Забава
Амeриканско-руски екипаж постави рекорд во лет со балон преку Тихиот Океан
Двајца авантуристи кои тргнаа со балон од Јапонија пред речиси една седмица во петокот се приближија на својата цел – Мексико, по епското прелетување на Тихиот Океан кое веќе и им го обезбеди статусот на нови рекордери.
Американецот 50-годишниот Трој Бредли и Русинот 58-годишниот Леонид Тјухтаев во балонот „Two Eagles“ (Два орла) изминале 8.465 километри во четвртокот, со што уште во петокот за 82 километри го надминаа рекордот за најголема оддалеченост измината во балон, објавија агенциите.
Потоа во петокот го надминаа рекордот на временски период минат во воздух кој изнесува 137 часови, 5 минути и 50 секунди. Претходниот рекорд е поставен од група Американци уште во 1978 година кои го прелетаа Атлантикот и изнесува точно 137 часови.
Тјухтаев е искусен пилот, а Бредли веќе има минато во воздухот повеќе од 6.200 часа, истакнува агенцијата ТАСС.
Летот двојката го започна во неделата наутро во префектурата Сага во северна Јапонија, го прелета Токио и се упати кон Тихиот Океан. Во четвртокот авантуристите се наоѓаа на 400 милји од брегот на Калифорнија, а се очекува да се спуштат подоцна во саботата во мексиканската сојузна држава Баја (Долна) Калифорнија.
„Мисијата се одвива неверојатно добро досега. Имаме извонредни услови за лет“, изјави Бредли за AFP во разговор преку сателитски телефон.
Со резерви од 10.000 квадратни метри хелиум, тие се во состојба да остана во воздух околу десет дена. Првично Тјухтаев и Бредли планираа да го завршат летот во близина на канадско-американската граница, но на крајот се одлучија за Мексико за да го избегната системот на висок притисок во водите пред западниот американски брег.
Новиот рекорд во летањето со балон допрва треба да го потврди Меѓународната федерација за аеронаутика. Но како што истакнува агенцијата Associated Press, за тоа е потребно да се надмине претходното достигнување барем за 1 отсто./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

