Забава
Дневен хороскоп
Овен
Не си дозволувајте да се спуштите на некое ниво кое воопшто не ви прилега на вашата природа. Вашето живеење станува се подобро но внимавајте да останете на тоа ниво. Финансиската состојба особено ќе ве израдува. Зголемувањето на ритамот може да биде штетно на вашето здравје. Не претерувајте со вашата љубомора и бидете повнимателни во односот со партнерот.
Бик
Многу убаво ќе се чуствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. Многу ќе ви користи движење и патување. Едноставно не пропуштајте ни една прилика за да се забавувате и да го правите она што ве весели.
Близнаци
Доколку ви биде потребна подршка од страна воопшто нека не ве изненадува нејзиниот недостаток. Ќе морате некои работи сами да ги завршите, да се ангажирате повеќе одколку што сте планирале што може кон крајот на денот да резултира со нервна напнатост. Целата ситауција е доста ризична, но доколку рескирате можеби и нешто ќе добиете во спротивно-ништо.
Рак
Оние Ракови кои се занимаваат со администрација ќе наидат на проблеми со средување на документи. Во сериозните врски ќе успеете да ги расчистите недоразбирањата кои ве измачуваа последните денови. Вашата врска е јасна, цврста и сигурна како и секоја друга врска која се базира на искреноста. Здравје: лесни проблеми со дишните патишта кои можат да бидат од алергиски карактер.
Лав
Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сватите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа. Занимавајте се со уметност бидејќи токму во тоа поле се случуваат работи за кои вие денеска сте подготвени.
Девица
Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главна причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер. Ќе ви недостасува некој на кој ќе му испраќате тајни пораки. Никаде нема да се чуствувате како дома. Финансиската ситуација ви е загрижувачка .
Вага
Можно е денеска да влегувате во конфликти со околината. Ќе морате повеќе да се служите со зборови. Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси. Но љубов нема да ви недостасува. Партнерот ќе ве поттикне на планирање на иднината на вашата врска. Здравје: солидно.
Скоприја
Ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа. Во семејството ситуацијата е доста мирна благодарение на вашето однесување. Старите врски се обновуваат, а кај новите ситуацијата е одлична за почеток.
Стрелец
Ќе имате доволно енергија и елан за да можете да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. На работен план ве очекува експанзија како и подршка од претпоставените, а исто така и со финансиската страна ќе бидете задоволни. Слободните ќе уживаат во дружењето со претствници од спротивниот пол, но и оние во врски нема да заостануваат во тоа.
Водолија
Многу сте сериозни и тоа кон се и сешто. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да одберете потешка варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера. Самите си правите лошо.
Јарец
Ќе бидат ценети вашата стручност, одговорност и педантност. Помалку ќе се повлечете и ќе му препуштите на другите да ги превземат наградите и комплиментите за вашиот труд и залагање, но тука многу ќе згрешите. Одлично ќе се снаоѓате во работата со луѓе и со задоволство ќе давате помош на оние кои ќе ја побараат. Некои деловни вести ќе доцнат, а тоа ќе ве спречи во реализацијата на некоја работа која сте имале намера да започнете.
Риби
Интелектуално сте многу силни и ќе постигнувате добри резултати во учењето, пишувањето, анимирајќи ги другите за нови активности. Силната физичка поврзаност со партнерот ќе ви ја врати страста во вашата врска. Слободните ќе зрачат со нагласена сексипилност. Прифатете ја поканата за ручек, забава бидејќи можете да стретнете привлечна личност. Кратко патување и контакт со луѓе од друга средина ќе ве прават инспиративни и успешни. /крај/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Дејли Меил“ ја смести Хрватска на својата листа на евтини туристички дестинации за 2026 година
Додека 2025 година беше обележана со протести на локалните жители против масовниот туризам низ цела Европа, од Канарските Острови па натаму, 2026 година се чини дека носи сосема поинаков тренд. Наместо да се борат против туристите, многу земји сега активно ги покануваат, особено оние кои бараат попристапни пакети и подобра вредност за парите, пишува „Дејли Меил“.
Низ Европа, Северна Африка и Азија, сè поголем број земји инвестираат во пристапност, поедноставуваат визни режими и започнуваат кампањи насочени кон привлекување патници кои се свесни за буџетот. Бројни дестинации ја докажуваат својата добредојденост со нови авиокомпании, субвенции и политики што го поттикнуваат туризмот, а нивните влади и туристички одбори дизајнираат иницијативи специјално за вакви посетители.
Тунис е на врвот на листата, проширувајќи ги своите буџетски пакети за цела година и подобрувајќи ги воздушните врски. Северноафриканската земја е сè попопуларна поради своите ниски цени и прекрасни пејзажи. Во меѓувреме, Бугарија продолжува да ги промовира Сончев Брег и Варна како најприфатлив европски брег, привлекувајќи сè повеќе туристи.
Меѓу земјите што сакаат да привлечат повеќе гости е Албанија, која значително инвестираше во инфраструктура, нискобуџетни летови и маркетинг за развој на туризам со средна и ниска цена. Шри Ланка ги охрабрува пристигнувањата со воведување бесплатни 30-дневни визи, додека Камбоџа, Грузија, Непал и Виетнам, исто така, ги олеснуваат процедурите за виза, проширувајќи ги своите мрежи на авиокомпании и спроведуваат програми за развој дизајнирани да привлечат посетители.
Истра во Хрватска се позиционира и се пласира како опуштена и гостопримлива алтернатива на скапите туристички центри, со цел да привлече повеќе патници. Египет, исто така, спроведува стратегија за туризам до 2030 година, насочена кон зголемување на бројот на посетители преку прифатливи, масовни одмори.
фото/депозитфотос
Забава
Емили Ратајковски ги налути обожавателите со објава: „Не го почитуваш хиџабот“
Моделот Емили Ратајковски (34) ја прослави победата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, со контроверзна објава на Instagram што ги подели нејзините обожаватели. Видео од нејзиното тверкање во продавница, проследено со фотографија од неа како носи хиџаб во џамија, предизвика лавина од коментари и обвинувања за непочитување.
Во видео посветено на „Њујорк на Мамдани“, Емили танцува во продавница облечена во проѕирно црно здолниште и краток топ со отворен грб. Со тоа, таа го поддржа новиот градоначалник – првиот муслимански лидер на најголемиот град во Америка, една недела откако тој положи заклетва.
На друга фотографија, Ратајковски позираше во бело со шамија за време на посетата на локација што личи на џамијата Шеик Зајед во Абу Даби.
Сето тоа го заокружи со фотографија од нејзиниот четиригодишен син Силвестер Аполо Бер, кого го дели со поранешниот сопруг Себастијан Бер-Меклард (44), направена за време на забава за Ноќта на вештерките.
Реакциите на луѓето беа поделени. Многумина ја нарекоа комбинацијата од провокативно танцување и фотографија од џамија несоодветна. „Емили, ми се допаѓаш, но првите два слајда се непочитувачки“, напиша еден следбеник.
„Те сакам, кралице, но ти едноставно не го почитуваш хиџабот“, додаде друг. „Сè за внимание, а?“, гласеше еден коментар. Сепак, имаше и такви на кои им се допадна објавата. „Чипсот никогаш не изгледал толку добро!“ коментираше некој, осврнувајќи се на грицките што се гледаат во продавницата во видеото.
Ратајковски е позната по своите отворени политички ставови. Во 2016 година, таа водеше кампања за Берни Сандерс, а во 2020 година беше една од многуте познати личности што проговорија за убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата.
Таа и нејзиниот тогашен сопруг Себастијан маршираа низ улиците на Лос Анџелес како дел од движењето „Black Lives Matter“, носејќи знак на кој пишуваше „дефинансирање на полицијата“.
фото/депозитфотос
Забава
Пет хороскопски знаци кои се најпосесивни во љубовта
Љубовта носи силни емоции, а кај некои хороскопски знаци тоа често се претвора во изразена посесивност. Астрологијата наведува пет знаци кои најтешко го делат вниманието на саканата личност.
Шкорпијата е на врвот – сака длабоко и интензивно, а посесивноста произлегува од силен страв од предавство. Љубомората им е тивка, но силна.
Бикот бара стабилност и сигурност, па партнерот го доживува како нешто што мора да се заштити. Не прави сцени, но јасно поставува граници.
Лавот сака да биде центар на вниманието. Љубомората кај него е гласна и драматична, а потребна му е постојана потврда на љубовта.
Ракот е емотивен и чувствителен, со силен страв од напуштање. Посесивноста ја покажува преку повлекување и емоционална несигурност.
Овнот е импулсивен и натпреварувачки настроен. Не трпи ривали и отворено се соочува со секоја закана за врската.
Иако овие знаци се посклони кон посесивност, секоја личност е различна, а клучот за здрава врска секогаш се довербата и отворената комуникација.

