Забава
Постарите лица во САД се почесто користат марихуана
Марихуаната станува се повеќе популарна кај генерацијата родена во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, покажуваат истражувањата во САД.
Марихуаната станува се повеќе популарна кај генерацијата родена во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, покажуваат истражувањата во САД.
Иако марихуаната често се смета како дрога на младите луѓе, бројот на корисници постари од 50 години пораснал од 1,9 на 2,9 отсто во последните осум години, покажуваат податоците на американската Управа за злоупотреба на дрога и ментално здравје.
Научниците очекуваат дека бројот на корисници на марихуана родени во генерацијата 1945-1964 и понатаму да се зголемува.
Дел од корисниците од оваа генерација се враќаат на старите навики, а дел од нив воопшто и не престанале да ја користат оваа лесна дрога.
Марихуаната докажано помага кај многу проблеми кои се поврзани со стареење, како болки, дегенерација на мускулите, глауком и слично. Употребата на медицинска марихуана е легална во 14 сојузни држави во САД.
Некои научници предупредуваат дека користењето на марихуана може да предизвика проблеми со срцето и предупредуваат дека треба да се внимава како се пристапува кон користење на оваа лесна дрога.
Според податоците, постарите корисници повеќе сакаат да пушат марихуана насамо отколку во друштво. Исто така тие сметаат дека цената, но и квалитетот на марихуаната се значително зголемени од времето на нивната младост./крај/хи/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“
Американската актерка и оскаровка Гвинет Палтроу изјави дека ѝ била одземена улога во филм поради медиумското внимание што го предизвика нејзиниот развод со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин.
Во подкастот „Гуд ханг“ со Ејми Полер, Палтроу откри дека разводот од 2014 година оставил последици врз нејзината кариера.
„Требаше да снимам филм во тој период, веднаш по објавата за разделбата со Крис, а тогаш во медиумите се објавуваа многу остри изјави. Мислам дека дистрибутерот рече: Ова можеби ќе биде премногу за филмот“, изјави Палтроу.
Актерката и музичарот беа на насловни страници ширум светот кога објавија дека се разделуваат по повеќе од една деценија брак и две деца.
„Пред сè, ние сме родители на две неверојатно прекрасни деца и молиме за почитување на нашиот и нивниот простор и приватност во овој тежок период“, стоеше во нивната заедничка изјава тогаш.
Палтроу не откри детали за филмот или продукциската куќа, но јасно стави до знаење дека одлуката ѝ била тешко прифатлива.
„Тоа беше прекрасно – се разведував, па потоа ме отпуштија“, рече иронично.
Таа додаде дека верува оти нивната намера – да избегнат бурен развод – била погрешно сфатена од јавноста.
И покрај сè, Палтроу и Мартин останале во добри односи и по официјалниот развод во 2016 година. Во 2019 година, актерката откри дека Крис им се придружил на неа и нејзиниот сегашен сопруг, Бред Фалчук, на меден месец, заедно со нивните деца.
Забава
„Ми делуваше како некој дедо“: Сара Фостер за состанокот со Џорџ Клуни кога имала 19 години
Сара Фостер откри дека во 1990-тите, кога имала 19 години, била на состанок со Џорџ Клуни, но искуството за неа било „многу непријатно“. Состанокот ѝ го договориле Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.
Во подкастот The World’s First Podcast, Фостер раскажа дека веднаш почувствувала дека состанокот е „тотално не“, додавајќи дека Клуни ѝ изгледал „како дедо“ и дека разликата во години ѝ била многу чудна. Таа истакна дека никогаш не ги разбирала врските меѓу 19-годишни девојки и многу постари мажи.
„Сигурна сум дека Џорџ Клуни е супер човек, но се сеќавам дека сите четворица седевме на маса, а јас во главата си мислев: ‘Сакам да пропаднам во земја.’ Тој ми делуваше како некој ‘дедо’. Навистина ми беше многу непријатно. Бев тотално во лоша состојба“, раскажа таа.
Фостер смета дека ни Клуни не бил особено заинтересиран и дека состанокот бил резултат на добра намера на заедничките пријатели. Подоцна, таа беше во долга врска со тенисерот Томи Хас, со кого има две ќерки. Клуни, пак, е во брак со Амал Клуни од 2014 година и имаат близнаци.
Фото: ЕПА
Забава
Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:
Овен
Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.
Лав
Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.
Шкорпија
Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.

