Забава
Дневен хороскоп, 4.декември
Овен
Посветете го вашето време на работните обврски кои се обидувате да ги избегнете. Ако се решите да го сторите тоа, не грижете се, ќе добиете некоја помош или идеја како како побрзо, полесно и позабавно да го сторите тоа.
Бик
Малку ќе ви треба за да го направите тоа што сте решиле. Во почетокот на денот е подобро да го намалите темпото и да не откажувате и застанете пред малите пречки пред вас. Кон крајот на денот ќе имате можност да ги редуцирате вашите обврски и да си го посветите времето на вас.
Близнаци
Не е исклучена можноста денес да се чувствувате отцепени од целиот свет и расположението да ви биде на ниско ниво. Овој проблем ќе го надминете со спиење, и со вашите омилени занимации. Неделата ќе ја завршите во прекрасно расположение со вашите најблиски.
Рак
Доста незавршени обврски ве очекуваат, но водете сметка дека и вашата енергија не е бесконечна. Не мислете на парите кои треба да ги спечалите. Мислете на тоа како паметно да ги потрошите, не трошете на нешта кои ви се непотребни.
Лав
Можете лесно да го промените вашето однесување или стил на работа. Обидете се да ги фасинирате соработниците. Резултатите од работата едвај ќе бидат подобри, но дефинитивно ќе ги импресионирате сите и ќе ја зајакнете соработката.
Девица
Во вас ќе постои енергија која ќе ве води во сите дневни случувања. Искористете ја денешна моќ да завршите некои нешта однапред. Ве очекува некоја новост која многу позитивно ќе влијае на вас. Ќе сакате се да земете во ваши раце, но не правете го тоа, оставете нешто и другите да сработат.
Вага
Денеска ќе се чувствувате малку растревожено поради некое несогласување со партнерот. Потрудете се да гледате на позитивната страна и извлечете го најдоброто од ситуацијата. Престанете да размислувате дека некој сака да ве измами.
Скорпија
Ова би можел да биде напорен ден, ако себеси премногу се оптеретувате со невозможни работи за кои сте сигурни дека немаат перспектива. Ќе добиете повик од повеќе страни во врска со работа и тоа ќе ви ги промени плановите. Би требало да повикате некоја Риба на посериозен разговор.
Стрелец
Потрудете се да си создадете барем една приватна забава, ја заслуживте. Не се нервирајте поради работата, научете тоа незадоволство да го минимизирате и да му се посветите на приватниот живот. Проблеми имаме сите, зошто вие би биле исклучок?
Јарец
Потребно е да вложувате повеќе труд и одговорност на професионално поле, во спротивно може некој друг да го заземе вашето место. Направете некој баланс помеѓу пријателите и партнерот, бидејќи толку многу поминато време со партнерот брзо прераснува во монотонија.
Водолија
Вашиот социјален живот полека опаѓа. Потрудете се да бидете што покомуникативни и пољубезни за да запознаете нови, интересни луѓе. Можно е овој ден да дознаете нешто што воопшто не го очекувате, затоа подгответе се. На љубовно поле нештата се солидни.
Риби
Ситуациите од кои тешко некој може да се извлече без последици, вас ве прават уште посилни и поиздржливи. Ситуацијата полека почнува да се менува и почнуваат да се појавуваат знаци кои ветуваат дека ви претстои стабилизација. крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

