Забава
Ветар -рекордер
Регистриран на 10 април 1996 година на островот Бароу ајленд, 50 километри северозападно од брегот на западна Австралија, ударот на ветрот што достигнал брзина од 408 километри на час е прогласен за најсилен досега.
Регистриран на 10 април 1996 година на островот Бароу ајленд, 50 километри северозападно од брегот на западна Австралија, ударот на ветрот што достигнал брзина од 408 километри на час е прогласен за најсилен досега. Светската метеоролошка организација соопшти деновиве дека еден удар на ветар од 1996 година го прогласила за најсилен досега забележан. Со брзина од 408 километри на час, овој удар ја “презема“ титулата на рекордерот – ветер забележан во 1934 година во САД, што дувал со брзина од “само“ 372 километри на час. Прогласувањето на рекордот постигнат на австралискиот остров доцни бидејќи екипата стручњаци задолжени за преглед на научните податоци собрани во сите земји од светот, е формирана пред само две години. Кога брзината на ветрот изнесува преку 119 километри на час, станува збор за ураган, а кога е поголема од 249 километри на час, тогаш тие ветрови се категоризираат во урагани од петта категорија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Директорката за комуникации во тимот на Меган и Хари си заминува по помалку од една година
Директорката за комуникации во тимот на Меган Маркл и принц Хари, Мередит Мејнс, ја напушта функцијата по помалку од една година работа.
Според „Пејџ сикс“, таа е најмалку единаесеттата личност која ја напуштила истата или слична позиција во нивниот тим во последните пет години. Извори наведуваат дека заминувањето не е во лоши односи и дека Мејнс била задоволна од работата, но дека дошло време за заминување.
За време на нејзиниот ангажман, Мејнс помогнала во лансирањето на подкастот и ТВ-емисијата на Меган, како и во координацијата на хуманитарните активности на Хари. Таа и официјално го потврди заминувањето, наведувајќи дека по инспиративна година ќе почне нова професионална можност во 2026 година.
Портпаролот на парот соопшти дека соработката меѓу Мејнс, Method Communications и Archewell е завршена, со благодарност за придонесот. Според пишувањето на „Сан“, кој прв ја објави веста, Мејнс нема да добие директна замена, туку нејзините обврски ќе ги преземе Лијам Магвајр, директор за комуникации за Обединетото Кралство и Европа.
Забава
Не се расправате, а сепак сте исцрпени: тивки знаци дека врската се распаѓа
Дури и во врските што изгледаат најздрави, може да има суптилни знаци што го најавуваат крајот, вели психологот Марк Траверс. Иако почетокот на врската често е исполнет со чувства на среќа и верување дека сте ја пронашле „вистинската“ личност, овие чувства можат да исчезнат со текот на времето, а сомнежите да ви се влеат во умот.
Пишувајќи за Форбс, Траверс објаснува дека, покрај очигледните прашања како „дали треба да го/ја оставам?“, постојат и потивки сигнали што укажуваат на проблеми. Повикувајќи се на студија од 2025 година објавена во Journal of Personality and Social Psychology, тој истакнува дека задоволството од врската ретко се намалува одеднаш, туку поминува низ фаза на „терминален пад“ месеци или дури години пред вистинското раскинување.
Фантазирањето за живот без партнер, дури и ако немате намера веднаш да дејствувате, е јасен предупредувачки знак. Според Траверс, ваквите мисли укажуваат на подлабоко незадоволство што на крајот ќе почне да се одразува на другите аспекти од вашата врска на штетен начин.
Тој објаснува како ова води до исцрпеност и откажување: „По некое време, кога ќе се појави исцрпеност, ретко забележувате како се чувствува вашето тело. Престанувате да се борите затоа што повеќе немате енергија да се обидувате понатаму. Не почнувате разговори, не се обидувате да го поправите она што е скршено или да ја обновите врската што се чини дека се распаѓа.“
Ако постојано се чувствувате уморни и не знаете зошто, причината може да биде скриена во вашата врска. Психолог објаснува како постојаните изговори, правењето компромиси и молчењето за она што ве мачи земаат данок со текот на времето. Оваа „емоционална работа“ може да стане толку оптоварувачка што го надминува чувството на поврзаност со партнерот, а главната цел станува бегство од стресот што го предизвикува врската.
Траверс цитира истражување кое го потврдува ова: „Студија од 2023 година објавена во Family Relations откри дека кај паровите со двојна заработка, емоционалната исцрпеност не произлегува само од надворешни стресови. Таа често била поврзана со нееднаква распределба на емоционалниот труд во врската.“
Значи, дури и ако не се карате, чувството на преголем замор може да биде резултат на нерамнотежа во врската и ран чекор кон раскинување.
Иако е нормално од време на време да се прашувате за работите, ако помислата за раскинување постојано ви се враќа, тоа е црвено светло. Траверс забележува дека ова може да се случи дури и кога нема „очигледна“ причина за заминување, но идејата сè уште ви се лепи во главата.
Тој детално го опишува овој внатрешен процес: „Почнувате да ги споредувате добрите времиња со зголемениот број лоши, а идните планови со нивните минати грешки. Почнувате да се чувствувате како да сте единствениот во врската кој се обидува, чувствувајќи се сè поосамен секој ден. Можеби дури и нема очигледна причина за заминување; едноставно нема доволно добри причини за останување. И тој недостаток ќе почне да ви тежи.“
Траверс завршува со моќна порака: „Ако прашањето постојано ви се враќа: „Дали треба едноставно да си одам?“, тоа веќе не е прашање. Веројатно е одговор што можеби се обидувате да го игнорирате.“
Забава
(Фото) Често ја гледаме Иванка Трамп во секси комбинации, но ова не го очекувавме
Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, важи за дама со стил и вкус. Секоја нејзина облека за јавни настани е паметно испланирана, поради што ретко ја гледаме во лежерни модни парчиња.
Сепак, таа понекогаш „заборава“ на својата важна улога во општеството и се препушта на парчиња облека кои се синоним за удобност.
View this post on Instagram
Неодамна беше фотографирана во Аспен, Колорадо, каде што таа и нејзиното семејство уживаа во зимскиот одмор и божиќните празници.
Фотографите ја фотографираа сред бел ден, а за таа пригода, наместо елегантни модни парчиња, таа одлучи да носи лежерна комбинација – обични фармерки и црна јакна, објави Дејли Мејл.
View this post on Instagram
Иако ова е ретка можност да ја видите ќерката на американскиот претседател во лежерна гардероба, признаваме, совршено ѝ стои!
View this post on Instagram
На крајот на краиштата, Иванка Трамп е една од најубавите жени во светот.

