Забава
Двајца тешко повредени на трката со бикови во Памплона
Двајца мажи тешко се повредени во средата во традиционалната трка со бикови во шпанскиот град Памплона, соопшти локалната градска болница.
На Американец од Чикаго, на 32-годишна возраст, бик му го пробил бутниот мускул, а на друг маж чијашто националност не е објавена, му било пробиен градниот кош. Тој е доведен во болницата во полусвесна состојба. Уште три мажи биле полесно повредени во средата, на третиот ден од прочуената трка со биковите во рамките на Фестивалот на свети Фермин кој трае цела седмица. Популарната традиционална манифестација Сан Фермин Фестивал се состои од три дела, а трае од 6-ти до 14-ти јули. Почетоците на манифестацијата се во средниот век, кога ги обединувала верското празнување во чест на свет Фермин, заштитникот на шпанскат апокраина Навара, традицијата на трговските саеми и коридата. Првиот дел од фестивалот има религиозен карактер и е во чест на светецот Фермин кога по улиците на Памплона минува процесија. Вториот дел е комерцијален со елементи на танц, театар и музика, а третиот е оној кој привлекува илјадници туристи секоја година, а многубројни телевизиски екипи доаѓаат во Памплона. Односно, секое утро точно во осум часот по тесните улици на градот се пуштаат разјарени бикови пред кои Шпанците но од година в година и сé повеќе туристи зависни од адреналин и опасност трчаат бегајќи пред нивните рогови и копита.Последниот ден од манифестацијата во Памплона се одржува последното „енсеро“, во кое учествуваат шест разгневени бикови подготвени за коридата што следува потоа и стотици луѓе кои бегаат пред нив до арената. За „енсеро“ организаторите обично избираат силни бикови, кои мора да ја минат специјално одредената патека и да дојдат до арената каде што во вечерните часови се одржуваат традиционалните борби со бикови. Вообичаено, трките траат помалку од три минути.Заедничкото трчање на биковите и луѓето често завршуваат со повреда, потешки ранувања па дури и смртни случаи. Биковите ги газат бавните „спортисти“ при што можат да ги задушат а се случуваат и тешки повреди нанесени со роговите на животните. Во 1924 година, за време на „енсерото“ во Памплона, загинаа 15 лица, додека последниот фатален случај беше забележан во 2009 година.„Енсерото“ и „коридата“ (борбата со бикови) се традиција која не се одржува само во Памплона, туку и во повеќето градови од Шпанија за време на локалните прослави. Но Памплона ја доби светската слава, најмногу благодарение на Ернест Хемингвеј, кој за неа пишуваше со одушевување во неговиот познат роман „Фиеста“ („И сонцето изгрева“).Локалните медиуми објавија дека во една од трките во годинешнава серија од „енсеро“ зема учество и правнукот на славниот писател, 50-годишниот Џон Хемингвеј.Шпанската национална телевизија (TVE1) секој ден во живо врши преноси од памплонското „енсеро“ како и од борбите со бикови, проследени со коментар од страна на експерти и поранешни учесници.Празнувањето вклучува, покрај традиционалните „енсеро“ и „корида“ и многу други настани – концерти, натпревари, детски матинеа, улични атракции и голем огномет. Баровите и рестораните се отвори деноноќно и за овие девет празнични денови остваруваат колку речиси и целиот годишен приход./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

