Забава
Дневен хороскоп, 2.декември
Овен
Можете лесно да го промените вашето однесување или стил на работа. Обидете се да ги фасинирате соработниците. Резултатите од работата едвај ќе бидат подобри, но дефинитивно ќе ги импресионирате сите и ќе ја зајакнете соработката.
Бик
Ќе се соочите со обврски со кои досега не сте се сретнале, што ќе ве натера да размислите дали сте подготвени за нови предизвици и промени. Подгответе се на помали задоцнувања или застои во сообраќајот. На работен план некој ќе сака да ви ја украде вашата самостојност со тоа што ќе морате да се борите да ја задржите вашата положба.
Близнаци
Ќе бидете многу трпеливи истрајни (што е чудно). Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со обзир на тоа дека ги сакате парите. Можни се некои психосоматски проблеми поврзани со енормно конзумирање на храна, но и додатни вознемирувања внатре во семејството.
Рак
Чуствувате негативна енргија во вас. Постојат начини со кои ќе се ослободите на пример: спорт, внесување во работата или пак целосно предавање на љубовта. Семејните средби ќе ви ги вратат детските сеќавања што биле длабоко закопани. Не се срамете да побарате помош од најблиските за овие проблеми.
Лав
Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Необавезните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа денов е погоден и за откривање на идеи кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив
Девица
Чуствувате силна потреба за сензација и во однос на тоа правите се и сешто за да ја шокирате средината. Кога ќе ја постигните целта и со сите се искарате ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесуваат вашите жртви. Внимавајте многу бидејќи по брза постапка можете да бидете елиминрани од нивно друштво.
Вага
Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинаската љубов. Здраствената состојба е чуствителан намалете со храната.
Скоприја
Потребно е да вложувате повеќе труд и одговорност на професионално поле, во спротивно може некој друг да го заземе вашето место. Направете некој баланс помеѓу пријателите и партнерот, бидејќи толку многу поминато време со партнерот брзо прераснува во монотонија
Стрелец
Ќе бидете доста активни во работата, па кон крајот на денот ќе почуствувате голема истоштеност. Особено заморно ќе се чуствувате на работни состаноци или при поголеми собири. Односите со претпоставените се проблематични. Внимавајте како се однесувате. Ако сте слободни денов ви носи интересно искуство. Една личност која упорно ја сваќате за пријател од вас очекува нешто друго.
Јарец
Ќе зависите од помошта и реакциите на околината и ќе предизвикате внимание кај другите, но со мала несигурност. Соберете се, внимавајте и имајте доверба во себе. Во љубовта среќен ден исполнет со меѓусебно разбирање со партнерот, кое позитивно ќе ве исполни и ќе ве направи да се чуствувате пресреќно. Слободните претставници ќе имаат успех во додворувањата.
Водолија
Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува. Бидете потолерантни со саканата личност. Ве советуваме добро да размислите пред да излезете и да се запознаете со една личност. Здраствената состојба ви е стабилна.
Риби
Денешниот ден ќе го поминете во голема напнатост, а тоа значи дека ќе имате одредени проблеми со луѓето. Ако сте во брак или долга врска, постои опасност да почуствувате монотонија во заедничкиот живот, па излез можете да побарате во работата и излегување со пријателите. Вашиот партнер ќе почуствува дека го избегнувате неговото друштво, а тоа многу ќе го повреди. Бидете тактични. крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) За „Југославија“ пишуваат и германските медиуми – песната за која деновиве се зборува
„Дојче Веле“ го пренесува пишувањето на германските медиуми за политичките несогласувања што го следат Евросонг. Весникот „Франкфуртер Рундшау“ прашува дали нови расправии би можеле да избијат поради песната „Југославија“, која би можела да ја претставува Србија на натпреварувањето во Виена.
Ситуацијата околу песната „Југославија“ на овогодишниот избор за Евросонг предизвика бурни реакции на Балканот, пишува „Дојче Веле“. Станува збор за песна која уште во најавата на натпреварот отвори расправи и ја подели јавноста поради самата референца на поранешната државна заедница – Југославија.
Во Србија на социјалните мрежи и во коментарите се појавија бројни критики и реакции, бидејќи некои сметаат дека поимот „Југославија“ има политичко значење што не е соодветно за музички натпреварувачки формат како Евросонг.
Пејачката која ја изведува песната, Зејна, позната и како кума на белградската Парада на гордоста, им одговори на своите поддржувачи дека пораката на песната носи универзална порака за единство, мир и љубов и дека насловот не значи враќање на историски политички концепти, туку симболизира надеж и заедништво меѓу луѓето без оглед на нивните национални или етнички разлики, пренесе „Н1“.
Поради оваа песна, на почетокот на месецот на мрежата „Икс“ се огласи профилот „Евровизија Косово“, обвинувајќи ја Србија дека „не може да ја одвои политиката од Евровизија“. Се тврди дека песната ја „глорифицира“ Југославија и дека Европската радиодифузна унија нема да ја прифати доколку Белград ја испрати на натпреварувањето. „Франкфуртер Рундшау“ потсетува дека Косово не е членка на Европската радиодифузна унија и дека не е јасно кој стои зад овој профил. Сепак, пораката предизвика внимание во Србија и во другите поранешни југословенски републики.
Весникот потсетувадека Југославија постоела како кралство и како социјалистичка федерација, која се распаднала во крвавата војна, а на крајот станала унија на Србија и Црна Гора.
„Во оценката на Југославија до ден-денес се разликуваат мислењата во сите седум држави наследнички“, пишува авторот во текстот. Како што се наведува, критичарите му замеруваат на раководството на поранешна Југославија авторитарност и потчинување на народите. „Некои постари луѓе, пак, се потсетуваат на релативно безгрижен заеднички живот во мултиетничка земја без граници“, пишува германскиот весник.
Песната „Југославија“ може да биде предмет на проверка од страна на Европската радиодифузна унија само доколку навистина биде избрана за финалното натпреварување.
Критиките од Косово, наведува Дојче Веле, значително ги зголемиле нејзините шанси – „Југославија“ има најмногу прегледи на Јутјуб од сите кандидати.
За некои критичари, споменувањето на името Југославија во контекст на Евросонг буди сеќавања на минатите политички и воени конфликти на Балканот, додека други сметаат дека песната може да има поширока симболична порака што ги надминува политичките контексти.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.

