Забава
„Мртов пијан“ јазовец го блокира сообраќајот
„Мртов пијан“ јазовец го блокираше движењето по германска магистрала во северозападниот дел на земјата, пренесуваат светските агенции
„Мртов пијан“ јазовец го блокираше движењето по германска магистрала во северозападниот дел на земјата, пренесуваат светските агенции.
Полицијата била повикана да отстрани од магистралата, јазовец кој на прв поглед не оддавал знаци на живот.
Кога полицајците се доближиле до јазовецот виделе дека животното не е мртво, туку пијано.
Полицијата соопшти дека јазовецот „претерал“ со јадењето вишни.
„Во стомакот на јазовецот овошните плодови ферментирале и тој беше пијан како свиња“, соопшти претставник на полицијата./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Некогаш најубавата актерка, сега шокира со својот изглед: Кејт прошета во долна облека низ Лос Анџелес
Кејт Бекинсејл веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста со своите необични, а понекогаш и бизарни стајлинзи. Не толку типичните модни додатоци се составен дел од нејзините комбинации, а се чини дека ова е личен моден израз кој таа нема намера да го прилагоди на модните трендови.
Сега странските медиумски фотографи ја фотографираа на улиците на Лос Анџелес, а таа повторно предизвика дискусија во врска со нејзиниот избор на облека.
Kate Beckinsale flashes her black underwear in a sheer white dress as she enjoys a shopping spree in LA https://t.co/ofUCuXtxLd
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 17, 2025
Таа носеше бел фустан од тил со црна долна облека видлива под него, а на изгледот ги додаде и своите препознатливи чизми со платформа, кои долго време беа предмет на јавни навреди.
Треба да се напомене дека фустанот ја истакнуваше нејзината видливо слаба фигура, особено нејзините нозе. Изгледот го надополни со златни додатоци кои беа, навистина, впечатливи.
Таа ја стилизираше косата на наједноставен начин – одлучувајќи се за нејзината автентична фризура, коњско опавче кое го надополни со преголема црна панделка.
Забава
(Фото) Јелена Розга сè поубава и позгодна: а нејзината модна комбинација воодушеви
Пејачката Јелена Розга (48) беше на еден настан во Белград и во таа пригода ги воодушеви сите со своето модно издание. Како и обично кога е таа во прашање, емоциите и добрата енергија се на врвот, а Јелена сето тоа го надополни и со својот неверојатен изглед.
Модните комбинации на една од омилените пејачки во регионот секогаш се вистинска инспирација, а таа знае како правилно да ја истакне целата своја женственост.
Јелена блескаше во карирано здолниште со средна должина кое го искомбинира со црна тесна ролка и елегантни чевли. Наборите на крајот од здолништето ѝ даваа уникатност, а кројот во форма на сирена ја нагласуваше нејзината фигура.
Како што пишува Gloria.hr, станува збор за модел направен од волна, од брендот Klisab и неговата цена е околу 370 евра.
Не е невообичаено Јелена Розга да предизвика возбуда со својот стил, кој е секогаш толку одмерен и софистициран, па затоа уште еднаш докажа дека постојат работи што никогаш не излегуваат од мода.
Јелена ужива во љубовта со Иван Хуљиќ, кој е 11 години помлад од неа, а многумина го припишуваат нејзиниот зачудувачки изглед на среќата на емоционално ниво.
Забава
(Фото) Бен Афлек ги обедини поранешните сопруги, Џенифер Лопез го украде вниманието
Бен Афлек и неговата прва поранешна сопруга Џенифер Гарнер неодамна беа фотографирани заедно, а причината беше еден настан на кој учествуваше нивниот син Самуел Афлек.
Се чини дека ова било и собир на бившите на Бен, бидејќи била присутна и неговата втора поранешна сопруга – Џенифер Лопез.
Овој момент го забележале и фотографи од странски медиуми, а фотографиите стигнале до социјалните мрежи со брзина на светлината.
J.Lo, Ben Affleck, and Jen Garner Quietly Reunite at a Family Event https://t.co/EK2QgE3Kpm
— Harper’s BAZAAR (@harpersbazaarus) December 16, 2025
На фотографиите пред училиштето, гледаме семејна идила – Бен и Џенифер Гарнер во друштво на нивниот син Самуел. Џенифер Лопез, како што објавуваат медиумите, пристигнала малку подоцна, во придружба на нејзиниот долгогодишен менаџер Бени Медина и нејзината мајка Гвадалупе.
Поп дивата привлече најголемо внимание и воодушеви со својот моден избор. Носеше елегантен капут кој го комбинираше со црн чипкаст горен дел.
Ben Affleck Sees Both Jennifer Garner and Jennifer Lopez at Son Samuel's Show https://t.co/jAPP9tuJlg pic.twitter.com/bfa4jw3ERX
— TMZ (@TMZ) December 14, 2025
Својот стајлинг го комплетираше со едноставна фризура, а незаменлив дел од облеката беше шминката во земјени тонови.
Пејачката постојано нагласуваше дека има добри односи со децата на Бен и дека нивниот развод не влијаел на нивните заеднички собири за големи настани.

