Забава
Измени во Законот за здравствена заштита

Здравствените работници денеска на средба во владата ќе бидат запознаени со последните измени и дополнувања на Законот…
Здравствените работници денеска на средба во владата ќе бидат запознаени со последните измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита.Министерот за здравство Бујар Османи претпладнево ќе одржи работна средба со претставници на здравствените комори, синдикатот, Медицинскиот факултет и други еснафски здруженија.Измените и дополнувањата се во насока на унапредување на партнерскиот однос со релевантните чинители во здравството и вклучувањето на коморите во работата на новиот Совет, кој за првпат се воспоставува со овие законски дополнувања, а чија задача ќе биде креирање на Програмата за специјалистички и субспецијалистички кадри за здравствените установи. Станува збор, како што е соопштено, за суштински дополнувања, кои претставуваат одговор на идентификуваните потреби на пациентите и на медицинскиот персонал, а воедно придонесуваат за унапредување на функционалноста и на финансиското работење на здравствените установи./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Убавата „домаќинка“ заведува во Кан со своите облини

Започнува 78-от Кански филмски фестивал и, како и секогаш, бројни холивудски ѕвезди се обидоа да остават вистински впечаток, овој пат според некои нови правила.
Прославената актерка Ева Лонгорија се појави на церемонијата на отворањето на 78-от Кански филмски фестивал и буквално ги остави сите без зборови.
Оваа година, за прв пат, имаме ново правило, таканаречените голи изданија се забранети, а се чини дека Ева може да исполни секоја модна задача што ќе ѝ се постави.
Позната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, популарната џебна Венера позираше во креација од Оскар де ла Рента. Таа избра комбинација од црна и златна боја со метални детали кои целосно го покриваат фустанот напред.
Долга црна машна што се истакнуваше на задната страна беше исто така еден од деталите, а актерката сè го зачини со впечатлива огрлица и обетки.
Забава
Некои ќе добијат огромни суми пари, на други им пристигнува љубов: овие знаци ќе цветаат од среќа кон крајот на мај

Динамички настани и изненадувања ги очекуваат сите хороскопски знаци, а некои ќе се преродат – ова е нивната судбоносна шанса.
Ако чекавте момент за нов почеток – мај е месецот кога судбината ве поканува да ја зграпчите среќата. Планетарниот аранжман најавува огномет од настани за сите хороскопски знаци: од ненадејни финансиски добивки и неодоливи љубовни авантури, до бизнис бум и непланирани патувања.
Некои ќе се заљубат до смрт, други ќе достигнат нови деловни височини, а трети едноставно нема да можат да веруваат колку се среќни.
Овен
Овните влегуваат во месец полн со енергија и ентузијазам. Финансиската стабилност се зголемува, а ненадејните парични приливи може пријатно да ве изненадат. Во љубовта, вратата се отвора за страсни романси и судбински разговори. Искористете го овој период за да преземете иницијатива, ѕвездите се на ваша страна. Само не заборавајте да направите пауза, за да не се исцрпите од темпото.
Бик
Бикови, оставете ја скромноста настрана, мај има подароци за вас. Можни се големи трошоци, но и повеќе од солиден приход. Вашата харизма е на својот врв, вашата врска со партнерот е хармонична и ве очекува патување од соништата или скап подарок. Клучот до успехот: не плашете се од промените, бидејќи ова е вашата шанса на годината.
Близнаци
Близнаци, подгответе се за интелектуална и финансиска преродба. Вашата дружељубивост и креативност носат признание и заработка. Во емотивниот живот – нови познанства или обновување на старите врски. Важно е да не донесувате избрзани одлуки и да си дадете време за одмор.
Рак
Раковите ги очекуваат емоционални флуктуации и бран на љубомора. Патувањето во странство е можно, а успехот на работа е преку тимска работа. Страста тлее во љубовта, но важно е да се одржи рамнотежа и да не се подлегне на негативните емоции. Време е за искрени разговори, и со другите и со себе.
Лав
Лавови, ова е вашиот месец! Кариерни напредувања, нови деловни решенија и романтични авантури – сè е во прашање. Парите доаѓаат преку семејни врски, а втората половина од мај е идеална за љубов и културни настани. Твојата храброст и амбиција сега се исплатуваат.
Девица
Девиците ќе блеснат во мај во тимската работа и остварувањето на деловните амбиции. Можно е напредување во кариерата или започнување сопствен бизнис. Љубовните врски се инспиративни и хармонични, особено во средината на месецот. Резервирајте го крајот на мај за повлекување и обновување на силата.
Вага
Вага, мај е вашиот месец за обнова. Хармонијата доаѓа и во бизнисот и во љубовта. Деловните изненадувања се на повидок, а во емотивните односи – страст и возбудливи промени. Зборувајте отворено за вашите чувства и не двоумете се да ги искористите новите можности.
Шкорпија
Шкорпиите се полни со енергија. Во бизнисот – успех, а во љубовта – фатални привлечности. Сепак, бидете внимателни, не споделувајте планови со оние кои не ви се блиски, бидејќи зависта може да ве натера да се заплеткате. Вашата харизма е магнет за длабоки чувства.
Стрелец
Стрелецот ќе биде во центарот на вниманието. Нови проекти, познанства, забави – темпото е брзо. Во љубовта – краткотрајна, но инспиративна романса. Грижете се за вашето здравје, создадете простор за одмор и избегнувајте стресни ситуации.
Јарец
Јарците ќе решаваат стари проблеми и ќе отвораат нови поглавја. Можни се алергиски реакции, затоа внимавајте на вашето здравје. Бизнисот напредува, љубовните врски се стабилни. Време е да се соочиме со минатото и да продолжиме понатаму без оптоварувања.
Водолија
Водолиите ќе се соочат со предизвици, но и со одлични можности. Проблемите во врските и на работа се минливи, од 21 мај започнува вашиот период на среќа. Во последната третина од месецот, се отвораат врати за нови проекти и важни познанства.
Риби
Рибите влегуваат во виорот на романсата. Емоционалните врски добиваат нова димензија, а слободните имаат шанса за вистинска љубов. На работа ве очекуваат нови понуди и потенцијална промена во кариерата. Важно е да се грижите за вашето здравје и да не се плашите од животните пресврти.
Забава
Ким Кардашијан на суд во Париз, првпат се соочи со напаѓачите

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан денес сведочеше на судењето во Париз во случајот со грабежот од 2016 година, во кој ѝ беше украден накит вреден шест милиони долари.
Грабежот се случи во Париз за време на „Фешн вик“, а беше украден нејзиниот накит, вклучувајќи и дијамантски прстен од 4 милиони долари што ѝ го дал поранешниот сопруг Канје Вест.
Кардашијан, повремено во солзи, рече дека дошла во француската престолнина за Модната недела и дека Париз е место што отсекогаш го сакала и каде што се чувствувала безбедно, објави Ројтерс.
„Се разбудив околу три часот наутро и слушнав чекори по скалите. Ја повикав сестра ми и еден пријател, но никој не се јави“, рекла таа, додавајќи дека неколку луѓе во полициски униформи влегле во нејзината спална соба.
Кардашијан рекла дека била многу збунета и зашеметена, обидувајќи се да сфати што се случува, а потоа еден од мажите рекол на англиски со акцент – „Ринг, прстен!“
„Бев во шок и на почетокот помислив дека е некаков терористички напад, и не сфатив веднаш дека го сакаат мојот накит“, рекла таа.
Таа додаде дека напаѓачите потоа ја фрлиле на креветот, дека била многу исплашена и хистерична, и постојано велела дека мора да се врати дома кај своите деца.
Според неа, еден од нив вперил пиштол кон неа и ја повлекол кон себе, па во тој момент помислила дека ќе ја силува, но за среќа само ја врзал.
Ова е прв пат Кардашијан да се соочи со осомничените за нападот и грабежот. Осомничените се на возраст меѓу 60 и 70 години, објави АП.
Судењето започна минатиот месец и во него учествуваат десет обвинети.