Забава
Жените најсреќни на 28 години
Научниците откриле дека жените се најсреќни на возраст од 28 години. Тогаш, имено, се полни со самодоверба, среќни со својот живот и задоволни
Научниците откриле дека жените се најсреќни на возраст од 28 години. Тогаш, имено, се полни со самодоверба, среќни со својот живот и задоволни од своето тело.
И сега најдобриот дел – тој период трае цели две години, по што почнуваат грижите околу брчките, белите влакна, дебелината…
Доброто мислење за себе во поголемиот број случаи резултира и со квалитетниот сексуален живот.
“Ова е периодот кога косата на жената изгледа најдобро, кога нејзиното тело изгледа најдобро и кога е на врвот од самодовербата“, тврдат научниците кои го направиле истражувањето врз четири илјади жени.
Истото истражување покажало дека жените со работата се најзадоволни во 29 година, а со врската една година подоцна, додека најдобриот секс се врзува за 28-та година.
Во раните триесетти ќе почувствуваат финансиско задоволство, а ќе се смират со семејниот живот во 32.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Ги покажа своите неверојатни нозе во мини фустанче: кој би помислил дека има 56 години?
Холивудската ѕвезда Кетрин Зета-Џонс се појави во неверојатно издание на настан организиран за хит серијата „Wednesday“ во која ја игра Мортиша Адамс, и навистина е тешко да се поверува дека има 56 години.
Нејзиното провокативно издание привлече големо внимание, а како да не биде така кога се појави во чипкана кратка облека која ја истакнуваше нејзината зачудувачка, витка фигура во нејзините 50-ти години.

Кетрин носеше фустан со долги ракави кои паѓаат преку дланките и се шират, а акцентот всушност беше ставен на нејзините неверојатно тенки, затегнати нозе.
Фустанот е направен од проѕирна чипка и има подлога под која се гледа само мал дел од голата кожа, што јасно покажува дека не го следи трендот „гол фустан“.
Интересен детаљ е наборот што ја „собира“ плисираната ткаенина на дното, а актерката го комбинираше ова смело парче со црни чорапи и црни чевли со високи потпетици.

Таа носеше шминка со акцент на очите, а во преден план дојде нејзината долга, малку виткана коса со густи кафеави прамени, која паѓаше преку рамената и совршено се вклопуваше со оваа облека.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Бон Џови стана дедо по втор пат: уште едно бебе по само неколку недели
Легендарниот музичар и пејач Џон Бон Џови стана дедо по втор пат, само во неколку недели.
Синот на Бон Џови, Џеси, и постариот брат Џејк кој неодамна стана татко кога тој и неговата сопруга Мили Боби Браун посвоија дете, објави дека тој и неговата сопруга добија девојче кое го крстија Блер Луси.
„Блер Луси Бон Џови. Нашето слатко девојче е тука и не можеме да бидеме посреќни. Добредојде на светот, малечка Блер“, напишаа гордите родители во објава покрај фотографија од малата рака на новороденчето како го држи прстот на нејзината мајка.
Џеси Бон Џови и Џеси Лајт се венчаа во мај минатата година во Лас Вегас, а сега имаат голема причина за славење.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Хејли Бибер ги засени сите со фустанот и деколтето
Раскошната забава за 70-тиот роденден на Крис Џенер неодамна собра голем број познати личности, вклучувајќи ја и моделот и инфлуенсерка Хејли Бибер, која се појави во гламурозна облека.
Иако го криеше лицето од фотографите кои ја следеа, беше јасно дека носи спектакуларен винтиџ црн фустан од познатиот дизајнер Боб Меки. Така, Хејли, која стана милијардерка пред неколку месеци благодарение на нејзиниот бренд, се придружи на ексклузивната листа на клиенти на овој дизајнер: Шер, Мерилин Монро, Дајана Рос и други.

Хејли носеше блескав црн фустан кој наликува на парчето Версаче кое ја краси една од најпознатите девојки на Бонд, актерката Ева Грин.
Ексклузивното парче ја следи линијата на познатата манекенка и има дебели прерамки кои одат околу вратот, а Хејли го надополни изданието со впечатлива дијамантска огрлица и соодветна ретро фризура, во стилот на 60-тите.

Таа ја воздигна целата комбинација со сандали од Saint Laurent со кристални прерамки, но… немаше насмевка, па ќе заклучиме дека можеби тоа е единственото нешто што недостасува на оваа луксузна и елегантна облека.
фото: принтскрин

