Забава
Жените минуваат една година од животот во избор на облека
Жените во просек минуваат скоро една година од својот живот избирајќи што ќе облечат, покажа истражувањето, што го објавува „Телеграф“
Жените во просек минуваат скоро една година од својот живот избирајќи што ќе облечат, покажа истражувањето, што го објавува „Телеграф“.
На избор на гардероба за на работа, за излегување во клуб, на вечера, во ресторан, за празници, за спортување или за други активности една жена троши просечно 287 денови од својот живот.
Најмногу време жените „губат“ на добитна комбинација облека за излегување за време на викендот или за празници.
Истражувањето покажа дека една жена во просек секое утро во работните демови троши 16 минути „меѓу плакарот и огледалото“, а 14 минути во сабота и недела изутрина. Повеќето жени трошат дваесетина минути размислувајќи што да облечат за излегување во текот на викендот, а за тоа што да земат за на одмор им се потребни „само“ 52 минути.
Со зголемување на важноста на настанот, се зголемува и времето за бирање облека. Така за прослава на Нова Година, роденден или друг празник на припадничките на поубавиот пол им требаат во просек 36 минути.
Истражувањето опфати 2.491 жена, а според организаторот компанијата „Маталан“ облеката директно влијае на тоа како се чувствуваме./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Проѕирен фустан, без градник: ѕвездата од тинејџерската серија во драматична комбинација на црвениот тепих
Актерката и пејачка Тејлор Момсен беше на церемонијата на доделување на наградите Rock & Roll Hall of Fame во Лос Анџелес, а привлече внимание со својата смела модна комбинација.
Актерката позната по улогата во серијата Gossip Girl се појави во долг фустан од тантела, без градник под него, и изненади многумина со оваа смела комбинација.

Имаше силна шминка и популарен smokey eye, а косата ѝ беше лабава и зафрлена на едната страна, малку свиткана во брановидни прамни.
Накитот што го избра не остана незабележан, па се чини дека сакаше да постигне драматичен ефект, што ја направи многу забележана.

Тејлор глумеше во хит-серијата Gossip Girl од 2007 до 2010 година, а неодамна ја откри и причината за напуштањето на серијата.
„Мојот агент, мојот менаџер, сите долетаа до мојата куќа за да ме убедат на аудиција. Моите родители ме убедија да одам на аудиција бидејќи тоа е огромна можност. Gossip Girl е чудно шоу бидејќи, од една страна, беше, знаете, одлично, но од друга, навистина не сакав да бидам таму“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.

фото: принтскрин

