Забава
Дознајте ги седумте нешта што не сте ги знаеле за Breaking Bad
Сигурни сме дека љубителите на серијата „Лоши навики” (Breaking Bad) својата омилена серија ја знаат во душата и дека малку работи што ги кажал или ги сторил Хајзенберг можат да ги изненадат. Сепак, дали знаевте колку луѓе се убиени во петте сезони на Лоши навики? Кој актер во вистинскиот живот има докторат по хемија? Чие актерство најмногу ги воодушевила продуцентите? Дознајте седум факти за Лоши навики кои ќе фрлат нова светлина врз вашата омилена серија, која можете да ја погледнете и на регионалната интернет телевизија Pickbox.
Нереално многу смртВо текот на петте сезони од серијата, на овој или на оној начин, сведочевме за вкупно 271 смртен случај. Првиот што умре беше Емилио Којама, кого Џеси и Волт буквално го растворија во киселина во кадата на Џеси и тоа е само едно од низата гангстерски убиства.
Џеси Пинкман бил човек за една сезонаВинс Гилиган и остатокот од продуцентската екипа планирале веќе кон крајот на првата сезона да се ослободат од Џеси Пинкман, но биле толку воодушевени од неговата актерска изведба што одлучиле да го задржат до крајот на серијата.
Лоши навики е побрутална серија од Игра на тронови?По одгледаната петта сезона од серијата, Џорџ Р. Р. Мартин, создавачот на Игра на тронови и виновникот за смртта на сите наши омилени ликови, изјавил дека Волтер Вајт е поголем монструм од кој било лик од Игра на тронови и дека во следната книга дефинитивно ќе мора да стори нешто по тоа прашање.
Туко Саламанка одушевиДа, актерот Рејмонд Круз претходно не ја добил една од главните улоги во серијата The Closer, а продуцентите имале намера да го задржат мексиканскиот гангстер Туко Саламанка во целата втора сезона затоа што биле воодушевени од неговото актерство. Иако Туко на екраните секогаш изгледа опасно, за актерот Рејмонд Круз сите велат дека е душа од човек.
Густаво Фринг е создаден да ви втера страв во коскитеОткако останаа без Туко, продуцентите смислија лик кој ќе биде негова целосна спротивност и кој ќе биде страшен на еден поинаков начин. Густаво Фринг, и покрај својата лежена појава, знаеше дури и на најопасните криминалци да им втера страв во коските.
Волтер не е единствениот генијалец за хемијаБогдан, шефот на Волтер од сервисот за миење автомобили, кој е препознатлив по своите големи веѓи и по словенскиот акцент, во вистинскиот живот е генијалец за хемија. Актерот Мариус Стан, кој емигрирал од Романија во САД и кому ова му била прва улога во животот, има докторат по хемија.
Законот за молчење во Лоши навикиКога се снимала епизодата во која еден од главните актери умира, целата актерска екипа тој ден носела црни ленти за да се збогува од него. Убиениот актер (што исто така го гледавме во сестринската серија Подобро јавете му се на Сол), изјавил дека неговата смрт на екранот била толку таинствена што не смеел да ја обелодени ни на семејството ни на пријателите./крај/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

