Забава
Американска актерка извршила самоубиство
Американската актерка Лин Мастерс од Бруклин извршила самоубиство во својата хотелска соба во Перу. Британските медиуми објавија дека актерката која имала гостување во Перу, се самоубила во хотелот Нуево Мондо во Лима.
Лин Мастерс патела од депресија, а во нејзината соба биле пронајдени антидепресиви и диазепам, но и две проштални писма кои ја откриваат нејзината здравствена состојба.
Нејзините пријатели направиле група на социјалната мрежа Facebook, со цел да соберат пари за да можат телото да го вратат во САД.
Лин Мастерс е позната по улогите во сериите „Закон и ред“, „Грдата Бети“ и „Озборувачка“. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Може ли да биде подобро од ова: шармантната русокоса во фустан што „мириса“ на празници
Веќе знаеме дека Кејт Хадсон привлекува внимание каде и да се појави. Без разлика дали станува збор за гламурозни настани или лежерни дневни собири – едно е сигурно, таа секогаш има подготвена комбинација за дадената пригода.
И така беше и овој пат…
Неодамна присуствуваше на доделувањето на филмските награди во Палм Спрингс во Калифорнија, каде што ја доби наградата „The Icon“. Може да се каже дека остави впечаток и на црвениот тепих кога се појави во гламурозен фустан кој „мириса“ на празници.
Ова е интересна креација од либанскиот дизајнер Жорж Чакра која ја следи линијата на телото и ја нагласува витката фигура. Фустанот е дел од колекцијата есен/зима 2025, а е украсен со отворен грб, панделка, мрежест дезен и две ленти кои се влечат зад фустанот.
Кејт го комплетираше својот стил со висока пунџа, шминка во неутрални тонови и едвај забележливи модни додатоци – обетки.
Забава
(Видео) Кој би рекол дека Аманда Сејфрид правела нешто на лицето
Аманда Сејфрид се појави на 31-то доделување на Critics Choice наградите во Калифорнија и воодушеви многумина со својот гламурозен аутфит.
За оваа пригода, актерката одлучи да носи нежен фустан од „Valentino“ во пастелно розова боја. Фустанот е украсен и со црн корсет кој ја следи линијата на телото, што на целата креација ѝ дава доза на драма.
Дополнително, преголемата темно розова машна дополнително ја нагласи идејата за самата креација – комбинирање на нежни детали и бои со впечатливи, темни нијанси, во овој случај, комбинирање на пастелно розова и црна.
Стајлингот го комплетираше со дијамантски накит од брендот „Tiffany & Co.“, а што се однесува до фризурата, Аманда косата ја фати високо, а тоа само ја нагласи нејзината убавина.
Судејќи според фотографиите, можеме да заклучиме дека личноста која го „одржува“ нејзиното лице одлично си ја врши работата. Иако самата актерка во едно интервју му даде многу пофалби на својот дерматолог.
„Имам добар дерматолог и таа ми рече дека нема да прави ништо освен ботокс на истото место до крајот на животот“, рече еднаш Аманда.
Забава
(Фото) И стил и тело на божица: Латино дивата повторно освојува со секси издание
Џенифер Лопез предизвика голема возбуда на интернет кога објави божиќно селфи. Таа позираше во празничен црвен фустан со прерамки што ја следеше линијата на нејзиното тело и ја истакнуваше нејзината убиствена фигура.
Фустанот доби бројни коментари на социјалните мрежи, вклучувајќи и некои духовити кои посочија грешка со фотографијата.
Но, сега таа повторно привлече внимание со својата облека што ја носеше на новогодишната забава во Лас Вегас.
Таа објави фотографии од забавата на Инстаграм, а ние имавме можност да видиме уште едно беспрекорно издание.
Станува збор за бел фустан кој е украсен со длабоко деколте, но и едноставен дезен.
Таа го надополни овој стил на божица со брановидна фризура, шминка во земјени тонови и дискретни додатоци. Забележлива беше и блескавата насмевка што со задоволство им ја подари на своите лојални обожаватели.

