“, голем хит на пејачката во 90-тите години, а потоа веќе не можеле да молчат и им се обратиле на насобраните.

„Ви благодарам многу на сите и среќни празници! Јас сум Џими Фалон и ова е Аланис Морисет“, открил комичар, додека ја вадел брадата.

Одушевените минувачи ја споделиле снимката на социјалните мрежи, а самиот Фалон го покажал интересниот перформанс во своето популарно ток-шоу на телевизијата Ен-би-си.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина најстарата актерка во светот, глумела до неодамна

Објавено пред

Бугарката Стојанка Мутафова, една од најстарите активни актерки во светот, почина на 97-годишна возраст.

Наречена кралица на бугарската комедија, Мутафова почнала да настапува во 1945 година, кога ја играла слугинката во „Трикови на Скапин“ од Молиер. Таа станала популарна во својата татковина откако се појавила во неколку телевизиски комедии и забавни програми.

Во 94. година од животот со својот театар била на турнеја низ Северна Америка и Европа. Таа настапувала на театарските штици до пред неколку месеци.

„Замина многу драг и добар човек“, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов. „Секогаш ќе биде еден од симболите на бугарскиот театар“.

Мутафова, за која се верува дека е најстарата активна театарска актерка по  смртта на рускиот актер Владимир Зелдин, кој почина во 2016 година на возраст од 101 година, за „Ројтерс“ изјави дека никогаш не се покајала за изборот на својата професија.

Прикажи повеќе...

Забава

Микс на козервативност и сексапил, Ева Лонгорија на гала вечер во Мајами

Објавено пред

Таа има своја добротворна фондација посветена на градење подобра иднина за Латиноамериканците и нивните семејства.

А во четвртокот навечер Ева Лонгорија присуствуваше на Global Gift Gala 2019  што се одржа на плажа во Мајами. Настанот имаше за цел да собере средства за непрофитни организации, вклучувајќи ја и нејзината.

44-годишната актерка и продуцентка изгледа прекрасно во сјаен црн фустан без грб додека позира на црвениот тепих на добротворна гала вечер во Мајами.

Однапред изгледаше конзервативно, со рол-крагна, квадратни рамења и долги ракави.

Но, одзади глетката беше сосема друга –  фустан без грб и голем шлиц до бедра.

Косата врзана во коњско опавче, сјајна розова сенка за очи, црна маскара, руменило и сјај на усните. Накитот го сочинуваа обетки од дијаманти.

Сопругот на Логорија, Хосе Бастон, ѝ се продружи на поранешната очајна домаќинка на гала вечерата.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија3 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија4 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија5 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија6 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет7 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет7 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет8 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет8 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија8 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет8 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија8 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа19 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет24 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија1 ден

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија1 ден

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Досие