Забава
Полош и од Делбој

Измамник од Калифорнија се обидел да продаде врата од рерна како плазма телевизор
Измамник од Калифорнија се обидел да продаде врата од рерна како плазма телевизор.
Трговецот измамник од Калифорнија се обидел искршената врата од рерната да ја продаде на своите сограѓани за 100 долари, убедувајќи ги дека станува збор за ЛЦД телевизор.
Ентони Мајлс од Сан Леандер ја искршил вратата од рерната на својот шпорет, ја ставил во кутија за ЛЦД телевизор и со ова парче „бела техника“ под мишка излегол на улица и се обидел да го продаде „супермодерниот ТВ приемник“ за многу поволна цена.
Иако се надевал на лекомисленост на своите сограѓани, од кои некои навистина размислувале за купување, Мајлс паднал во раце на полицијата кога еден муштерија го пријавил.
Полицијата не можела да го обвини бидејќи „телевизорот“ не бил продаден. /крај/мо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кралицата бара администратор на социјалните мрежи, плата 67.000 долари

Британската кралица Елизабета Втора е подготвена да плати до 67.000 американски долари годишно на личност која би управувала со нејзините профили на социјалните мрежи, сѐ со цел да најде, како што рече, нови начини за одржување на нејзиното присуство на јавната и светската сцена.
Кралското семејство, кое исто така неодамна се појави на LinkedIn, истакна дека работата вклучува и анимирање на публика низ целиот свет, не само во Велика Британија.
„Успешниот кандидат ќе раководи со мал дигитален тим експерти, ќе создаде стратегија за содржини за нашите дигитални канали и ќе работи со колегите за континуирано подобрување на нашето дигитално присуство“, се вели во соопштението.
Избраната личност мора, како што се бара, да обезбеди дека социјалните мрежи на кралицата се од интерес и за публиката, со истовремено зачувување на угледот и влијанието на ова семејство.
Тоа лице исто така треба да има искуство во користење на различни платформи за управување со содржини, социјални мрежи и алатки за аналитика, јавува CNBC.
Менаџерот за социјално вмрежување би имал 33 дена годишен одмор (вклучувајќи празници) годишно, бесплатен ручек, обука и придонеси за пензионирање. Истотака, се наведува дека годишната плата се движи помеѓу 45,000 и 50 000 фунти (околу 67,000 американски долари), во зависност од искуството.
Забава
Ширум светот одржан фестивалот на дедо мразовци

Во многу градови низ светот, вклучително и Њујорк, се одржа традиционалниот фестивал на Дедо Мраз.
Илјадници луѓе облечени во црвени костуми на Дедо Мраз се собраа на Тајмс Сквер во Њујорк за Фестивалот Сантакон.
И покрај студот, тие пееја, танцуваа и им делеа слатки на децата.
Како и претходните години, годинашниот фестивал се организира преку социјалните мрежи.
Фестивалот Сантакон првпат беше организиран во 1994 година во Сан Франциско и оттогаш стана меѓународен феномен, пренесува „Њузвик“.
Забава
Илјадници риби со необичен облик преплавија плажа во Калифорнија

Низата зимски бури што ја зафатија Калифорнија предизвикаа плажата северно од Сан Франциско да биде преплавена со необични суштества. Тие многу личат на машкиот полов орган и затоа добиле прекар пенис-риби.
Според списанието Bay Nature, овие суштества се всушност морски црви. Најмногу се наоѓаат под песокот и далеку од плажите, но неодамнешните бури ги извадија на површина.
Како што се гледа на фотографиите, изложени на плажа, пенис-рибите се лесен плен за птиците.
Инаку, овие суштества се деликатес во Јужна Кореја.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде