Забава
Папата и прости на жената што го турна
Папата Бенедикт 16-ти се сретна со жената која го турна за време на Божиќната миса и и’ прости за стореното дело.
Папата Бенедикт 16-ти се сретна со жената која го турна за време на Божиќната миса и и’ прости за стореното дело.
Официјален Ватикан соопшти дека папата Бенедикт 16-ти се сретна со Сузана Мајоло и нејзините роднини.
Мајло, која што го турна за време на Божиќната миса му се извинила на папата, кој и простил и воедно бил загрижен за нејзиното здравје.
„Папата покажа дека и’ простува“, изјави Федерико Ломбарди, портпаролот на Ватикан.
Тој, водејќи се од христијанските начела, секогаш им простува на оние што кои згрешиле со него. Така претходникот Јован Павле Втори му прости на човекот што изврши атентат врз него.
Од друга страна, наизглед наивно е кога папата бара прошка од другата страна. Така, папите бараат прошка за дела од минатото во кои воопшто не учествувале: Крстоносните војни и инквизаторскиот линч на научниците и иноваторите, дела од мрачниот среден век./крај/ф/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Ана Ивановиќ има силна порака за сите жени и мајки
По разводот од Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ одлучи да се посвети на себе и на своите деца. Таа стана активна и на социјалните мрежи, каде што редовно „качува“ фотографии од својата приватна и деловна средина.
Атрактивните објави се честа појава на нејзините социјални мрежи и судејќи според фотографиите, таа конечно ужива во животот.
Ана сега одлучи да им открие на своите обожаватели како го поминува времето во тишината на својот дом по родителските и деловните обврски.
Таа објави фотографија на Инстаграм во виолетова облека додека ја чита својата омилена книга. Вниманието на јавноста го привлече описот на фотографијата, што е воедно и родителски совет.
Може да се каже дека поранешната тенисерка испрати силна порака до сите мајки кои се борат за „своето време“. Со други зборови, Ана нагласи колку е важно „времето за себе“ кога стануваш мајка.
Коментарите на обожавателите се напливуваа, а сите ѝ испратија најдобри желби на поранешната тенисерка.
Забава
Пет трика за нега на руса коса
Русата коса изгледа прекрасно, но е најзахтевна кога станува збор за нега, па затоа не би било лошо да ѝ посветите малку повеќе време.
Бидејќи русата боја за коса е најсилна, таа исто така најмногу ја оштетува косата. Сепак, со соодветна грижа, русата коса може да биде совршено здрава и убава.
Многу жени со руса коса најчесто се соочуваат со проблемот на сува и оштетена коса, но со следните пет совети, вашата коса ќе биде обновена и ќе изгледа убаво, здраво и сјајно.
1. Вистински шампон
Најдобро би било да ја миете косата со шампон кој е специјално дизајниран за руса коса. Освен што ќе ја освежи бојата со секое миење, ќе ѝ даде на вашата коса дополнителен сјај и мекост.
2. Маска за коса
Користете маска за коса најмалку двапати неделно, без разлика дали ја правите сами или ја купувате во продавница. Изгледот на вашата коса ќе се промени по само една недела.
3. Боење
Не претерувајте со боењето бидејќи, како што споменавме на почетокот на текстот, русата боја е најсилна и најмногу ја суши вашата коса. Секој месец, бојадисувајте го само коренот, а на секои четири месеци, бојадисувајте ја целата коса.
4. Регенератор без плакнење
Ако имате проблем со расцепени врвови и неуредна коса која бара премногу чешлање, прскајте регенератор без плакнење секојдневно или ставајте капки на врвовите.
5. Сјај
Кога имате руса коса, природниот сјај е едвај забележлив. Затоа постојат спрејовите за сјај на косата. Едноставно испрскајте ги по секое миење и проблемот е решен.
Забава
(Видео) Секси снимка од речиси голата Хајди Клум на многумина им го помати умот
Во неколку наврати имавме можност да уживаме во беспрекорните изданија на Хајди Клум, како и во провокативните објави на интернет.
На пример, го видовме нејзиното топлес издание кое ја одбележа 2025 година, и потценување е да се каже дека таа ги привлече симпатиите на машката публика во тоа време.
Сега таа повторно предизвика возбуда на интернет со видео од своето речиси голо тело. Прекрасната Германка истовремено уживаше во масажа на нозете и задникот, како и во омилената закуска на сите генерации – чипс.
Видеото ја скокоткаше имагинацијата на многумина, бидејќи откри дел од нејзиното витко тело. Набргу потоа, започна лавина од коментари и одеднаш сите ја сакаа работата на масерката на Хајди.
„Никогаш порано не сум била љубоморна на чипс“, „Прекрасна си, како и секогаш“, „Ќе те масажирам бесплатно“, се само дел од коментарите…

