Забава
Папата побара свештениците мудро да го користат интернетот
Папата Бенедикт шеснаесетти побара од свештениците мудро да ги користат сите можности од интернетот во својата порака по повод 44-от светски ден на друштвени комуникации кој католичката црква ќе го одбележи на 16 мај
Папата Бенедикт шеснаесетти побара од свештениците мудро да ги користат сите можности од интернетот во својата порака по повод 44-от светски ден на друштвени комуникации кој католичката црква ќе го одбележи на 16 мај.
„Свештениците мораат мудро да ги користат единствените можности кои ги нуди модерната комуникација и да покажат дека Бог го има своето вистинско место во секое време“ изјави папата, и донесе многу позитивно гледиште за новите медиуми кои нудат нови перспективи.
Ватикан веќе користи и од јануари отвори свој канал на Јутјуб, а од мај 2009 година на интернет страницата www.pope2you.com може да се прати порака до папата. /крај/хина/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Црвениот боб ги излуди жените: дали сте подготвени да бидете малку бунтовни
Ако постои боја што може истовремено да зрачи со луксуз, моќ и сексапил – тоа е оваа: „цреша кола црвена“, топла нијанса на црвена со кафеави и бордо нијанси, која неодоливо потсетува на омилен газиран пијалок.
Познатата Кара Делевин, позната по својот бунтовен дух и бестрашен пристап кон модата, уште еднаш докажува дека е секогаш еден чекор пред трендовите. Овој пат се појави со нова, ултра-шик фризура – „цреша кола црвена“ боб, која комбинира софистицираност, смелост и неодолива женственост.
Оваа нијанса е вистински „став“ – дава впечаток на луксуз и самодоверба, а совршено се вклопува со секој тен. Затоа, не е изненадувачки што веќе се смета за најбараната боја на сезоната меѓу трендсетерите и познатите личности.
Самата боб фризура останува вечен симбол на едноставност и елеганција, но во оваа огнена верзија добива сосема нова енергија. Црвената коса во комбинација со прецизна боб фризура го дава тој „вау“ ефект, доволно смела за да привлече внимание, но сепак доволно шик за да изгледа беспрекорно во секоја пригода.
Ако размислувате за промена, но не сакате да претерувате, ова е фризура што го освежува вашиот изглед без да ја изгуби елеганцијата. Кара Делевин уште еднаш докажува дека храброста во модата секогаш се исплати бидејќи, искрено, црвениот боб никогаш не излегува од мода.
фото: принтскрин
Забава
Астролозите тврдат: Овие хороскопски знаци се најдобри шефови
Некои хороскопски знаци, според астролозите, особено добро се снаоѓаат во улога на раководители. Наведени се четири знаци кои важат за најуспешни шефови, бидејќи умеат да мотивираат, да носат одлуки и да создадат стабилна и продуктивна работна атмосфера.
Лав
Шеф што мотивира со харизма и самодоверба. Создава средина во која луѓето се чувствуваат ценети и охрабрени. Знае да претвори блокади во можности и да поттикне ентузијазам.
Јарец
Професионален и дисциплиниран лидер на кого му се верува. Донесува промислени и долгорочни одлуки, поставува јасна структура и ги вреднува резултатите, но и трудот на тимот.
Вага
Шеф кој одржува мир и праведност. Создава работна атмосфера во која луѓето се чувствуваат почитувани. Спречува и решава конфликти дипломатски и поттикнува тимски дијалог.
Водолија
Визионерски и иновативен тип лидер. Охрабрува нови идеи и креативни пристапи, не води строго хиерархиски, туку преку отвореност и слобода за истражување и предлози.
Забава
Леонардо ди Каприо откри кој му е омилен актер на сите времиња
Леонардо ди Каприо, кој во кариера долга повеќе од три децении соработувал со бројни филмски легенди, изјави дека неговиот омилен актер на сите времиња е Роберт де Ниро.
Ди Каприо првпат работел со Де Ниро како тинејџер во драмата „Животот на момчето“, каде што актерот бил лично избран од Де Ниро, што ја означило почетната точка на неговата кариера. Ди Каприо се сеќава дека имал 15 години и дека снимањето било пресвртно искуство: „Да се гледа неговата посветеност на сет беше едно од највлијателните искуства во мојот живот“, изјавил тој за „Тајм аут“.
Де Ниро и Ди Каприо важат за актери најтесно поврзани со Скорсезе – Де Ниро има снимано 10 филмови, а Ди Каприо шест со него.

