Забава
Дневен хороскоп, 18.ноември
Ова е дневниот хороскоп за 18.ноември.
Овен
Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ке споделат незаборавни интимни моменти, а оние овнови кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Уживајте!
Бик
Бидејќи многу сте се се забавувале и сте сватите дека таков стил на живеење не ви одговара, тргнувате во љубовно освојување и смирување. Тоа доста тешко ќе ви оди , и бара доста труд, затоа пак далеку поедноставно е слободните моменти да си ги поминете со некој кој навистина ви е важен. Отворено искажете го тоа и почнете да планирате подобри животни услови. Здравје: просечно.
Близнаци
Функционирате растргани на повеќе страни. Морате да го завршите тоа што сте го започнале бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организациски способности кои денеска ви одат од рака. Денеска можете да реализирате идеални комуникации. Фокусирајте се на тоа. Здравствената состојба ви е чуствителна можни се проблеми со крвниот притисок.
Рак
Денес ќе бидете преокупитрани со планирања, со оглед на состојбата во која се наоѓате. Од многуте планови, воглавно ќе остварите само мал дел и тоа пред се од оние кои се поврзани со емотивниот живот. На работа ве очекуваат многу обврски, за кои изгледа не сте подготвени. Не правете од себе херој ако согледате дека не сте во состојба да ја прифатите одговорноста и да ги реализирате обврските.
Лав
Повеќе внимание ќе му посветите на мотивите кои ве тераат на некои необјасниви работи. Ќе сватите дека некои ваши постапки ги криете во минатото и ако сакате да продолжите понатаму ќе мора да расчиситите со тој дел на животот. Најдете дел од денот и поминете го сосема сами и размислете подлабоко. Здравје: чуствително можни се главоболки или пороблеми со забите.
Девица
Размислувате за раскинување на врската или некој однос кој досега не вродил никаков плод. Не сакате повеќе ништо да трпите, а чуството на спречност е состојба на тивко незадоволство. Конечно сте сватиле од каде дува ветерот, проблемот сте го анализирале, па сега преостанува финалното пресметување. Сигурно ќе успеете-само напред. Во одлична здраствена состојба сте.
Вага
Како по обичај идеалистички сте расположени и со тежнеење кон перфекција запаѓате во разни грешки. Нервниот систем трпи. Тоа е појако од вас, но има лек па побарајте го. Здраствените проблеми делумно се резултат на неадекватно однеусвање во семејството и лошите комуникации. Веднаш преиспитајте ги вашите постапки додека не е доцна.
Скорпија
Ќе комуницирате многу и повеќе ќе се занимавате со некои помали работи, но во финансиска смисла повеќе претставува загуба отколку добивка. Ве советуваме да бидете многу внимателни во работите поврзани со пари, бидејќи денес навистина ве пратат тешкотии. Опасноста за загува ви се зголемува поради вашата невнимателност. Ќе имате доста енергија, па ќе ви користи движење и дружење со луѓе. Сентименталните односи ви нудат многу задоволство.
Стрелец
На работното место чувствувате дека некои работи не се одвиваат сопоред предвидениот план и дека некој од соработниците има намера да ви наштети. Немојте да се плашите стравот е само во вашата фантазија. Потребно е само да се однесувате малку поопуштено и така да ја олесните работата која ви претстои. Покрај тие неповолности, акцентот го ставате на емотивен план, на љубовта, еротиката, додворувањето, забавата и разонодата.
Јарец
Интензитетот на вашите општествени и љубовни активности ќе ви опадне. Ќе бидете склони кон повлекување и размислување за некоја цврста и стабилна љубовна врска во која наоѓате разбирање и длабоки емоции. Ќе ве измачуваат и некои недоверби во врска со вашите способности, а во тоа многу ќе ви помогне личноста која ве сака. Слободните Јарци би можеле да најдат утеха во пријателите.
Водолија
Презафатени сте со работа и обврски од статусна природа. Имагинацијата ви е пзголемена, низ главата постојано ви се мотаат нови идеи. Сето тоа е прекрасно, но сепак постојат работи од кои можете да забегате настарана. Па затоа морате да приклучите и здрави резони. Комбинацијата на фантазија и реалност е тоа кон што треба да тежнеете и што барем денеска ќе ви помогне добро да функционирате. Внимавајте од измами.
Риби
На работното место ќе се најдете во ситуација која за вас ќе изгледа многу комплицирано, но не е така. Затоа немојте однапред да ја одбиете понудата. Вие сепак сте способни да извршите таков вид на работа, а имате и од кого да побарате совет. Премногу ќе бидете емотивни за да донесете важна одлука во вашиот љубовен живот. Оставете некое време да помине, а во меѓувреме посветет му повеќе внимание на вашите стари пријатели. крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

