Забава
Дневен хороскоп
Овен
Комуникацијата денес ви е таква што најдобро за вас ќе биде да не излегувате од дома. Викнете или пишете му на некој кој долго не сте го виделе. Разговарајте со некој во доверба, но не ги обелоденувајте вашите планови. Можете да се позанимавате со вашите финансии, средете ги сметките, направете порационални планови, не позајмувајте и не ги трошете парите по глупости.
Бик
Со интелигентна и брза маневра дел од вашите работни обврски можете да ги префрлите на другите, па работете во таа насока. Работата која ќе ја добиете ќе биде мнгу интересна и ќе успее да ви го врати доброто расположение. Ќе имата и доста контакти со вашите деловни партнери или барем со некој надвор од вашата фирма. Во љубовта навистина ве служи среќата.
Близнаци
Денешниот ден за вас ќе биде релативно добар. Ќе имате добри односи со околината и ќе бидете ефикасни во она што го работите. Вашата позиција е малку нестабилна и ве предупредува на ограничувања, која треба да ја прифатите без многу отпор. Без обзир на сето тоа настојувајте паметно да го искористите овој ден. Во приватниот живот сте задоволни.
Рак
Избегнувајте да влегувате во дуел со луѓе кои размислуваат поинаку од вас, и одбегнувајте стресни ситуации. Околу себе соберете го најтесниот круг на соработници и пријатели, кои ја разбираат вашата сегашна состојба. Сеуште не е време за превземање на покрупни чекори. Многу ќе ви помогнат разговорите со вашиот партнер или пак ако го немате со некој ваш близок пријател. Слободните нека бидат понастрана од несигурни додворувачи.
Лав
Ви се насмевнува среќата. Опуштете се и обидете се да уживате во неа. Под услов дека сте добиле нов извор на приходи, тешко ќе најдете време за разонода и уживање, но само сознанието дека некој го цени вашиот труд и со тоа добро плаќа -многу ќе ви одговара. Сатисфакција има и на емотивен план. Доколку сето тоа не се случува очигледно е дека негде грешите
Девица
Ве очекуваат некои непријатности. Со обзир на тоа дека овие непријатности нема подолго да потрајат ве советуваме да бидете потрпеливи и да ги одложите важните потези како на деловен план така и во приватниот живот. Едноставно причекајте подобри аспекти за да можете да го реализирате тоа што го планирате. Емоционално сте во криза, ќе бидете склони кон љубомора.
Вага
Пристрасно гледате на работите кои го окупираат вашето внимание. Пожелно би било да се посоветувате со некој за да најдете начин за подобро да функционирате. Ќе бидете загрижени поради застој во работата. Не се грижете бидејќи се работи за нормална појава во она што го работите. Некои од вас ќе имаат успеси во нешто многу важно. Денот е прекрасен за забава, занимавање со уметност и уживање во романтика.
Скорпија
Ќе бидете склони кон помалку промислени потези особено ако станува збор за финансиите. Најдобро би било одлуките да не ги донесувате сами, подобро е да се посоветувате со некој ваш близок пријател. Во љубовта работите не се одвиваат онака како што посакувате тоа можеби и помалку ќе ве загрижува, па ќе се обидете да превземете нешто околу тоа, но без некој поголем успех.
Стрелец
Денеска многу тешко ќе се сноѓате во обврските на работното место. Поради брзината или површноста можно е да направите грешки. Односите со колегите се доста проблематични. Недостасува трпеливост. Финасиската ситуација не е за пофалба. Настаните во вашиот дом ќе ја исцрпат вашата енергија. Ќе имате несоница, а стресот ќе предизвика ослабување на имунитетот. Внимавајте од штети во домот.
Јарец
Работниот успех, задоволството, одлични резултати и вредна работа -ваквата состојба е карактеристична за денешниот ден. На негативните реакции од околината намате време да му обрнете внимание бидејќи сте презафатени со најразлижни обврски, не само работни туку и приватни. Размислувате за странство и тоа пат или само некој кој е многу далеку од вас и ви недостасува.
Водолија
Вашата виталност, кога се работи за професионалната страна на личноста, е голема. И покрј некои неуспеси и финансиските проблеми вие ќе верувате и ќе се надевате. Не се лутете на критиките од страна на партнерот, сигурно тоа го прави од љубов и затоа што сака да ви помогни. Дозволете му барем да го каже тоа што го мачи.
Риби
Главните размислување денеска се поврзани со тоа како да го подобрите буџетот. Свесни сте колку се трудите, а резултати нема. Актуелно е додатна работа, но ќе мора и да штедите. Тешко ќе се снаоѓате со парите, а тоа ќе доведе до непријатни последици. Во емотивниот живот сакате, но и ќе ви биде возвратена љубовта. Тоа ќе ве направи среќни.
| почетна |
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ексклузивен заеднички концерт на Тони Цетински и Нина Бадриќ на 28 ноември во Скопје
На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две од најконзистентните и највлијателни музички имиња на регионалната поп-сцена, Тони Цетински и Нина Бадриќ. Настанот кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ е најавен како гала-концепт што ги става во фокус музиката, интерпретацијата и зрелата сценска енергија.
Скопје одамна не бил домаќин на концерт во кој самото присуство на артистите е доволно за да ја носи тежината на вечерта.
Тони Цетински важи за еден од најмоќните машки вокали во регионот, интерпретатор чија способност да ја трансформира баладата во масовна емоција стана негов заштитен знак. Неговата кариера е обележана со хитови што повеќе генерации ги препознаваат како дел од сопствените животни приказни, што на неговите концерти создава уникатна синергија меѓу сцената и публиката.
Нина Бадриќ, пак, претставува пример за уметничка зрелост, достоинство и стил. Нејзиниот препознатлив глас и репертоар исполнет со хитови што траат со години ја позиционираа како една од највлијателните и најпочитувани авторки во регионот.
Скопје ќе има ретка можност да сведочи на спојот на овие два силни музички универзуми. Две различни сценски енергии, два автентични уметнички идентитети, обединети во една концептуална вечер со јасна порака – љубовта како универзален јазик.
Заедничкиот концерт во Скопје ќе понуди програмски балансирана вечер во која ќе бидат изведени најзначајните песни од нивните кариери, во формат што дозволува и самостојни настапи и креативен преплет на двата сценски изрази. Организаторот најавува продукција со современа сценографија и техничка поставеност, во согласност со стандардите на големи регионални концертни проекти.
Забава
Научете да избегнувате грешки: по тренинг во теретана, еден дел од телото е 10 пати повалкан од школката во тоалетот
Нова студија покажа дека бактериите можат да се кријат под вашите нокти долго откако ќе завршите со тренингот, поради што треба да бидете внимателни.
Брисеви од нокти од четири лица кои вежбале еден час покажале нивоа на бактерии до 10 пати повалкани од просечната школка за тоалет, според студијата на Stake Labs. Резултатите откриле мноштво бактерии, вклучувајќи стафилококи, ентерококи, бацили и E. coli, кои можат да предизвикаат инфекции на кожата, осип и други проблеми, објавува „Њујорк Пост“
Ова е затоа што ја делите истата опрема и испотените подлоги како стотици други посетители на теретана. Дури и ако вашите нокти изгледаат чисти по тренингот, тие сепак може да содржат повеќе од 15.000 бактерии. Сепак, постојат начини да се спречат овие проблеми.
Алатите и другата опрема треба да се дезинфицираат пред и по употреба. Откако ќе ја исчистите опремата, почекајте околу две минути средството за чистење да ги убие бактериите.
Не бришете пот од лицето или очите за време на тренингот. На тој начин, побрзо ќе ширите бактерии. Имајте на ум дека споделувањето крпи, ракавици или шишиња со вода е исто така начин за ширење бактерии, затоа избегнувајте го тоа.
Не се препорачува да имате долги нокти. Редовното потстрижување на ноктите и кутикулите ќе помогне да се спречи растот и ширењето на бактериите. Друг клучен совет за убивање на бактерии е темелно миење на рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди веднаш по тренингот.
Забава
(Видео) Се враќа еден моден хит: виралниот детаљ ќе го освежи секој ваш изглед
Меѓу трендовите што ќе ја одбележат 2026 година се марамините, или шаловите околу вратот, кои станаа неопходен приказ на улиците на светските модни престолнини.
На овој класичен моден додаток сега му е даден сосема нов, урбан и софистициран израз и може да се носи во речиси секоја комбинација. Без разлика дали се цврсто завиткани околу вратот или лежерно фрлени преку рамо, марамините се совршен завршен допир на секоја облека.
@hannah_allenn_ Hi happy Friday! I’ll be in this bandana until further notice @KUJTEN #kujten ♬ Can't Seem to Make You Mine – The Seeds
Само изберете едноставни парчиња како фармерки и бела маица и додадете палто или јакна, заедно со овој мал, но впечатлив шал, и ќе изгледате исклучително шик без премногу напор.
Посебно внимание привлекуваат шарените марами на парискиот бренд Kuyten, кои станаа вирални благодарение на TikTok. Нивните интересни дезени совршено се вклопуваат со минималистички комбинации, но подеднакво добро функционираат и во еклектични стилови.
@justyne.valero 🧣✨ Small Bandana · Dark Khaki ✨🧣💫 A small bandana, twice as fashionable!#ootd #shopnow #beautiful #beautifulgirl #young #shopping #Fanshion #vacation #now #timtokmademebuyit #autumn #winter #wedding #outfit #Bandana #scarf ♬ 原聲 – Justyne Valero
Сепак, банданите не се резервирани само за ентузијасти за висока мода. Постојат бројни прифатливи опции што им овозможуваат на секоја дама да го вклучи овој тренд во својот гардеробер.
Од класични еднобојни стилови до марами со принт, банданите се додаток што може да го освежи секој аутфит.
Покрај тоа што се практични и естетски пријатни, банданите се и неверојатно разновидни. Ова мало парче ткаенина може да го трансформира наједноставниот аутфит во впечатливо модно издание.

