Забава
Отворена истрага за убиство од 16 век
Детективите од градчето Карина во близина на Палермо отворија истрага за убиство кое се случило во 1536 година кога биле убиени бароницата Лаура Ланза и нејзиниот љубовник Лудовико Вернагало
Детективите од градчето Карина во близина на Палермо отворија истрага за убиство кое се случило во 1536 година кога биле убиени бароницата Лаура Ланза и нејзиниот љубовник Лудовико Вернагало, откако биле откриени заедно во кревет, пренесува Јаху.
„Се надеваме дека ДНК доказите и криминалниот профил ќе ни помогне во откривањето на мотивот за убиството но и вистинскиот убиец“ изјави градоначалникот на Карина, Гаетано ла Фата.
Таткото на бароницата Цезар Ланза го признал убиството на својата ќерка и нејзиниот љубовник во писмо кое го испратил до тогашниот крал, но гласините кои се ширеле низ вековите велат дека всушност велат дека таткото имал помош од сопругот на Лаура, Дон Винченцо ла Груа./крај/блиц/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Омразена убавица „го запали интернетот“ со секси облека: „Нема подобар стајлинг за Бадник“
Толку млада, а веќе глобален хит, прекрасната актерка Мили Боби Браун (21) не престанува да го краде вниманието на целиот свет со своите модни изданија. На едно од нејзините последни појавувања на црвениот тепих, таа подготви незаборавен стајлинг, а сега се потруди да создаде возбуда и на социјалните мрежи.
Millie Bobby Brown is getting into the Christmas spirit with her new clothing line and a festive “Elf on the Shelf” look
pic.twitter.com/xg4F7iGJnp— FearBuck (@FearedBuck) November 14, 2025
Мили беше фотографирана за празничната колекција на брендот за облека Florence by Mills Fashion, кој е во нејзина сопственост, а една посебна божиќна комбинација предизвика лавина од коментари.
Дали го очекувала тоа или не, никогаш нема да знаеме, но нема сомнение дека Мили ги поместува сите граници на модата, гламурот и совршениот изглед.
За само еден ден, објава во која Мили позира во црвена маица и кратки шорцеви, собра над два милиони лајкови, и јасно е зошто можете да наидете на коментарот „дури и Дедо Мраз би сакал да го види ова“.
„Здраво луѓе, носам многу пристојна облека. Помислив нема подобар начин да спијам на Бадник отколку во оваа скромна и удобна облека. Поздрав, хо, хо, хо“, напиша Мили.
И повторно, како и претходно, секое нејзино појавување е добра основа за негативни коментари, за кои Мили веќе зборуваше. Луѓето ѝ велеа во коментарите дека изгледа 20 години постара, а забележаа и дека го изгубила препознатливиот британски акцент, сега има многу забележлив американски акцент во нејзиниот говор.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Руската бомба никогаш не била посекси, дури ни во бизарна облека
Познатата манекенка Ирина Шајк се појави во Прага на презентацијата на календарот на Пирели за 2026 година и ги воодушеви сите со својот екстравагантен моден избор.
Руската убавица е позната како некој што често изгледа лежерно и опуштено, а најдобро се чувствува во широка облека, но кога станува збор за црвениот тепих, таа секогаш е подготвена за изненадувања.

Овој пат, Ирина беше и драматична и провокативна. На црвениот тепих се појави во црна асиметрична тоалета која имаше проѕирни делови, а сè комплетираше со шапка и смарагдни обетки, додека ги избели веѓите.
За сè да биде во согласност со нејзиното издание, Ирина ја прилагоди и шминката, па имаше потемен кармин и истакнат ајлајнер.

Покрај неа, на календарот се појавува и Венус Вилијамс, а руската манекенка не го криеше своето задоволство што е дел од еден ваков настан.
„Календарот на Пирели не се само убави слики, тоа е уметност и да се биде дел од нешто такво отсекогаш ми било сон, па затоа е чест“, рече Ирина.

фото: принтскрин
Забава
Пука Козметика прославува 30 години од формирањето
На 13 декември во МКЦ со почеток од 19:30 рап групата Пука Козметика ќе прослави 30 години од формирањето.
Во киното Фросина започнува да се раскажува приказната на групата од своите почетоци до денес, во лобито потоа е предвидена промоција на винил изданието 30 години Пука Козметика и коктел за присутните, за вечерта кон 22:00 во денсинг салата да продолжи музичкиот дел со концерт на Пука Козметика и другарите.
Пука Козметика е група на пионери на македонскиот рап, формирана декември 1995 година од браќата Жарко и Дарко Масларковски заедно со Мартин Георгиевски и Видомир Андреевски.
Во следната 1996 веќе почнуваат да работат на свои авторски песни, а 1997 веќе попрофесионслно навлегуваат во процесот на снимање и настапи.

Првиот официјален албум на групата е издаден 2006-та, следува троен албум во 2012-та, како и многу албуми и соработки во Токсикологија Мјузик. Во повеќе децениското постоење групата има многу самостојни концерти и настапи (клубски и фестивалски), во Македонија и регионот, а посебно како предгрупа на еминентни рап артисти од Светот.
Во периодот што следи рап групата најавува две нови песни од новиот албум. Прославите на роденденот 30 години Пука Козметика во 2026-та ќе продолжат низ градовите во Македонија.

