Забава
Преживеал благодарение на ТВ емисија

Грејсон Вајн, девет годишно дете, успеало да преживее изгубено во шумата благодарение на советите што ги слушнал во телевизиска емисија за
Грејсон Вајн, девет годишно дете, успеало да преживее изгубено во шумата благодарение на советите што ги слушнал во телевизиска емисија за преживување.
Тој ја запомнил бајката за Јовче и Марика и позади себе оставал трагови за да им ја олесни потрагата на оние кои ќе го бараат.
Детето, заедно со своите браќа и таткото редовно ја гледал емисијата “Роден да преживее“ во која гледачите биле подучувани како да се снаоѓаат во дивината.
Грејсон, кога сфатил дека се изгубил во огромната шума, почнал да ја кине својата жолта јакна и парчињата ги закачувал на гранките од дрвата. Кога после 18 часови бил пронајден, неговиот татко изјавил дека се преплашил, но и дека верувал во снаодливоста на својот син.
“Трагите ги оставал не само за оние кои ќе го бараат, туку и за да може да се врати од каде што тргнал“, вели таткото на Грејсон.
Малиот Грејсон ноќта ја поминал во импровизираното засолниште од гранки, што сам го направил.
Наутро решил да го следи потокот во надеж дека ќе наиде на луѓе или на некоја куќа. Кога го слушнал хеликоптерот, тој почнал да мафта со последното парче од својата јакна.
Пилотот го забележал и им јавил на спасувачите каде се наоѓа и набргу потоа го пронашле двајца спасувачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Никогаш не ги враќаат парите што ги позајмиле: некои знаци не го сфаќаат тоа сериозно

Некои луѓе едноставно не го сфаќаат сериозно отплаќањето на своите долгови. Можеби забораваат, можеби се срамат или можеби само ја следат логиката „сепак не е итно“.
Без оглед на причината, позајмените пари не се приоритет за луѓето родени под овие хороскопски знаци. Иако повеќето луѓе ја сфаќаат отплатата на долгот како прашање на почит и одговорност, постојат и такви кои се однесуваат кон финансиските обврски со неверојатна леснотија.
Според астрологијата, таквите луѓе се родени под овие хороскопски знаци.
Близнаци
Луѓето родени под знакот на Близнаци често се шармантни, духовити и спонтано дарежливи – но кога станува збор за финансиска одговорност, работите можат брзо да излезат од контрола. Тие не мора нужно да одбиваат да вратат пари, туку едноставно забораваат на нив. Тие имаат навика да ги отфрлаат непријатните обврски и да продолжат како ништо да не се случило.
Многу Близнаци дури и не ги сфаќаат сериозно малите долгови, па затоа не ги земаат при срце. Освен ако некој суптилно не им ги посочи, постои голема веројатност дека никогаш нема да бидат вратени.
Стрелец
Стрелците ја обожаваат слободата – и ментална и финансиска. Парите не се свети за нив, а уште помалку нешто за кое сакаат да се стресираат. Кога позајмуваат, често го прават тоа со намера да ги вратат, но по патот се губат во нови планови, патувања и амбиции.
Тие не се злобни, но често ја избегнуваат одговорноста кога се соочуваат со нешто што им звучи премногу сериозно. Долговите едноставно не им изгледаат реални освен ако некој постојано не ги потсетува.
Риби
Рибите се емотивни, сочувствителни и честопати сакаат да веруваат дека парите не треба да стојат помеѓу луѓето. Кога им се позајмува нешто, тие можат да се чувствуваат виновни – но во исто време ќе одложуваат со враќањето, бидејќи тоа ги прави да се чувствуваат непријатно.
Тие честопати немаат добро разбирање за сопствените финансии и дејствуваат импулсивно, па кога ќе дојде време да ги вратат, парите едноставно ги нема. За да избегнат непријатни разговори, тие претпочитаат да се повлечат или да ја игнорираат ситуацијата. Иако на крајот може да го вратат долгот, тоа никогаш нема да им биде приоритет.
Забава
Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка во Холивуд

Актерката Скарлет Јохансон стана финансиски најуспешна актерка на сите времиња.
Не е навистина големо изненадување што најпрофитабилните актери на сите времиња на киноблагајните се ѕвездите или поранешните членови на кинематографскиот универзум на „Марвел“.
На крајот на краиштата, тој филмски универзум е убедливо најуспешната франшиза во историјата на киното. Но, она што може да ве изненади е кој е, всушност, најуспешната личност меѓу нив, пишува gamereactor.
Долго време, Семјуел Л. Џексон и Роберт Дауни Јуниор се бореа за врвот на оваа листа, но сега, по огромното отворање на Jurassic World: Rebirth, Скарлет Јохансон ги престигна своите поранешни колеги од The Avengers и го зазеде првото место.
Според The Numbers, Јохансон помогна да се генерираат неверојатни 14,614 милијарди долари на киноблагајните, а филмовите на „Марвел“ се главен извор на овој успех.
Во еден момент Зои Салдана беше водечка актерка во вкупната заработка на киноблагајните со 14,233 милијарди долари, но Јохансон ја престигна.
Сепак, овој рекорд, веројатно, ќе биде краткотраен бидејќи се очекува Салдана повторно да го заземе првото место подоцна оваа година кога ќе пристигне Avatar: Fire and Ash за кој речиси сигурно се предвидува дека ќе заработи најмалку 1 милијарда долари.
По ова, Дауни Јуниор би можел да се врати на тронот кога Avengers: Doomsday ќе пристигне кон крајот на 2026 година.
Забава
Стар тренд повторно летен хит: Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го обожаваат

Познатите личности веќе почнаа да го враќаат сјајот на еден стар летен тренд за убавина, кој беше популарен на почетокот на 2000-тите: светките за тело.
Мајли Сајрус и Дуа Липа веќе го прифатија овој тренд, некогаш промовиран од Бритни Спирс и Кристина Агилера, а Ријана исто така вклучи лосион за тело со светки во новата колекција на својот бренд.
View this post on Instagram
Сигурно барем еднаш сте се намачкале со ваков лосион и сте уживале во гламурот за време на состанок, па затоа добро знаете за што зборуваме. Значи, ова лето имате можност повторно да го користите и да бидете во тренд, а покрај светките за тело, тука се и некогаш популарните светки за коса.
Светкавите се вратија на друг начин, продавниците веќе се преплавени со светкави парчиња облека во форма на мини здолништа, фустани, шорцеви, кошули и панталони, а на улица можете да видите дека трендот повторно заживеа.
View this post on Instagram
Доколку сакате да бидете забележани уште повеќе и да се чувствувате гламурозно додека шетате на улица или излегувате навечер, тука се и чевлите со светки, но и додатоци за плажа.
Значи, ако сакате да блеснете и да привлечете внимание, слободно – светките се задолжителни ова лето!