Забава
Бара отштета од факултетот бидејќи не нашла работа
Трина Томпсон (27) од Њујорк, не успеала да пронајде вработување и поради то го тужи колеџот каде дипломирала
Трина Томпсон (27) од Њујорк, не успеала да пронајде вработување и поради то го тужи колеџот каде дипломирала.
Таа бара отштета од 70 илјади долари, колку што потрошила на школувањето.
Во тужбата против колеџот од Бронкс се вели дека Трина не успеала да пронајде работа, откако во април добила диплома од областа на информатичките технологии.
Според Трина, колеџот Монро не и пружил совети за кариерата какви што ветувал.
Претставниците на колеџот оценуваат дека тужбата е неоснована и наведуваат дека оваа установа им помага на дипломците да се вработат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои носат проблеми: ако им е досадно, подобро држете се настрана од нив
Хороскопските знаци кои носат проблеми го прават тоа едноставно за забава. Иако понекогаш може да биде смешно, тие често знаат да ги комплицираат ситуациите, но секако, за другите.
Едноставно, постојат хороскопски знаци кои уживаат во правењето неред и хаос, или затоа што им е здодевно и сакаат да се забавуваат или затоа што не можат да се воздржат и кога ќе добијат шанса ќе направат се за да создадат хаос кој често (само) за нив е многу забавно.
Хороскопски знаци кои носат проблеми
Водолија
Ако на овој знак му е здодевно, сè ќе претвори во хаос само поради возбудата. Ова е личност која може да учествува во нешто или едноставно да ужива во моментот да гледа како сето тоа се распаѓа. Тие едноставно се возбудени од екстремно необични ситуации. Ќе викнат „оган“ во толпа само за да видат колку сите ќе бидат вознемирени. Тогаш ќе тврдат дека им е природно право да имаат слобода на говор.
Шкорпија
Претставниците на овој знак сакаат да предизвикуваат хаос и неволји. И не само што го сака хаосот, тој сака и вие да го знаете тоа. Тоа е нешто што треба да го очекувате од него. Тие се многу интелигентни и полни со љубов, но во исто време се и најголемите манипулатори на светот. А сето тоа можат да го постигнат со лаги, заведување, ветувања за богатство и многу повеќе. Ова е особено изразено кога се во прашање романтичните врски.
Лав
Лавовите се вжештени и прават што сакаат, кога сакаат, без разлика на последиците. Ова значи проблеми во пракса. Тие се главоглави и егоисти и само сакаат да ги прават работите на свој начин. Во светот на фантазијата ова би било добро, но во реалниот живот не секој може да го добие она што го сака. Сепак, хаосот што Лавовите го создаваат предизвикува конфузија, повредени чувства, несигурност и цел куп други работи. Тие ќе направат хаос кај сите за да предизвикаат силни емоции.
Близнаци
Близнаците сакаат да прават работи само за да видат што се случува. Не ги интересира како понатаму ќе се развива ситуацијата. Она што ги возбудува е колку во тој момент може да се предизвика метеж и лудило. Хаосот прави претставниците на овој знак да се чувствуваат живи. Близнаците не ги интересира што ќе ги стават своите односи на тест за неколку секунди и ќе предизвикаат хаос. Тие немаат поим што прават, но навистина не им е грижа и често го нарекуваат ова чувство живеење во моментот.
Hitech
Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто
Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.
„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.
„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.
Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).
Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.
Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.
Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.
Забава
Прво огласување по долга пауза: Кејт Мидлтон објави фотографија на посебен ден
Кејт Мидлтон на „Инстаграм“ објави фотографија од својот најмал син, принцот Луис, по повод неговиот шести роденден.
„Среќен шести роденден, принцу Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува под фотографијата.
View this post on Instagram
Ова е прво јавно огласување на војвотката од Велс по долго време. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.
Според „Скај њуз“, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека не е монтирана.
Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.