Забава
Дневен хороскоп, 6.декември

Овен
Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинаската љубов. Здраствената состојба е чуствителан намалете со храната.
Бик
Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите. Можно е некое изненадување од странство.
Близнаци
Немојте да се чудите ако луѓето кои сте ги запознале во последно време почнат да ви покажуваат знаци на љубов и пријателство. Самите сте виновни што сте добро друштво и не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почнат и да ви се додворуваат. И едно на што најмногу треба да внимавате е тоа што не треба да се вообразувате.
Рак
Ќе уживате во излети и најразлични физички активности. Ќе бидете во форма бидејќи на задоволувачки начин ќе ги користите вашите способности, особено оние кои имаат врска со насобраната енергија. Ќе умеете да ги избегните сите препреки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер. Здраствената состојба е доста добра, повеќе внимание би требало да обрнат оние претставници кои имаат некои хронични заболувања.
Лав
Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа, бидејќи важните проблеми не ќе можете да ги решите сами. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер сте се свртиле еден од друг. Здраствената состојба ви е одлична, но сепак бидете внимателни
Девица
Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечите најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас особено оние слободите ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол, но нема да ви треба многу време за да можете јасно и прецизно да ги изразите вашите намери и идеи.
Вага
Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу Лавови поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но сеуште е рано да правите сметки. Емоционланиот живот ви носи нови изненадувања особено за претставниците од втората декада.
Скорпија
Работите ви се одвиваат во добра насока. Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и воља да превземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поабициозните работите поврзани со пари ќе имате успех. Во љубовта состојбата стабилна, но не многу инспиративна. Слободните претставници разочарани од моменталната состојба.
Стрелец
Никако да попушите. Многу сте амбициозни особено во момент кога сите планираат или заминуваат на годишен одмор. Во се барате некој вид на статусен симбол, бидејќи премног ви е важно она со што се занимавате да има адекватно признание. Добро би било да можете малку да се препуштите на животните радости и да се одморите. Можна е сериозна врска.
Јарец
Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Необавезните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа денов е погоден и за откривање на идеи кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив
Водолија
Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни што правите и каде ги вложувате. Во семејството ве очекува пријатна домашна атмосферара каде целосно ќе се опуштите.
Риби
Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротиното од она што вие сте го замислите. Тоа е само последица на непотребна љубомора која може се да расипе. Бидете потолерантни. Здравјето добро ве служи.крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Актерот Мел Гибсон престојува во српски манастир на Света Гора

Еден од најпознатите холивудски актери, Мел Гибсон, помина неколку дена во српскиот манастир на Света Гора – „Хиландар“.
Веста дека холивудската ѕвезда, актер, режисер и продуцент Мел Гибсон го поминува Видовден во „Хиландар“ изненади многумина.
И додека некои се воодушевени што светски позната личност ја посетила Света Гора, други со сомнеж коментираа за фактот дека „човек од голема доверба на Трамп“ престојува во светата српска царска лавра – „Хиландар“. По почетниот шок и првите снимки, се појави нова, која исто така ги запали социјалните медиуми.
Како што може да се види, Гибсон беше благословен со света вода од православен монах. Актерот ја испи осветената вода од бунарот, а потоа се прекрсти и се изми.
View this post on Instagram
„Познатиот актер, режисер и продуцент Мел Гибсон ја посети Света Гора. На фотографијата е опкружен со братството на српскиот свет манастир ‘Хиландар’. За својот престој на манастирската Света Гора тој изјави: ‘Никогаш не сум го почувствувал присуството и врската со Бога толку силно како тука’“, се наведува во описот на видеото, кое се појави на инстаграм-профилот наречен Eutimiosmertzanis, каде што главното мото е „Да се биде во право не е тешко, да се биде автентичен, верувајте ми, е реткост“.
Коментарите веднаш почнаа – првин на грчки, потоа на англиски и на српски.
„Мел Гибсон, стани православен христијанин! Нека бидеш и ти во царството Божјо кога ќе те повика во задгробниот живот! Крсти се тука на Света Гора! Сега!“, „Стани православен, Мел, го заслужуваш тоа!!!“, напишаа Грците.
„Тој треба да оди некаде на друго место да бара инспирација за да не ни донесе некоја беда“, напиша некој на српски, а други додадоа:
„Твоите браќа во Христа“, „Човекот е крстен, сѐ најдобро“, „Мел Гибсон е Србин“, „Неодамна, по пристигнувањето во ‘Хиландар’, Гибсон рече дека никогаш не го почувствувал Бога поблиску никаде отколку тука во ‘Хиландар’, секогаш му се восхитував, а сега тој порасна уште повеќе во моите очи како човечко суштество, да живее Мел“.
„Нека го благослови Бог. Многу е благословен, слушнав пред некое време дека изградил црква во својата вила… Овој човек го бара Бога уште од младоста, славата не го променила… Уште еднаш нека Ве благослови Бог, господине Гибсон“, напиша еден обожавател на англиски.
CHECK THIS OUT: Mel Gibson at Mount Athos posing with a Serbian Orthodox monk.
On the right you can see a portrait of a legendary Serbian anti-fascist and anti-communist General Draža Mihailović. pic.twitter.com/grd1pRocVF
— Global Dissident (@GlobalDiss) June 28, 2025
За потсетување, Гибсон пристигна во „Хиландар“ во петокот. Тој го помина Видовден со братството на манастирот, имаше празнична трпеза и учествуваше во целоноќното бдение.
Во меѓувреме, се дозна дека Гибсон го посетил „Хиландар“ за молитва и духовна инспирација пред снимањето на филмот „Воскресение“, кој ќе почне со снимање во септември.
Забава
Кошмарот на секоја русокоса: спасете се од зелена коса по базенот

Дали вашата коса е осветлена, но не на тој гламурозен летен начин? Ако сте забележале дека вашите прамени добиваат зеленикава нијанса по пливањето во базенот, не сте сами.
Овој феномен е чест кај посветлата коса и е резултат на реакција помеѓу металите во водата, најчесто бакарот, и хемикалиите за дезинфекција.
Добрата вест е дека постојат домашни третмани кои можат да помогнат во отстранувањето на несаканиот пигмент, без драстични мерки и шишање.
Како всушност се појавува зелената коса?
Зеленикавата нијанса не е директен резултат на хлорот, туку на оксидираниот бакар што се наоѓа во водата, кој, под влијание на хлорот, полесно се врзува за површината на косата.
Кога косата ја апсорбира оваа комбинација, особено ако е во посветла нијанса, резултатот е зелена боја.
Кутикулата на косата, која често е отворена поради оштетување, дополнително придонесува за продирање на металот и пигментација.
Првата линија на одбрана е брзо миење по напуштањето на базенот
Наједноставниот, а честопати и најзаборавен, чекор е да ја измиете косата со благ шампон веднаш по излегувањето од базенот. Ова ќе помогне да се измие хлорираната вода пред металните честички да имаат можност да се залепат за вашата коса.
Дури и ако немате шампон при рака, доволно е само да ја исплакнете косата со обична вода – секој контакт со чиста вода е подобар од никаков.
Кечап како природен регенератор
Можеби звучи чудно, но кечапот или доматен сос можат да дејствуваат како благ тоник. Неговата киселост ја неутрализира зелената нијанса, додека витаминот Ц и водата во овошјето помагаат во хидратацијата и затворањето на кутикулата.
Можете исто така да користите свежи, пасирани домати, измешани со сок од лимон, и да ги нанесете на влажна коса веднаш по капењето.
Оставете да делува 15 минути, а потоа измијте со благ шампон. Бидете внимателни со облеката, бидејќи доматите можат да остават дамки, па затоа е препорачливо косата да ја завиткате во фолија или крпа за време на третманот.
Сода бикарбона
Содата бикарбона е ефикасен, но абразивен сојузник. Измешајте ја со вода за да формирате густа паста и нанесете ја на влажна коса, фокусирајќи се на зелените делови.
Оставете ја околу 10 минути, а потоа исплакнете темелно. Содата бикарбона е ефикасна во отстранувањето на наслагите од површината на косата, но може дополнително да ја исуши косата ако се користи премногу често.
Се препорачува да користите негувачки регенератор по третманот.
Забава
Брзата диета со јогурт прави чуда за телото

Оваа диета е идеална за сите љубители на млечни производи, а разновидно мени ќе ви олесни да направите драстична промена во вашата исхрана.
Едноставна, здрава и добра за варење, диетата со јогурт се препорачува за сите освен за оние кои се алергични на млечни производи.
Диетата трае 7 дена, а можете да изгубите до 4 килограми. Ако сте љубител на јогурт, дефинитивно ќе ви се допадне оваа диета.
При купувањето, изберете јогурт со помала содржина на маснотии (од 0,5 до 1,6%), никогаш овошен јогурт со додаден шеќер или шлаг. Оваа диета ќе ве освежи, ќе ве олесни и ќе го исчисти вашето тело од штетни токсини (благодарение на лековитите ефекти на јогуртот).
Мени
Секој ден е ист појадокот, утринската и попладневната ужина.
Појадок: 150 до 200 мл јогурт (една чаша) со додаток на житарки (1 лажица снегулки)
Утринска ужина: 200 мл јогурт, овошје по ваш избор (јаболко или круша или 3 сливи или неколку цреши)
Попладневна ужина: јогурт (чаша, 150–200 мл)
Ручекот и вечерата се различни секој ден.
Ден 1
Ручек: Варени или лесно пржени и зачинети компири, 100 грама стек (од говедско или лесно свинско месо), варена брокула прелиена со две лажички обичен јогурт
Вечера: Компири и брокула прелиени со обичен јогурт, како за ручек, но без стек, 1 чаша јогурт
Ден 2
Ручек: Мешана салата со 100 грама туна. Прелијте ја салатата со јогурт, оцет и сол.
Вечера: Чинија крем супа, 1 чаша јогурт
Ден 3
Ручек: Овошна салата, прелиена со јогурт. Засладете со вештачки засладувач по желба.
Вечера: Банана, прелиена со јогурт, 2 топчиња слатка павлака
Ден 4
Ручек: Спанаќ (сос од спанаќ), пире од компири зачинето со путер, 100 г пилешки стек по желба
Вечера: Спанаќ, компири (половина од количината за ручек), 1 чаша јогурт
Ден 5
Ручек: мало парче пица со моцарела, чаша лимонада, 1 јогурт
Вечера: 1 печиво со мак, 1 чаша јогурт
Ден 6
Ручек: рижото со пиперки, зелена салата, 1 чаша јогурт
Вечера: половина од рижото и салатата од ручекот, 1 чаша јогурт
За седмиот ден едноставно ротирајте ги оброците од претходните денови.