Забава
Памела Андерсон во Црна Гора

Холивудската ѕвезда, актерката Памела Андерсон, која е заинтересирана за инвестирање во Црна Гора, пристигнува во Подгорица на 14 јули, јавија синоќа
Холивудската ѕвезда, актерката Памела Андерсон, која е заинтересирана за инвестирање во Црна Гора, пристигнува во Подгорица на 14 јули, јавија синоќа локалните медиуми.
Андерсон е заинтересирана да вложи дел од своето богатство во неколку проекти на групацијата Атлас, во хотелско – здравствениот комплекс.
„Кога моите деловни партнери од Абу Дави прв пат ми зборуваа за Црна Гора и работењето на Атлас групацијата, ми звучеше одлично. Земја со таква убавина и фасцинантна историја веднаш ме заинтересира“, изјави Андерсон за телевизијата Атлас.
Менаџерот на холивудската актерка Питер Ашер пред неколку месеци престојуваше во Црна Гора кога и беа договорени деталите за соработката на Андерсон со црногорскиот бизнисмен Душко Кнежевиќ./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Семејството на Џенифер Анистон: Aко бидеш актерка нема да заработиш ниту долар

Џенифер Анистон за првпат открива дека нејзиното семејство ѝ рекло дека никогаш нема да направи пари како актерка, a тогаш се појавил популарниот серијал „Пријатели“.
Таа направи богатство од глума – без разлика дали станува збор за хонорарите од еден милион американски долари од Friends („Пријатели“) или за блокбастер филмовите како Marley & Me и Along Came Polly или хитот на Нетфликс Murder Mystery.
„На самиот почеток на актерската кариера мојата фамилија ми рече дека нема да заработам ништо, ниту долар“, педесетгодишната ѕвезда изјави во интервју за списанието People Of The Year.
„И тогаш дојдe ‘Пријатели’. Во моето семејство имало критичари или песимисти, ‘Ова никогаш нема… никогаш нема да направиш пара’. Само гледајте ме. Не заканувајте ми се на тој начин.“
Забава
Хелен Мирен им пркоси на годините во снежно бело издание

Хелен Мирен во средата носеше зимско бело на Л` Ореал Париз 14-та годишна церемонија доделување награди на жени со вредност (Women of Worth Awards) во Њујорк.
74-годишната англиска актерка на себе имаше долга снежно-бела наметка, комплет блуза и здолниште кое допираше до земја, елегантна до перфекција.
Дамата Хелен на својот беспрекорен изглед додаде ѓердан од бисери и иста таква нараквица.
Кратка платинеста коса врамена околу лицето, и црвен кармин – типично за дамата симбол на едноставност и женственост.
На црвениот тепих таа позира со Камила Кабело, Аја Наоми Кинг, Енди Мекдауел, Амбер Хард и Виола.
Хелен беше прогласена за амбасадор на брендот L’Oreal во 2014 година, а брендот за убавина во септември објави дека Виола се приклучила на нивниот список амбасадори на брендот во кој се и поп-ѕвездата Камила (22) и актерката Енди (61).
Забава
Џесика Бил на соло прошетка, а сопругот држи за рака друга жена

Џесика Бил изгледа доста нерасположена и напната додека шета сама низ улиците на Лос Анџелес, откако сопругот Џастин Тимберлејк беше прикажан како се држи за рака со Алиша Веинрајт, актерка со која глуми во нов филм.
37-годишната Џесика во понеделникот беше забележана на соло прошетка во Западен Холивуд, трендовски кварт во Лос Анџелес познат по богат ноќен живот.
Таа беше облечена лежерно – црна кожена јакна над сив џемпер од кашмир и искинати фармерки
Актерката не изгледаше расположена речиси две седмици по контроверзната фотографија што проструи низ таблоидите, а на која 38-годишниот Џастин се држи за рака со колешката Алиша (30) пред еден бар во Њу Орлеанс.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“