Забава
Лукот како превентива од новиот грип
Епидемијата на новиот грип предизвика многу дилеми меѓу обичниот свет, но повеќето веруваат во едно – во благотворното дејство на лукот.
Епидемијата на новиот грип предизвика многу дилеми меѓу обичниот свет, но повеќето веруваат во едно – во благотворното дејство на лукот. Кај народот лукот од дамнешни времиња е лек за сè. Во тоа речиси фанатично исконско верување се оди толку далеку, што лукот денеска се употребува не само како превентивен лек, туку и како средство против „лошите духови“ и другите „невидливи опасни сили“. Лукот има широка примена во народната медицина, а во последно време, по многу научни истражувања во кои се потврдени неговите делотворни својства, сè повеќе се користи и во современата фармацевтска индустрија. Своето латинско име Allium sativum лукот го добил по својата најзначајна состојка, алицин, кој делува антибактериски. Експертите велат дека потребно е внимание ако со лукот се користи витамин Е, препаратите гинко билоба, лековите трентал, аспирин, фарин, хепарин, бидејќи може да дојде до засилено крварење. Во народот лукот не се користел само како лек, туку и како средство за баење и фрлање магија. И денеска многумина на пат не тргаат без лук. Кога синот заминувал во војска, или кога ќерката излегувала, во облеката им се ставало лук да ги зачува. Од историските списи се гледа дека и во стариот, и во средниот, но и подолго време во новиот век, лукот бил признат и од службената медицина. Но во последните векови, посебно во 19. век, лукот речиси целосно бил исфрлен од фармацијата. Дури во Првата, а особено во Втората светска војна и по неа, започнува вистинското научно проучување на лукот, па тој денеска разновидно се употребува во медицината. Лукот влегува во состав на различни препарати за јакнење, како стимуланс на нервниот систем, па против високиот крвен притисок, артериосклерозата, како антисептичко превентивно средство против разни заразни болести (тифус, грип, дифтерија, колера), против хроничниот бронхитис, големата и мала кашлица… Лукот е многу старо растение. Кинезите, Индусите, Евреите, Египќаните и другите народи го одгледувале повеќе векови пред новата ера како хранливо, зачинско и лековито растение. Во Библијата се спомнува една течност од лук и оцет што им се давала на жетварите. Во старата индиска медицина лукот бил многу ценет лек, а бил употребуван и како љубовна напивка. Старите Египќани, благодарејќи на моќите на лукот, спречиле болести и успеале да ги изградат пирамидите. Старите Грци им забранувале пристап во храмовите на оние што јаделе лук (го нарекувале „смрдлива роза “), но малку растенија почитувале како лукот. Римјаните, исто така, го употребувале како лек, зачин и храна. Вергилиј спомнува за исцеден сок од лук и мајчина душичка. „Жетварите треба да се намачкаат со тоа ако сакаат мирно и безгрижно напладне да се одморат, бидејќи тогаш змиите нема да ги касаат“. Арапските лекари во средниот век многу придонеле на ширењето на употребата на лукот како лек, како што впрочем, тоа го правеле и со многу други растенија за кои тогаш не знаела „назадната“ Западна Европа. Лукот е најуниверзална амајлија во растителниот свет бидејќи заштитува од несреќи и уроци. Кај многу народи постои верување дека на лукот „не оди никаква зла сила“. Особено му се плашат вештерките, маѓесничките, гатачките. Затоа лукот обично се чува над влезните врати во домот. На новороденчето под глава му се става лук да го чува од секакво зло. Во актуелната приказна за новиот грип, заштитните маски, вакцината, миењето раце, можеби не е на одмет да се сетиме и на лукот. Сигурно нема да штети. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

