Забава
Дневен хороскоп
Дневен хороскоп за 15.ноември 2015 година.
Овен
Ќе бидете многу трпеливи истрајни (што е чудно). Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со обзир на тоа дека ги сакате парите. Можни се некои психосоматски проблеми поврзани со енормно конзумирање на храна, но и додатни вознемирувања внатре во семејството.
Бик
Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Необавезните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа денов е погоден и за откривање на идеи кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив
Близнаци
Вашите љубовни интерси ќе се движат во работниот круг. Можна е симпатија во вашата канцеларија или познанство со интересна личност благодарение на вашите колеги. Оние што бракот го доживуваат како обврска ладно ќе ги извршуваат должностите. Можно е да ви замери партнерот, бидејќи за него немате доволно време. Здравје: просечно внимавајте во сообраќајот.
Рак
Ќе бидете во позитивен тренд. Симпатиите на околината се на ваша страна што во моментот за вас е многу важно. Ве очекуваат пдредизивици во врска со вашата професија. Финансиската ситуација нема да ве вознемирува дури можни се и некои неочекувани добивки преку партнерот како и некој ситен подарок кој многу ќе ве израдува. Страста и љубомората ќе ви бидат нагласени, бидете внимателни.
Лав
Ќе зависите од помошта и реакциите на околината и ќе предизвикате внимание кај другите, но со мала несигурност. Соберете се, внимавајте и имајте доверба во себе. Во љубовта среќен ден исполнет со меѓусебно разбирање со партнерот, кое позитивно ќе ве исполни и ќе ве направи да се чуствувате пресреќно. Слободните претставници ќе имаат успех во додворувањата.
Девица
Пред вас се многу поволни работни активности ова особено се однесува за оние припадници на овој знак кои се занимаваат со пишување и креативни работи. Во љубовта чудно се однеусвате бидејќи живеете во некој свет на фантазии и идеали. Кога ќе видите дека личноста покрај вас е со повеќе мани одколку што сте претпоставувале малку ќе бидете разочарани. Што побрзо тоа подобро.
Вага
Ќе бидете доста спори, но воглавно ќе успеете да завршите се она што мислите дека е неопходно. Ќе работите со полно физичко ангажирање. Слободното време најповеќе ќе го користите за интелектуално напредување како и за излегување со вашите пријатели. Вагите кои се во брак со својот супруг-га ќе си поминат убави моменти.
Скорпија
Чуствувате силна потреба за сензација и во однос на тоа правите се и сешто за да ја шокирате средината. Кога ќе ја постигните целта и со сите се искарате ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесуваат вашите жртви. Внимавајте многу бидејќи по брза постапка можете да бидете елиминрани од нивно друштво.
Стрелец
Вашето однесување ќе делува врз расоложението на најблиските. Некои од вас ќе обноват, а друг ќе раскинат врска. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакте нешто забрането. Љубовниот партнер ќе ве поттикне на акција. Во секој случај ве очекува среќа.
Јарец
Немојте да се чудите ако луѓето кои сте ги запознале во последно време почнат да ви покажуваат знаци на љубов и пријателство. Самите сте виновни што сте добро друштво и не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почнат и да ви се додворуваат. И едно на што најмногу треба да внимавате е тоа што не треба да се вообразувате.
Водолија
Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите. Можно е некое изненадување од странство.
Риби
Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинаската љубов. Здраствената состојба е чуствителан намалете со храната. крај/мф/нa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

