Забава
Американка по грешка примила 14.000 коментари за претседателската дебата

Американка на својот мобилен телефон примила речиси 14 илјади коментари во врска сопрвата претседателска телевизиска дебата меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп.
Првото телевизиско соочување во понеделникот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп, и покрај тоа што имаат историски најнизок рејтинг на претендентите за Белата куќа, сепак, го гледаа рекордни 84 милиони Американци.
Телевизиската компанија C-SPAN, меѓу многуте други, директно ја пренесуваше дебатата меѓу Клинтон и Трамп, и притоа од своите гледачи барала да ги споделат своите коментари во врска со соочувањето на претседателските кандидати. Меѓутоа, по грешка на екраните бил објавен телефонскиот број на 26-годишната Трип Дијаз од сојузната држава Вирџинија.
Поради тоа, Дијаз добила околу 13.000 смс-пораки и околу 600 телефонски повици од телевизиските гледачи. Како што изјавила за Associated Press, коментарите не предизвикале да се промени нејзиното мислење за тоа за кој кандидат ќе гласа на изборите на 8-ми ноември. Но таа признал дека толкавиот број повици ја „довеле до лудило“./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Никол Кидман не крие дека е скршена по разводот: „Ќе го преболам тоа колку и да е болно“

Познатата актерка Никол Кидман и музичарот Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак. Како што изјавија извори за странски медиуми, двојката живее одвоено веќе некое време, а се шпекулира и дека Урбан има нова девојка.
Никол неодамна се појави со своите ќерки на црвениот тепих и покажа нова фризура, „одмазднички“ шишки како што многумина ги нарекоа, а сега во едно интервју зборуваше за чувствата и мислите што доаѓаат со возраста.
„Најдобриот дел се искуствата што сте ги акумулирале. Помислете како сте биле таму порано и дека знаете како да се справите со тоа или можеби не, но јас доживеав нешто слично и знам дека ќе го пребродам“, изјави таа за Харперс Базар.
И покрај сè, нејзините деца ѝ даваат најголема сила и Никол секогаш го нагласува ова, без разлика колку се болни некои работи.
„Има нешто посебно во сознанието дека без разлика колку е болно, тешко или разорно нешто, постои начин да се надмине. Ќе мора да го почувствувате тоа и понекогаш ќе ви изгледа непремостливо. Се чувствувате скршено, но ако се движите нежно и бавно, ќе помине иако можеби ќе потрае некое време“, беше искрена актерката.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Сопругата на Клуни е вистинска убавица: не е ни чудо што ја изгуби главата по неа

Кога станува збор за чист гламур, Амал Клуни е синоним за овој моден израз. Нејзините фустани зрачат со чиста елеганција, минималистички крој, а таа често флертува со специфични материјали.
Неодамна таа блесна на премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Лондон, па дури ни нејзиниот сопруг – познатиот Џорџ Клуни – не беше имун на оваа сцена.
Имено, Амал прошета по црвениот тепих во розов фустан дизајниран од познатата модна дизајнерка Тамара Ралф. Фустанот е украсен со розови светки на горниот дел, додека долниот дел е исполнет со реси.
Фустанот е малку тесен, па затоа ја нагласува витката фигура на Амал. За да го комплетира овој стил кој зрачи со стар холивудски гламур, таа додаде пердувеста наметка во пудра розова боја.
Таа ја стилизираше косата на вообичаениот начин – се одлучи за меки бранови, а за шминка носеше нежни тонови кои ја нагласуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Поради Кејт Мидлтон, жените полудеа по една боја

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се појави на добротворен настан и во таа пригода привлече внимание на себе со својот моден избор исто како што секогаш прави кога станува збор за нејзините комбинации.
Откога оваа есен ја добивме маслинесто-зелената како кралица на сезоната меѓу боите, принцезата одлучи да го следи тој тренд.
Беспрекорната Кејт прошета во маслинесто-зелена боја од глава до петици. Таа избра комбинација од Викторија Бекам и покажа дека суптилноста и елеганцијата дефинитивно ѝ припаѓаат само на неа. Струкираното сако и правите панталони во комбинација со маица во истата нијанса ја покажаа целата моќ на еднобојното издание.
Со оглед на пригодата, но и стилот на принцезата, овој пат таа не претеруваше со деталите, па носеше едноставно синџирче и прстен, а косата ја стилизира во меки бранови.
Иако не е прв пат Кејт да избере нешто од колекцијата на Викторија Бекам, секогаш сме воодушевени од начинот на кој го претставува.
Суптилно и внимателно се чини дека е нејзиното мото, а по сите овие години, би се рекло дека не треба да го менува.
фото: принтскрин