Забава
Белите знамиња на Бруклинскиот мост ја збунија полицијата
Двете бели знамиња, кои претставуваат меѓународен знак на предавање, истакнати на врвот од Бруклинскиот мост во Њујорк ги збунија минувачите, полицијата и градската управа.
Знамињата набрзо беа отстранети од мостот кој е еден од препознатливите симболи на „Големото јаболко“, отворен во 1883 година, и заменети со американските коишто вообичаено се истакнати на него.Портпаролката на полицијата, Софија Мејсон, изјави дела случајот сѐ уште се истражува. Медиумите истакнуваат дека белите знамиња се поставени и покрај постојаното полициско обезбедување на мостот, пренесува Reuters.Заменикот началник њујоршката полиција, Џон Милер, кој исто така раководи со разузнавањето и антитерористичкиот оддел, за телевизиската мрежа ABC изјави дека има снимка од надзорните камери на којашто четири или пет лица во вторникот во 3 часот одат кон мостот што ги поврзува Бруклин и Менхетен над реката Ист Ривер, и оти тие ќе бидат примарен интерес на истрагата. Градежните работници два часа подоцна ги пронашле американските знамиња врз светилки на мостот.„Сепак, нема знаци дека овој чин е поврзан со тероризам, па и со политика. Би можело да станува збор за уметнички перформанс, но не е сосема јасно што би била неговата порака“, додаде Милер./крај/мф/сн
Извор: М
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.