Контакт

Забава

Англија: Откриена масовна гробница на починати од чума

Објавено пред

Група археолози откриле масовна гробница на жртвите од чума, смртоносната заразна болест што го преполовила борјот на населението во Англија во 14 век, соопштија од Универзитетот Шефилд.

dobivaj vesti na viber

Скелети од 48 лица, вклучувајќи и 27 деца, биле пронајдени во болничкиот круг на манастирот во Торнтон, Линколншир во западна Англија. Гробницата се наоѓа на поле каде со години паселе овци.

Археологот, Хју Вилмонт, изјавил дека досега пронајдени се две гробници од големата чума, кои се наоѓаат во Лондон. Според него пронаоѓањето на масовна гробница надвор од Лондон е големо откиритие, бидејќи покажува дека и малите заедници имале проблем да се изборат со оваа, во тоа време неизлечива заразна болест.

Од Универзитетот било наведено дека се земени примероци на ДНК чии резултати потврдиле дека луѓето починале од чума што се појавила во Линколкншир во 1349 година.

Оваа болест позната и како „црна смрт“, ја пренесувале стаорци.

Епидемихата која во 14 век ја зафатила цела Европа била една од најголемите епидемии во историјата на човештвото, а бројот на оние кои починале се дижи помеѓу 75 и 200 милиони луѓе, што преставува третиина од тогашната европска популација.крај/мф/на

Забава

(Фото) Ким Кардашијан воодушеви со нејзиниот стајлинг

Објавено пред

Ким Кардашијан веќе долго време привлекува внимание. Неодамна докажа дека има префинет вкус за мода и култни трендови, а сега покажа како винтиџ фустаните на Александар Меквин добиваат поинаков тон во темна атмосфера.

dobivaj vesti na viber

Таа носеше лелеава креација во кафеава боја со асиметричен крој и длабоко деколте, а е дел од колекцијата пролет/лето 2003 на Меквин.

За фотосесијата, Кардашијан избра мирна вечер, но и леден океан за да ги создаде овие магични снимки, како водна нимфа што си игра на површината на водата.

Сепак, ако ја анализирате објавата подетално, ќе забележите дека нејзиното играње на површината на водата е всушност референца на кадар од краток филм на Џон Мејбери што ја краси ревијата „Irere“ на Меквин во 2003 година.

Како и да е, грациозноста и елеганцијата беа секако забележливи, а да не зборуваме за витката фигура. Обожавателите на Кардашијан имаа само убави зборови за овој моден едиторијал.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Каква убавица: славната манекенка од 90-тите гледаше Формула 1 во шик облека

Објавено пред

Трката на Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас заврши, а возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја однесе победата. На настанот присуствуваа бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста кои го привлекоа вниманието на јавноста со атрактивни комбинации.

dobivaj vesti na viber

Прво, имавме можност да го видиме бомбастичното деколте на познатата Бијонсе, а Наоми Кемпбел не нè изненади помалку. И додека поп-ѕвездата носеше комбинезон со мотиви од трката на Формула 1, легендарниот модел од 90-тите изгледаше како штотуку да излегла од модната писта.

За оваа посебна пригода, таа носеше шик комбинација – лежерен кафеав комбинезон кој го надополни со тренч од змиска кожа од Ели Сааб. Деколтето исто така беше забележливо, што само малку ја скокоткаше имагинацијата на љубопитните набљудувачи.

Таа додаде очила во својот стил, а што се однесува до фризурата – се одлучи за нежни бранови кои паѓаа по рамената.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Не сакаат да ризикуваат: хороскопски знаци кои се како неосвоиви тврдини

Објавено пред

Некои хороскопски знаци се познати по нивната претпазливост кога станува збор за љубовта и влегувањето во нови врски.

dobivaj vesti na viber

Нивната доверба не се стекнува лесно бидејќи стабилноста им е поважна од брзите емоции. Често им треба повеќе време да се отворат и да им дозволат на другите да им се приближат. Иако на прв поглед може да изгледаат затворени, зад нивната резерва лежи длабока потреба за искрени и сигурни врски.

Шкорпија
Луѓето родени под знакот на Шкорпија се емотивни, но ретко им дозволуваат на другите да го видат тоа веднаш. Нивната интензивна природа ги прави претпазливи бидејќи не сакаат да ризикуваат предавство или разочарување. Тие градат доверба бавно, внимателно набљудувајќи го однесувањето на другата личност. Само кога се чувствуваат целосно безбедни, ги отвораат своите срца.

Јарец
Јарците ја сфаќаат љубовта сериозно и не влегуваат во врски без солидна основа. За нив е важно нивниот партнер да покаже стабилност, трпение и одговорност пред да дозволат подлабока врска. Често изгледаат ладни, но всушност само ги штитат сопствените чувства. Кога конечно му веруваат на некого, нивната лојалност станува исклучително силна.

Водолија
Водолијата ја цени слободата и автентичноста, што им отежнува целосно да се предадат на романтичните емоции. Нивниот интелектуален пристап кон љубовта понекогаш може да изгледа далечен, иако повеќе се грижат отколку што покажуваат. Им треба време да се чувствуваат разбрани и прифатени без притисок. Откако ќе пронајдат некого со кого можат да бидат свои, постепено отвораат простор за подлабока интимност.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа30 минути

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет1 час

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет2 часа

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет2 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа2 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија21 час

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија21 час

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ21 час

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ21 час

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија22 часа

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...

Македонија23 часа

Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично...

Македонија24 часа

„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,...

Топ1 ден

Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот

57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград. Според српски Телеграф, на патникот му...

Македонија2 дена

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не...

Македонија2 дена

Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки

Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име....

Македонија2 дена

11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди, Владата додели над 33.000 ваучери

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари....

Македонија2 дена

Градоначалникот Митко Јанчев по скандалот со Аца Лукас: Кочани сценарио нема да дозволиме

Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој...

Македонија2 дена

Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат...

Регион2 дена

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес...