Забава
Еден загинат, двајца повредени во трката со бикови
Еден Шпанец загина, а двајца други мажи од кои еден е Јапонец, се прободени во најпознатата традиционална трка со бикови во саботата, на третиот ден од празникот Сан Фермин.
Како што пренесуваат шпанските медиуми повикувајќи се на гувернерот на регионалната влада на Аликанте, загинат е 28-годишник откако бикот го прободел во градите и срцето во текот на трката во селото Педрегер, во близна на Валенсија. Бикот го дофатил додека се обидувал да му помогне на друг учесник во оваа опасна традиционална трка во којашто ланската година, исто така, загина еден 44-годишен маж од Франција.
Низ Шпанија од 6-ти до 14-ти јули се одржуваат празнувања на фестивалот Сан Фермин, на коишто главен настан и атракција е трката со биковите, од кои најпозната е онаа во Памплона.
Во Педрегер ова празнување се нарекува Bous al career/Bous de Pedreguer или Бикови на улиците. Организаторите ги пуштаат животните да трчаат по тесните улички во старите делови на шпанските градови, кои се пренатрупани со луѓе за кои тоа претставува забава, но неретко завршуваат со тешки потврди, па и со смртни случаи.
Популарната традиционална манифестација Сан Фермин Фестивал се состои од три дела, а трае од 6-ти до 14-ти јули. Почетоците на манифестацијата се во средниот век, кога ги обединувала верското празнување во чест на свет Фермин, заштитникот на шпанската покраина Навара, традицијата на трговските саеми и коридата.
Првиот дел од фестивалот има религиозен карактер и е во чест на светецот Фермин кога по улиците на Памплона минува процесија. Вториот дел е комерцијален со елементи на танц, театар и музика, а третиот е оној кој привлекува илјадници туристи секоја година, а многубројни телевизиски екипи доаѓаат во Памплона. Односно, секое утро точно во осум часот по тесните улици на градот се пуштаат разјарени бикови пред кои Шпанците но од година в година и сé повеќе туристи зависни од адреналин и опасност трчаат бегајќи пред нивните рогови и копита.
Последниот ден од манифестацијата во Памплона се одржува последното „енсеро“, во кое учествуваат шест разгневени бикови подготвени за коридата што следува потоа и стотици луѓе кои бегаат пред нив до арената. За „енсеро“ организаторите обично избираат силни бикови, кои мора да ја минат специјално одредената патека и да дојдат до арената каде што во вечерните часови се одржуваат традиционалните борби со бикови. Вообичаено, трките траат помалку од три минути.
Заедничкото трчање на биковите и луѓето често завршуваат со повреда, потешки ранувања па дури и смртни случаи. Биковите ги газат бавните „спортисти“ при што можат да ги задушат а се случуваат и тешки повреди нанесени со роговите на животните. Во 1924 година, за време на „енсерото“ во Памплона, загинаа 15 лица, додека последниот фатален случај беше забележан во 2009 година.
„Енсерото“ и „коридата“ (борбата со бикови) се традиција која не се одржува само во Памплона, туку и во повеќето градови од Шпанија за време на локалните прослави. Но Памплона ја доби светската слава, најмногу благодарение на Ернест Хемингвеј, кој за неа пишуваше со одушевување во неговиот познат роман „Фиеста“ („И сонцето изгрева“).
Локалните медиуми објавија дека во една од трките во годинешнава серија од „енсеро“ зема учество и правнукот на славниот писател, 50-годишниот Џон Хемингвеј.
Шпанската национална телевизија (TVE1) секој ден во живо врши преноси од памплонското „енсеро“ како и од борбите со бикови, проследени со коментар од страна на експерти и поранешни учесници.
Празнувањето вклучува, покрај традиционалните „енсеро“ и „корида“ и многу други настани – концерти, натпревари, детски матинеа, улични атракции и голем огномет. Баровите и рестораните се отвори деноноќно и за овие девет празнични денови остваруваат колку речиси и целиот годишен приход./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

