Контакт

Забава

Слоновите „разговараат“, но луѓето не ги слушаат

Објавено пред

Освен криците кои луѓето можат да ги слушнат, слоновите „разговараат“ и на „јазик“ кој не е достапен за човечкото уво, заклучија научниците во зоолошката градина во Сан Диего.

dobivaj vesti na viber

Освен криците кои луѓето можат да ги слушнат, слоновите „разговараат“ и на „јазик“ кој не е достапен за човечкото уво, заклучија научниците во зоолошката градина во Сан Диего.Научниците дојдоа до заклучок дека слоновите произведуваат звуци кои на луѓето им се само делумно „достапни“, бидејќи две третини од нив се на ниски фреквенции кои човековото уво не може да ги регистрира, пренесе BBC.За да се разбере „тајниот јазик на слоновите“, научниците на женките слонови им прикачиле микрофони чувствителни на звуците од ниски фреквенции, како и GPS уреди за следење. Така биле во можност да ги поврзат врските на звуците кои слоновите ги произведуваат со она што во моментот го прават.„Возбудени сме што можеме да научиме нешто повеќе за хиерархијата кај женското стадо и конечно да разбереме како тие комуницираат помеѓу себе и се штитат едни со други,“ рече Мед Андерсон, научникот кој го води проектот.Една од најинтересните работи која ја откриле е дека трудната слоница со помош на ваквите звуци му објавува на остатокот од стадото дека наскоро ќе се роди младенче.Научниците веруваат дека слоновите на истиот начин комуницираат кога треба да се предупреди стадото за опасност од дивите животни. /крај/ббс/ко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото/Видео) Кошаркарката ги разнесе конкурентите: остави без здив иако е прв пат на пистата

Објавено пред

„Викторијас сикрет“ одржа уште една незаборавна модна ревија. Покрај бројните познати модели кои едвај чекаа да носат ангелски крилја, меѓу нив имаше и едно не толку типично лице.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за кошаркарката Ангел Рис, која за прв пат во историјата на брендот ги „рашири крилјата“.

Иако не е професионален модел, таа прошета по пистата како целиот свет да ѝ е пред нозе. Носеше нежен чипкан комплет во бебешко розова боја со цветни детали.

Стајлингот го комплетираше со пердувест наметка, исто така во розова боја, а интересно е што беше украсена и со цвеќиња.

Изгледот го заокружи со минималистичка шминка во земјени тонови, но и со малку виткана фризура која се движеше во согласност со нејзиното одење по модната писта.

Покрај неверојатната фигура, кошаркарката покажа и заводлив поглед кој многумина ги остави без здив. Иако ова е прв пат да прошета по модната писта, најверојатно нема да биде последен.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото/Видео) Луксузни облини ја тресат модната писта: ревијата на „Викторија Сикрет“ не можеше да пројде без неа

Објавено пред

Ревијата на „Викторија Сикрет“ беше вистински спектакл за сите љубители на долна облека. Многу познати ѕвезди присуствуваа на овој моден настан, а дури и српската тенисерка Ана Ивановиќ беше во првите редови.

dobivaj vesti na viber

Ревијата ја одбележаа познати лица од светот на манекенството, меѓу кои и плус-сајз моделот Ешли Греам, која блескаше на пистата.

Ова е втор пат Ешли да носи ангелски крилја, и може да се каже дека повторно плени со својата убавина. За посебната вечер, таа избра црн градник и црни чипкани гаќички, а највпечатливиот дел од комбинацијата секако беа масивните црни пердувести крилја.

Ревијата ги истакна нејзините раскошни облини и природна убавина.

Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во земјени тонови, но и малку свиткани прамени коса што слободно паѓаа по нејзините рамена.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) „Јас сум човек кој ги сака врските, ги сакам жените“: сите љубови на Том Круз

Објавено пред

Светот беше изненаден од веста дека Том Круз и Ана де Армас ја завршиле својата љубовна врска. Според извештаите на странските медиуми, актерите тргнале по различни патишта откако сфатиле дека „искрата исчезнала“.

dobivaj vesti na viber

Извор близок до двојката рекол: „Том и Ана се забавуваа одлично заедно, но нивното време како двојка заврши…“

И се чини дека навистина тргнале по различни патишта. Ана беше видена со колегата на Круз, Мајлс Телер.

Ана и Мајлс – кој е во брак со Кили Спери – беа забележани како излегуваат од приватна теретана претходно оваа недела, но се качија во различни возила.

Сепак, се чини дека Круз брзо ќе ја преболи оваа врска, бидејќи ова не е прв пат љубовната искра да исчезне во неговото срце. Пред Ана, тој имал врски со многу познати и непознати дами.

„Јас сум човек кој ги сака врските. Ги сакам жените“, рече тој еднаш.

Па, да се потсетиме…

Бракот со Мими Роџерс

Мими Роџерс и Том Круз беа во брак од 1987 до 1990 година. Интересно е што токму Мими го запозна со учењата на Саентологијата.

Том и Мими се запознаа преку заеднички пријатели, а тој секогаш зборуваше за неа како за многу паметна девојка.

Врската со Никол Кидман го обележа светот на Холивуд

Само четири месеци по разводот од Мими, Том започна романса со Никол Кидман. Никол еднаш изјави за „Венити фер“ дека лудо, страсно се заљубила и била толку обземена од нивната врска што се откажала од својот животен план.

Посвоија две деца, Изабела и Конор, и станаа омилен пар на Холивуд. Хемијата меѓу нив беше толку силна што беше забележлива во еротскиот трилер „Очи широко затворени“. Сепак, нивниот брак заврши во 2001 година.

Трета среќа со Кејти Холмс? Сепак – НЕ!

Тој се ожени со актерката Кејти Холмс во 2006 година, а од тој брак ја доби ќерката, Сури Круз. Ни тој брак не траеше долго, а тие се разведоа во 2012 година.

Според TMZ, раскинувањето се должи на поврзаноста на Том Круз со Саентологијата и стравот на Кејти Холмс дека и нивната ќерка Сури ќе стане дел од оваа секта.

А што прави тој надвор од бракот?
Кога не е во брак, Том Круз сака да заведува на краток рок. Многу познати убавици го привлекоа неговото внимание, меѓу кои: Ванеса Кирби, Анабел Волис, Софија Вергара, Софија Бутела.

Сепак, се чини дека неговата врска со познатата поп дива Шер најмногу ја шокираше јавноста:

„Не се забавувавме долго, но дефинитивно имаше врска и одредена хемија“, рече пејачот во 2018 година.

Тој беше во врска и со Пенелопе Круз, која ја запозна на снимањето на трилерот „Ванила скај“ од 2001 година. Сепак, тие раскинаа во 2004 година.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 час

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа1 час

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина...

Регион2 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет3 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на Томахавките, состанокот Трамп-Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија3 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет13 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија17 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија20 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија21 час

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија22 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија23 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија23 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија23 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија23 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 ден

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа1 ден

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...