Контакт

Забава

Излегла на шопинг за Божиќ, се вратила по еден месец

Објавено пред

Една 54-годишна Шкотланѓанка заминала на шопинг два дена пред Божиќ, а се вратила еден месец подоцна, пишуваат во среда весниците во Единбург.

Една 54-годишна Шкотланѓанка заминала на  шопинг два дена пред Божиќ, а се вратила еден месец подоцна, пишуваат во среда весниците  во Единбург.

Според пишувањата, Кеј Јури излегла од дома со намера да купи мисирка која за католиците е неизоставен дел од божиќната трпеза, но била завеана од снежното невреме кое пред новогодишните празници “беснееше” низ Велика Британија.

Кеј го напуштила својот дом на 23 декември и заедно со група свои сограѓани заминале во блискиот град Инвернерс за да го довршат божикниот шопинг.

Се одело според планот но на 17 километри од нејзиниот дом автобусот во кој се превезувала  Кеј бил завеан од силни снежни врнежи.

Патот останал блокиран речиси еден месец, а Кеј новогодишните и божикните празници ги поминала кај свои пријатели, додека нејзиниот сопруг останал дома.

Кога после еден месец Кеј се вратила дома заедно со нејзиниот сопруг решиле сепак да го организираат планираниот божикен ручек./крај/тн/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Куќата на Хари и Меган била огласена како локација за изнајмување, тврдат британски таблоиди

Објавено пред

Гламурозниот имот на принцот Хари и Меган бил наведен како локација за видео и фотосесии, а цената на изнајмување била 700 долари на час, пишуваат британските таблоиди.

Откако војводата и војвотката од Сасекс се населија во Калифорнија, има многу шпекулации околу деталите на нивната палата во Монтечито. Иако фановите имаа кус увид во стилскиот имот во текот на неколку видеоповици на двојката, неодамна се појави најсеопфатен изглед на нивната семејна куќа благодарение на една понуда на веб-страница за изнајмување локација за настани.

„Мејл онлајн“ објави дека имотот во Монтечито бил наведен како достапен за 700 долари на час за  видео и фотосесии на сајтот за изнајмување „Гигстер“. Се чини дека огласот е отстранет, а сега има линк на кој пишува: „Извинете, оваа локација не беше објавена“.

Понудата, наводно, била објавена пред двојката да го купи имотот од 14.7 милиони долари, но сепак весникот тврди дека сè уште била активна во петокот на 16 октомври.

Опишан како „Италијанска вила“, имотот беше достапен за изнајмување минимум 10 часа. Може да собере екипа од 15 луѓе и има приватен паркинг за 50 лица. Во понудата стоело дека на локацијата е забрането пушење, консумирање алкохол, миленичиња, готвење и снимање филмови за возрасни.

Куќата, наводно, е опремена со голема библиотека, канцеларија, спа-центар (со суви и влажни сауни), вежбалница, просторија за игри, аркада, театар, визба за вино и гаража за пет автомобили.

Се простира на 5.4 хектари земја со поглед на море, има огромни градини, тревници, рози, уметнички скроена жива ограда, чемпреси и маслинови дрвја, тениско игралиште, чајџилница, куќичка за деца и голем базен. Исто така има и дополнителна куќа за гости, со уште две спални соби и бањи.

Имотот можеби повеќе не е достапен за изнајмување, но без сомнение Хари и Меган ќе понудат уште многу ѕирнувања внатре, бидејќи тие продолжуваат да работат од дома за време на пандемијата, пишуваат таблоидите.

Прикажи повеќе...

Забава

Интересот за дигитални книги со драстичен пораст среде пандемија

Објавено пред

Карантинот и ограничувањата на движење резултираа во енормно зголемен број на нови  корисници на веб-страницата Libraries NI (Библиотеки Северна Ирска) од почетокот на март.

Веб-страницата тврди дека има драстично зголемувње на бројот на онлајн корисници среде пандемија на Ковид-19, додавајќи дека сè поголем број на луѓе се решаваат за оваа опција во услови на светска здравствена криза.

Приближно 24.000 луѓе во Северна Ирска се приклучиле на онлајн библиотеката од почетокот на пандемијата.

„Библиотеки СИ“ забележаа раст на онлајн членството за 23.569 помеѓу март и крајот на септември. Во март имало 7.590 нови членови на библиотеката – 10 пати повеќе од истиот месец во 2019 година.

Пред пандемијата, повеќето луѓе што сакаат да користат вакви услуги, тоа ќе го стореа во библиотечна зграда.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Џенер во леопардово расположение

Објавено пред

Кајли Џенер се пофали со својата „дива“ страна во понеделникот, додека позираше заводливо пред камерата, облечена во хеланки со леопард-принт, во рамки на промоција на нова линија на нејзината козметичка компанија.

„Дива работа“, ја наслови објавата на две фотографии на кои седи во просторија покриена со разни леопард-принтови, од нејзиниот стол до таванот и подот.

Ветеранката на реалната телевизија позира со прилично затегнатите нозе свртени настрана од камерата, истакнувајќи ги своите облини.

„Мојата потполно нова колекција @kyliecosmetics доаѓа на 26!!! Предолго го чекав ова! Многу сум возбудена што конечно е тука !!!“

Додека сè уште нема откриено детали за новата колекција, таа ги советува своите 198 милиони следачи на социјалните мрежи да бидат подготвени доцна денес за откривање на повеќе детали на нејзиниот Инстаграм.

Само 45 минути по објавата, реалити sвездата доби повеќе од 2.1 милиони лајкови и 11. 000 коментари од фановите, кои ја пофалија дека изгледа „феноменално“ во леопард-аутфит.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од Kовид-19 кои се во Собранието мора итно да се...

Македонија3 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија4 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија5 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа5 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија6 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа7 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија7 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија7 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет8 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет8 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет8 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија22 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет23 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија1 ден

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија1 ден

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Досие