Забава
Анимираните филмови за деца се ‘легла на смртта’
За време на божикните празници кога телевизиската програма традиционално прикажува божикни филмски хитови и многу анимирани филмови, најновата студија објавена во специјализираното списание British Medical Journal покажува дека некои од најпопуларните и најгледани „цртани“ кои веќе со децении ги освојуваат нежните детските срца, имајќи ја предвид стапката на смртност на ликовите во нив, претставуваат вистински „легла на смрт и уништувања“, од што не би се засрамиле ниту филмови за возрасни како „Палп Фикшн“, на пример.
Славните цртани филмови на Дизни „Снежана“ (од 1937 година) , „Бамби (1942), „Петар Пан (1953), „Покахонтас“ (1995), „Заспаната убавица“ (1959) и „Малата сирена“ (1989)., па дири и порецентните „Тарзан“ (1999), „Во потрага по Немо“ (2003) или „Снежното кралство“ (2013) се далеку понасилни од некои филмови за возрасната публика кои на децата никогаш не би смееле да им дозволиме да ги гледаат. Нивните ликови имаат повеќе од двапати поголема шанса да умрат од насилна смрт, покажа судијата којашто ја спровеле лондонскиот Јуниверзити Колеџ и Универзитетот Отава.
Студијата ги опфатила најпопуларните и најгледани анимирани и цртани филмови во периодот од 1937 до 2013 година, коишто научниците, утврдувајќи дека според содржината стојат рамо до рамо со „незаузданите страв и ужас“ во филмовите за возрасни, ги прогласија за „легла на смртта и уништувањата“.
„Страшните умирачки во цртаните се сосема вообичаени“, се истакнува во студијата, наведувајќи ги како примери пукањата во „Бамби“, „Петар Пан“ и „Покахонтас“, убиствата со ножеви во „Заспаната убавица“ и „Малата сирена“, како и „потенцијално травматските“ животински напади во цртаниот филм на Пиксар – „Животот на бубачките“ (1998), како и во „Како да се дресира змеј“ (2010) и „Крудс“ (Croods – 2013) на Дримворкс.
Водачите на ова истражување, Јан Колман и Џејмс Киркбрајд, како особено впечатливи „анимирани екранизации на смртта“ ја истакнуваат онаа на мајката на насловниот лик во анимираниот филм „Во потрага по Немо“, којашто во првите пет минути од филмот ја јаде баракуда, како и смртта на родителите на Тарзан кои се жртви на напад од леопард. „Наместо да бидат побезопасни и да претставуваат понежна алтернатива на типичните хорори или драми, анимираните филмови за деца всушност претставуваат вистински извори на убиства и пустошења“, вели Колман. „Смртта и насилството во цртаните особено можат да бидат травматични за малите деца, со силни и трајни последици“, предупредуваат научниците.
За да го пресметаат количеството насилство на коешто еден цртан филм ги изложува децата, научниците анализирале точно во кој момент од филмот, односно на неговиот почеток, настапува смртта на некој од главните ликови во 45 анимирани филмови кои во периодот од 1937 до 2013 година оствариле најголеми приходи на кино касите. Добиените податоци ги споредиле со насилните содржини во двата најпопуларни филмови за возрасни коишто биле објавени во истата година како и секој од цртаните опфатени во проучувањето, исклучувајќи ги акционите и авантуристичките филмови за младата публика.
Студијата покажала дека некои од главните ликови умираат во речиси 70 отсто од цртаните, во споредба со 50 отсто кога станува збор за филмовите за возрасна публика, додека смртта на родител на некој од главните ликови пет пати е почеста во анимираните отколку во филмовите за возрасни. Притоа жанрот на филмот и годината на неговото снимање немале никакво влијание врз резултатите, а „нема ниту докази коишто би упатувале на тоа дека нивото на насилството во цртаните се менувала од 1937 година“, истакнуваат научниците./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

