Забава
Мозокот ја чувствува болката на другите луѓе
Доколку некогаш сте помислиле дека ја чувствувате болката на другите луѓе, можеби и сте биле во право. Новата студија за мозокот открива дека некои луѓе имаат вистински и многу реални физички реакции на повредите кај другите луѓе, пренесе Ројтерс.
Доколку некогаш сте помислиле дека ја чувствувате болката на другите луѓе, можеби и сте биле во право. Новата студија за мозокот открива дека некои луѓе имаат вистински и многу реални физички реакции на повредите кај другите луѓе, пренесе Ројтерс. Британските научници преку користење на техника на слики наречена функционално MRI, пронајдоа докази дека луѓето кои тврдат дека чувствуваат болка кога гледаат како страда некој друг човек, навистина имаат значајно зголемена активност во регионите на мозокот каде се сместени сензорите за болка.Истражувања, објавени во списанието “Болка“, даваат импликации за разбирање и можно третирање на случаите на необјаснетата „функционална“ болка.„Пациентите чувствуваат болка во отсуство на очигледна болест или повреда што би ја објасниле нивната состојба,“ објаснува Др. Стјуарт Дербишир од Универзитетот во Бирмингем кој е и еден од истражувачите во новата студија.Тој изјави за Ројтерс дека се прават огромни напори да се пронајдат нови начини за да се дознае повеќе за болката и како таа може да се генерира. Дербишир и неговиот колега Џоди Озборн го спровеле експериментот врз 108 студенти на кои им биле покажани по неколку вознемирувачки слики од болни ситуации – вклучувајќи и спортисти кои страдаат од некоја спортска повреда или пациенти кои примаат инекција. Околу една третина од студентите изјавиле дека за најмалку една слика, не само што имале емоционална реакција, туку и во исто време почуствувале и болка. Дербишир и Озборн потоа направиле MRI скенирања на 10 од испитаниците кои реагирале и 10 од оние кои не реагирале на болката од прикажаните слики.Скенирањата на мозокот на испитаниците, покажало нешто многу интересно – и двете групи на испитаници имале активност во емоционалните центри на мозокот, но само оние кои тврделе дека сочувствуваат со болката на другите луѓе навистина имале поголема активност во мозочниот регион за болка.„Мислиме дека ова потврдува дека барем некои луѓе имаат вистинска физичка реакција кога ги набљудуваат другите повредени или болни луѓе,“ изјави Дербиш. /крај/K.O./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

