Бизарно
Професорка спиела со најмалку петмина ученици, пронајдени се и експлицитни снимки
Професорката Фиона Виоти (30) спиела со тинејџери од колеџот „Бишоп Дајоцесан“ во Кејптаун меѓу 2013 и 2019 година, потврди истрагата. Мажената професорка по историја во едно од најелитните училишта во Јужна Африка имала сексуални афери со најмалку петмина ученици, пренесоа локалните медиуми.
Сексуалниот скандал го открил 18-годишен ученик, тврдејќи дека бил во интензивна врска со неа и дека таа почнала да врши притисок кога тој сакал да се разделат.
if she is guilty she needs to be locked and registered as a paedophile #FionaViotti pic.twitter.com/Adil26W3A6
— tichaona (@titchdefyne) October 15, 2019
„Најпрво, тој се согласил на сè, но станал жртва кога не било возможно да се разделат. Професорката првично му праќала пораки да се најдат во нејзиниот дом, но дошло до ниво кога му станало доста од сè“, изјавил родител на ученикот и додал дека во тие момент професорката не сакала да го остави на мира, па на крајот отишле кај директорот.
Фиона ја искористила можноста да ги заведе тинејџерите и како тренер на ватерполо тимот на училиштето, а одеднаш во октомври се повлекла, неколку дена пред обвинувањето да излезе во јавност. Приватните детективи ангажирани од училиштето откриле дека таа била насочена кон полнолетни ученици најмалку шест години, пред и по бракот со инвеститорот Пав Виоти (32).
Пронајдени се и нејзините експлицитни снимки кои кружеле низ училиштето и на интернет, но не е откриено кому му ги праќала.
Професорката претходно се занимавала и со манекенство, а нејзини фотографии биле објавени и во „Спорт илустрејтед“.
Нејзиниот дедо бил директор во престижното јужноафриканско, инаку христијанско училиште, додека нејзиниот татко, исто како неа, предавал историја таму.
Според извештаите на локалните медиуми, дисциплинска постапка нема да биде покрената затоа што таа веќе се повлекла, но малку е веројатно дека некогаш ќе може да предава.
Адвокатот на Фиона изјави дека неговата клиентка оди на сесии кај психијатар.
Вештачката интелигенција ги открива тајните и сексуалните фантазии на корисниците
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Бизарно
Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа
Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.
Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.
Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.
Бизарно
(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр
На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.
Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.
Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.
Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.
Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.
Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.
Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.
ALERTE – Des militantes pour le climat jettent de la soupe sur le tableau de La Joconde au musée du Louvre. @CLPRESSFR pic.twitter.com/Aa7gavRRc4
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) January 28, 2024
Бизарно
УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена
Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!
Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.
Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.