Забава
Дакар 2010
Релито Дакар 2010 година кое ќе започне и ќе заврши во Буенос Аирес на 1 јануари 2010 ќе трае до 16 јануари 2010 година.
Мал историјат за релито Дакар:Релито Дакар ( или оригинално наречено Париз- Дакар) е годишно рели кое почнало да се одржува во 1979 година откако возачот Тиери Сабин се изгубил со својот автомобил во пустина и всушност решил дека тоа би било добра локација за рели. Се до 2007 година релито се возело од европска на африканска почва (Париз – Дакар, или пак Париз- Кејп Таун, Барселона-Дакар, Марсеј-Шарм Ел Шеик), но од 2009 година поради безбедносни причини, релито е префрлено во Јужна Америка, каде се одржува веќе втора година по ред. Релито Дакар во 2008 година не се одржа заради терористички закани. Првите победници во класата автомобили во далечната 1979 се Французите Алан Генастие и Џосеф Тербиаут, кај моторите првиот победник бил исто така Французин Кирил Неву, а во првата година на одржување немало класа камиони. Таа била додадена следната година. Последните победници од минатогодишното рели се: Гиниел де Вилиерс и Дирк вон Зизенвиц во класата на автомобили, Марк Кома во класата на мотори, а кај камионите победник беше Русинот Фирдаус Карбинов. Од почетокот на одржувањето на релито, до денешен ден имало 13 смртни случаи кај возачите, а забележани се и смртни случаи кај цивилното население. По втор пат релито Дакар ќе се одржи во Јужна Америка, во Аргентина и Чиле по седум етапи во секоја од двете држави. Вкупната километража која треба да ја поминат натпреварувачите изнесува 2.366 километри. Во релито Дакар 2010 ќе се натпреваруваат вкупно 372 тима, а 184 мотори на две и четири тркала, 138 автомобили и 50 камиони. Во сите 16 натпреварувачки денови, учесниците ќе имаат само еден слободен ден, на 9 јануари. Натпреварувачите ќе поминат низ 13 градови од двете држави: Буенос Аирес, Колон, Кордоба, Ла Риоха, Фиамбала, Копиапо, Антофагаста, Икуикуе, Ла Серена, Сантијаго, Сан Хуан, Сан Рафаел, Санта Роса. Оваа година ќе се натпреваруваат девет припаднички на понежниот пол: Ени Сил од Шведска, и Кристина Мејер од Германија во мотори на две тркала, Камелија Лупароти од Италија во мотори на 4 тркала. Марија Кристина Тоернер од Чешка, Изабел Патисиер, Стефани Френестаз, Мари Лор Фејнанд и Кристин Февре од Франција, како и Одри Русов од Русија ќе се натпреваруваат во класата автомобили. Домаќинот Аргентина ќе биде претставувана од вкупно 59-те натпреварувачи. Боите на Чиле пак, ќе ги бранат вкупно 26-те натпреварувачи. Аргентина има речиси двојно повеќе натпреварувачи, од Чиле, но Чиле пак има натпреварувачи во сите категории, што не е случај со Аргентина која нема свои претставници во категоријата камиони. Агенцијата Макфакс ќе го покрива секој ден од релито Дакар 2010 година со информации за победниците и детали за етапите.Во прилог се детали за етапите од сите натпреварувачки денови на Дакар 2010: 1 Етапа: Буенос Аирес- Кордоба (1-2 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала- 652 километри, автомобили и камиони- 684 километри.2 Етапа: Кордоба- Лар Риоха (3 јануари2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала- 626 км, автомобили и камиони-687 км.3 Етапа: Ла Риоха- Фиамбала(4 јануари2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 441 километар.4 Етапа- Фиамбала- Копиапо (5 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 629 километри.5 Етапа: Копиапо- Антофагаста (6 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 670 км.6 Етапа: Антофагаста- Икуикуе (7 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони-598 км.7 Етапа: Икуикуе- Антофагаста (8 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони-641 км.8 Етапа: Антофагаста- Копиапо (10 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 568 км.9 Етапа: Копиапо- Ла Серена (11 јануари2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони-547 км.10 Етапа: Ла Серена- Сантијаго (12 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 586 км.11 Етапа: Сантијаго –Сан Хуан (13 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 434 км.12 Етапа: Сан Хуан- Сан Рафаел (14 јануари 2010) *Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 796 км.13 Етапа: Сан Фараел- Санта Роса (15 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони-725 км.14 Етапа Санта Роса- Буенос Аирес (16 јануари 2010)*Должина: Мотори со две и четири тркала, автомобили и камиони- 707 км./крај/дк/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.
Забава
(Видео) Ѕвездата од Бриџертон ја открива непријатната вистина зад 18+ сцената на скалите
Ѕвездата од „Бриџертон“, Јерин Ха, ја откри не толку гламурозната вистина за снимањето на страсната сцена со скалите што привлече толку големо внимание од гледачите.
Додека обожавателите го очекуваат вториот дел од 4. сезона на серијата, која ќе се појави на Нетфликс на 26 февруари, актерската екипа открива детали зад сцената.
Најновата сезона го следи Бенедикт Бриџертон, игран од Лук Томпсон, и неговата потрага по мистериозната „дама во сребрено“, односно досетливата слугинка Софи Бек, играна од Ха. Нивната приказна кулминира во експлицитна сцена на скали, но снимањето, вели актерката, било сè друго освен романтично.
Сцената со скалите се одвива во четвртата епизода и прикажува страсен момент помеѓу Бенедикт и Софи на скалите од куќата Бриџертон.
Иако сè изгледа беспрекорно на екранот, Ха откри дека и таа и Томпсон биле болни пред снимањето. „Бевме малку ментално исцрпени и нервозни, па затоа мојот имунитет беше опаднат“, рече таа.
@netflixanz The staircase scene…omg #Bridgerton #WhatToWatch ♬ original sound – Netflix Australia & NZ
Ха и Томпсон зборуваа и за делот од сцената што започнува многу интензивно, а потоа нагло запира кога Бенедикт ја замолува Софи да му биде љубовница. „Беше како некој да ме удрил“, рече Ха, објаснувајќи дека во тој момент нејзиниот лик како да се вратил во реалноста и сфатил дека се „од два различни света“.
Томпсон додаде дека Бенедикт бил изненаден од нејзината реакција и дека искрено верувал дека нуди нешто што ќе „функционира“. Тој вели дека тоа покажува поанксиозна и ранлива страна од него што публиката не ја видела до тој степен порано.
Забава
(Видео) Најдобрата тенисерка критикувана за рекламата за Оземпик: нејзиниот одговор на хејтерите е – танцување на шипка
Познатата тенисерка Серена Вилијамс (44) секојдневно ги инспирира коментаторите на социјалните мрежи, на многу различни начини. Нејзиниот изглед е секогаш тема на медиумите, како и нејзината видлива трансформација на телото, а потоа привлече негативни коментари кога учествуваше во реклама за лек за слабеење.
Рекламата што ги налути дури и оние што ја сакаат беше емитувана за време на Супербоул, а станува збор за лекови за слабеење што самата Серена ги истакна како тие ѝ помогнале во процесот на трансформација.
„Најдобрата тенисерка на сите времиња дојде да го рекламира Оземпиќ“, разочарано коментираа на мрежите.
Сите овие реакции веројатно стигнаа до Вилијамс, која сними видео за кое велат дека е одговор на хејтерите.
Во нејзиното видео на TikTok, Серена вежба танцување на шипка, pole dance, и сето тоа со кратка порака.
@serena I’m back to training on my 2 favorite devices.
„Се враќам на тренинг со моите две омилени парчиња опрема.“
Серена Вилијамс никогаш не криела дека се мачела со својата тежина, а работите станале уште полоши по второто раѓање. Пред две години, кога престана да дои, таа го започна процесот на слабеење и успеа да ослабе 14 килограми.

