Забава
Снег во Рим првпат после 24 години
Италијанскиот главен град Рим за првпат после 24 години, денеска осамна под снежна покривка.
Италијанскиот главен град Рим за првпат после 24 години, денеска осамна под снежна покривка.Жителите на градот беа изненадени од снежните врнежи што предизвикаа радост кај туристите, но и проблеми во сообраќајот и доцнење на авионите. Снегот кој почна да паѓа околу осум часот утринава, се засили околу пладне, а прекриени со снег остана легендарните Колосеум, Фонтана ди Треви и други споменици и туристички атракции.Авионските летови од аеродромот Фјлумичино беа одложени поради слабата видливост, јави агенцијата Анса.Во попладневните часови интензитетот на врнежите започна да се намалува, но градските власти стравуваат дека снегот може да замрзне и да се претвори во мраз, доколку и натаму се задржат ниските температури.Снежните врнежи во Рим се ретка појава. Последен пат снег е забележан во 2005 и 2004 година, но ова е првата снежна покривка што се формира во италијанската престолнина после онаа од 1986 година./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Голите фустани не се за секого: Инфлуенсерка проба неколку модели, па стана вирална
Трендот на голи фустани е позастапен од вообичаеното, а најмногу ги сака актерката Дакота Џонсон, која на некој начин ги направи познати.
Кога голите фустани за прв пат се појавија на црвениот тепих, имаше вистински „бум“. Потребна беше многу храброст за да се носат вакви модели, и тогаш и сега, но денес тие граници се малку поместени. Последната во низата што гордо прошета во еден од овие фустани беше Анџелина Џоли.
Ова ја поттикна и инфлуенсерката Дана Ричи да попушти и да проба некои модели, за кои навистина ви треба многу храброст.
„Како изгледа онлајн, а како во реалноста со трендот на голи фустани или како модните брендови ќе ме стават на црна листа… Златната дефинитивно ми е омилено, но не знам кога воопшто би го носела. Што мислите?“, напиша таа во описот на своето видео.
Инфлуенсерката проба златен, целосно транспарентен, а потоа и мрежест со цветни мотиви, кој сепак не ѝ се допадна.
„Опседната сум со злато“, рече таа, иако долната облека под неа беше јасно видлива.
Имаше модели со чипка, а имаше и фустан што личеше на рибарска мрежа. Едно е сигурно, за секој од овие модели ви треба многу храброст и самодоверба.
Видеото предизвика мешани реакции; имаше и такви на кои им се допадна, но и такви кои ги критикуваа нејзините избори и ѝ рекоа да се држи до некои природни материјали.
Забава
Мислите дека е неважно и правите ужасна грешка: Кои се придобивките од истегнувањето?
Ако сте некој што се грижи за својот изглед и здравје, вежбањето три пати неделно дефинитивно е ваша рутина.
Веројатно секогаш барате најудобна облека и опрема за вежбање, но што е со истегнувањето? Кога станува збор за истегнување, според професионалните фитнес експерти, повеќето луѓе имаат тенденција да го прескокнат овој многу важен дел од нивниот тренинг.
Изговори за прескокнување на истегнувањето наоѓаме во недостатокот на време, фактот дека мислиме дека веќе сме „доволно флексибилни“, како и едноставната заборавеност и сметањето дека е непотребно. Сепак, предизвикувате голема, а можеби и непоправлива, штета на вашето тело ако го прескокнете истегнувањето. Денес, ви ги претставуваме главните придобивки од истегнувањето, за кои вашето тело ќе ви биде многу благодарно.
Намалување на болката во мускулите
Сите го знаеме тоа чувство кога мускулите по вашето тело се стегнати, болни и вкочанети по тренингот. Оваа болка е всушност пукање на мускулните влакна и други отпадни производи како што е млечната киселина, што се јавува по вежбање.
Ако им се дозволи на овие супстанции да се акумулираат во телото, ќе доживеете неверојатна болка и вкочанетост денот по тренингот. Истегнувањето може да помогне во ублажување на оваа болка со продолжување на мускулните влакна и отстранување на отпадните производи преку зголемена циркулација.
За време на клеточната размена и отстранувањето на отпадните производи, мускулите истовремено примаат хранливи материи и протеини, што го одржува мускулното ткиво здраво и подготвено за нови форми на вежбање.
Подобра циркулација на крвта
Истегнувањето многу ефикасно води до подобрена циркулација на крвта во телото. Ова исто така резултира со подобар проток на крв до вашите мускули. Подобрата циркулација автоматски значи зголемена испорака на хранливи материи што му се потребни на мускулното ткиво, како и отстранување на отпадни материјали и токсини.
Го подобрува вашиот опсег на движење
Кога се истегнувате доволно, си дозволувате поголема слобода на движење и помал ризик од повреда за време на тренингот. Овие повреди најчесто се однесуваат на оние во областа на мускулното ткиво и тетивите. За време на истегнувањето, всушност ги истегнувате вашите мускули и чувствувате помала напнатост во нив, проширувајќи го вашиот опсег на движење.
Забава
Адријана Лима во секси долна облека и високи потпетици – фотографии кои ќе го направат дури и најлошиот ден подобар
Познатата манекенка Адријана Лима е секогаш главна тема кога и каде и да се појави. Секој нејзин чекор е следен од папараците, а секој проект во кој е вклучена веднаш станува популарен.
Во најновата кампања на брендот „Викторија сикрет“ за Денот на вљубените, Адријана позираше со Кандис Сванепул во повеќе од провокативна долна облека. На серија фотографии, можете да видите и дека фаталната Бразилка носи популарни бразилки, па вистински хаос избувна кога се сврте.
„Божица“, „Какви жени“, „Вие сте моите омилени модели“, „Какво тело“, „Неверојатно е што изгледате вака“, „Подарок од рајот“, беа некои од воодушевените коментари под објавата.
Адријана Лима е лице на брендот „Викторија сикрет“ од 2000 година, а на големата ревија за враќање покажа дека е сè уште „мајка на играта“ и дека никој нема да ја замени долго време.
Убавата Бразилка сега е среќно мажена за Андре Лемер, со кого има син, додека од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ има две ќерки – Валентина и Сиена.

