Забава
Кевин Смит (Тивкиот Боб), предебел за во авион

Режисерот и актерот Кевин Смит вели дека е многу дебел, но тоа не треба да го спречува да лета со авион.
Режисерот и актерот Кевин Смит вели дека е многу дебел, но тоа не треба да го спречува да лета со авион.Смит објави на својата Твитер страна дека пилот од Southwest Airlines му забранил да се качи на лет од Оукленд до Бурбанк, Калифорнија, бидејќи е преголем за да го собере во едно седиште.„Ако изгледате како мене, можеби ќе бидете одбиени да летате со Southwest Airlines,“ напиша актерот на Твитер, по што следеа лути реакции од стотици негови фанови. Од авиокомпанијата велат дека иако во нивната полиса пишува дека сите патници мораат да бидат „сместени удобно и безбедно во едно седиште“, сепак му се извинуваат на актерот за немилиот инцидент.Southwest објавија дека освен извинувањето тие го сместиле Смит на друг лет и му дале ваучер од 100 долари за да ја надоместат штетата.Кевин Смит, најпознат по својата улога на „Тивкиот Боб“ е режисер на новиот филм со Брус Вилис, „Cop Out”. /крај/ап/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Совршено тело, но што е со нејзиното лице: oбожавателите на „Викторија Сикрет“ во шок

Една од најпопуларните модели на денешницата, Емили Ратајковски, конечно прошета за познатиот бренд за долна облека „Викторијас Сикрет“.
Се чини дека ова е круната на нејзината манекенска кариера, бидејќи, како што изјави за странските медиуми, отсекогаш сакала да носи ангелски крилја.
И конечно, нејзината долгоочекувана среќа се оствари на 35-годишна возраст, а познатата убавица не можеше да го скрие своето воодушевување на модната писта.
Емили прошета во комбинација од розова чипка, а својот стил го комплетираше со високи потпетици кои ги обвиткуваа нејзините нозе како лоза.
Треба да се напомене дека централниот мотив на овој изглед беше преголемиот детаљ на грбот. Наместо ангелски крилја, таа носеше ливчиња од орхидеја украсени со светки.
Стајлингот ја истакна нејзината витка фигура која ја краси со години, а кога станува збор за нејзината фризура – таа се одлучи за права коса.
Сепак…
Иако изгледот беше совршено вклопен, стилот на шминка малку го расипа целокупното искуство на модната писта. Имено, шминкерите пренагласија јаболчниците на Емили, а беа малку премногу попустливи кога користеа бронзер и течно руменило.
Резултатот од оваа техника на шминкање е непрепознатливото лице на моделот и пренагласувањето на розовата сенка за очи.
Изгледот на Емили Ратајковски веќе беше привлечен, па затоа немаше потреба од премногу драматична шминка.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Кралица на заводливоста: најубавата жена на светот „гори“ во црвена чипка

Моделот Бела Хадид се врати на модната писта само еден месец откако беше хоспитализирана и прими интравенска инјекција, за што ги информираше и своите следбеници на социјалните мрежи.
BOMBSHELL! bella hadid on runway for victoria’s secret ❤️🪽 pic.twitter.com/fOL9LKS4bF
— DUDA (@saintdemie) October 15, 2025
Нејзиното големо враќање се случи на ревијата на „Викторијас Сикрет“, а таа имаше чест да го затвори целиот настан.
Бела прошета во долна облека од црвена чипка што го одзема здивот, а сè комплетираше со наметка во истата нијанса.
За да ја затвори ревијата, таа избра уште побомбастична комбинација, тоа беше сребрен комплет долна облека со ресни и светки, додека гаќичките исто така беа направени од чипка.
bella hadid stunning at the victoria’s secret show pic.twitter.com/NA6p35w2Bq
— 2000s (@PopCulture2000s) October 15, 2025
Познатите крила овој пат беа навистина ангелски, бели и исполнети со цвеќиња.
Сандалите исто така беа во фокусот, бидејќи беа „невидливи“, Бела избра модел со ПВЦ ременчиња, и со тоа го заокружи своето провокативно издание на ревијата што ја чекавме цела година.
фото: принтскрин
Забава
Џенифер Лопез за своите поранешни партнери: „Тие не беа способни да ме сакаат“

Џенифер Лопез неодамна се појави во „Шоуто на Хауард Стерн“ за да го промовира мјузиклот „Бакнежот на жената-пајак“. Покрај нејзината деловна кариера, познатата поп-пејачка одговараше и на прашања за нејзиниот личен живот.
На прашањето на водителот Стерн – „Дали мислите дека бевте навистина сакани?“, Џенифер одговори по кратка пауза: „Не“.
„Тие не беа способни да ме сакаат… Тие го немаа тоа во себе. Ми дадоа што имаа. Ми дадоа сè, секој пат – сите прстени, сè што некогаш можев да посакам. Куќи, прстени, брак и сè тоа, но дел од проблемот беше што во тоа време не се сакав себеси“, призна таа.
Лопез беше мажена и разведена четири пати, но се чини дека нејзиниот последен развод – од Бен Афлек – ја погоди вистински. Со поранешниот сопруг Марк Антонио, таа ги има 17-годишните близнаци Макс и Ема.
„Кога се разведов последен пат, тоа беше најдоброто нешто што ми се случи, бидејќи навистина ме натера да свртам нов лист. Мислам, имав фитнес тренер, имав брачен терапевт, имав индивидуален терапевт, имав тренер за зависности. Имав сè. Си мислев: Ќе го решам ова, дури и ако ме убие“, рече Лопез.
Таа вели дека сега има поголема самодоверба и научила да ги разбира луѓето околу неа.
„Сега можам да седам тука со многу поголема самодоверба… Се чувствувам навистина удобно и добро што сум своја…“